НАСА успешно ја тестира најмоќната ракета на светот (ВИДЕО) - Канал 5

НАСА успешно ја тестира најмоќната ракета на светот (ВИДЕО)

НАСА успешно го тестира главниот мотор на најмоќната ракета на светот - Систем за лансирање во вселената (СЛС).

НАСА успешно ја тестира најмоќната ракета на светот (ВИДЕО)

Моторите работеле повеќе од осум минути за да го симулираат времето што е потребно за ракетата да стигне до вселената од површината на Земјата. СЛС би требало да превезува луѓе на површината на Месечината, за прв пат од 1972 година.

Експертите го тестирале главниот мотор на ракетата. SLS се состои од јадро со четири моќни RS-25 мотори и два придвижувачи. Пред да започне тестирањето, инженерите го наполниле главниот мотор со повеќе од 2,6 милиони литри гориво кое се состои од течен водород и течен кислород, пишува Би-Би-Си.

YouTube video

Моторите тестирани вчера се дел од 21 успешно полетување на шатлови. Два биле користени во последната мисија СТС-135 во 2011 година, а третиот во мисијата во 1998 година кога е лансирана најстарата личност во вселената - американскиот сенатор и астронаут Џон Глен, кој во тоа време имал 77 години, а четвртиот за време на лансирањето на вселенскиот телескоп Хабл.

Моторите биле поправени по тие мисии. По првото полетување на СЛС подоцна оваа година, НАСА ќе ги отфрли и повеќе нема да се користат.

SLS припаѓа на мисијата Артемис-1, чија цел е да ја посети Месечината и другите планети во нашиот Сончев систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУ: Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект

Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект – евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз .

ЦУ: Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти.

„Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни објекти кои биле внесени со привремен увоз, што укажува дека контролите даваат ефект“, вели управникот на Царинарница Битола, Ѓоко Трпоски.

Целта на царинските контроли е проверка на царинскиот статус на пловните објекти кои се внесени во државата, особено на пловилата регулирани со привремен увоз кои согласно царинските прописи можат да се употребуваат во државата, согласно законски утврдениот рок, по што доколку не извршат повторен извоз и не ја напуштат државата треба да го регулираат правниот статус и пловилото увозно да го оцаринат.

Началникот на Одделението за оперативни работи, Душан Размовски, потенцира дека мобилните тимови ќе продолжат со зајакнати контроли, при што секое непочитување на законските одредби ќе резултира со соодветни прекршочни санкции, вклучувајќи и одземање на пловниот објект.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“

Во јавната дебата често се наметнува дилемата дека државите мора да избираат меѓу заштитата на животната средина и развојот на рударството.

„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“

Европското искуство, сепак, покажува дека овие две цели не мора да бидат спротивставени – земји со високи еколошки стандарди истовремено развиваат современо рударство и инвестираат во искористување на сопствените минерални ресурси.

Во Брисел наскоро се очекуваат резултатите од вториот повик за финансиска поддршка на рударски проекти, на кој, според достапните податоци, биле поднесени 160 апликации. Европската Унија ги забрзува процедурите за добивање дозволи за ископ на критични минерали со цел да ја намали зависноста од трети земји, но паралелно остануваат строгите научни проценки, мониторингот, финансиските гаранции и обврската за рекултивација на просторот.

Првата селекција во 2025 година резултираше со 47 стратешки проекти во ЕУ и 13 проекти во партнерски земји. Меѓу земјите кои активно го развиваат рударството е Шведска – држава која истовремено се издвојува со високи еколошки перформанси.

„Овие примери покажуваат дека изборот не мора да биде „или екологија или рударство“. Напротив, европските земји покажуваат дека со современи технологии, научни проценки, строг мониторинг и јасни правила може истовремено да се заштитува животната средина и да се развива рударството“, велат од „И Здравје и Работа“.

Оттаму посочуваат дека во време кога ЕУ активно ги поддржува новите рударски проекти и ги забрзува процедурите за критичните минерали, Македонија не треба да остане надвор од овие процеси.

„Додека Европа разгледува 160 апликации за нови рударски проекти и истовремено поставува високи стандарди за заштита на животната средина, кај нас единствената сериозна нова инвестиција во рударството останува проектот „Иловица–Штука“. Македонија има можност да ги следи европските примери и да покаже дека развојот и заштитата на животната средина не се исклучуваат, туку можат да одат заедно – под услов да се почитуваат законите, стручните проценки и највисоките еколошки стандарди“, додаваат од иницијативата.

Европа ни покажува дека не мора да бираме меѓу чиста животна средина и економски развој. Можеме да имаме и екологија и современо рударство. Прашањето е само дали Македонија ќе има храброст да го следи тој пат и да ги стави своите ресурси во функција на развојот, со највисоки стандарди и строга институционална контрола.

Македонија не смее да дозволи стравот и нестручните проценки да ја блокираат иднината. Ако сакаме европски стандарди, тогаш треба да ги прифатиме и европските принципи: одлуките за рударството да се носат врз основа на наука, закон и контрола – а не врз основа на притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на Хераклеа

Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, синоќа одржа концерт во античкиот театар во Хераклеа во Битола.

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на Хераклеа

На концертот присуствуваа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња, а во истовреме и еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот.

Неговата кариера вклучува настапи со Лондонска Филхармонија, Филаделфискиот Оркестар и Кралската Ливерпулска Филхармонија. Добитник е на наградата за дебитант на годината од Кралското Филхармониско Друштво и на престижната награда „Gramophone“. Критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна техника и длабока музикалност.

Македонскиот пијанист Симон Трпчески се етаблираше како еден од најистакнатите музичари на светската сцена, настапувајќи со повеќе од 100 оркестри на четири континенти, под водство на водечки диригенти и во најпрестижните концертни сали. Трпчески е препознатлив по својата моќна виртуозност и длабоко експресивен пристап, како и по својата харизматична способност да воспостави врска со најразлична публика ширум светот и по својата посветеност кон зајакнувањето на културното наследство на Македонија.

„Да го слушнете Трпчески во Антички Театар Хераклеа е привилегија – класична музика од светско ниво во амбиент кој е стар повеќе од два милениума. Ова е настан кој ретко се случува“ велат од „Прагма продукција“ која го организираше концертот со поддршка на Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер