НАСА: Третата овогодишна супермесечина истовремено со кометата Цучиншан-Атлас - Канал 5

НАСА: Третата овогодишна супермесечина истовремено со кометата Цучиншан-Атлас

Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе го достигне својот зенит...

НАСА: Третата овогодишна супермесечина истовремено со кометата Цучиншан-Атлас

Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе го достигне својот зенит... Но, таа ќе се појави истовремено со комета, што ќе биде ретка можност за љубителите на набљудувачите на ѕвездите и Вселената, објави НАСА.

Инаку, третата од четирите супермесечини оваа година, вечерва ќе биде 357.364 километри блиску до Земјата, што ќе ја направи уште поголема и посветла од августовската и септемвриската супермесечина. Последната, четврта супермесечина за годинава ќе се појави на 15 ноември.

Кометата Цучиншан-Атлас која беше откриена лани, денеска ќе биде видлива и на северната хемисфера откако ќе ја проследат и набљудувачите на јужната хемисфера на Земјата.

- Светлината од супермесечината ќе го попречи погледот на дел од опашката на кометата, но глетката, сепак, вреди да се гледа по зајдисонце. Повеќето астрономи, меѓутоа, ја мразат полната Месечина бидејќи нејзината силна светлина го отежнува гледањето на другите вселенски тела, изјави Бил Кук од НАСА.

На македонското небо, според „Ведер фор ол“, денеска Сонцето ќе зајде во 17:51 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Зошто полупретседателите на ВЛЕН сè уште молчат по признанието на нивниот лидер Беким Ќоку дека се „ужасно слаби“?

Полупретседателите на ВЛЕН, Биљал Касами и Изет Меџити, веќе неколку дена молчат по изјавата на лидерот на ВЛЕН, Беким Ќоку, дека во Владата се „ужасно слаби“.

ДУИ: Зошто полупретседателите на ВЛЕН сè уште молчат по признанието на нивниот лидер Беким Ќоку дека се „ужасно слаби“?

Ова е јавно признание за политички неуспех.

Иднината на Албанците, нивната застапеност во државата и заштитата на националниот интерес не можат да останат заложници на вашата слабост.

Ако сте ужасно слаби, зошто и понатаму останувате во Владата?

Зошто молчите кога се деградира албанскиот јазик?

Зошто го прифаќате исклучувањето на Албанците од раководните позиции?

Зошто молчите кога се урива правичната и соодветна застапеност?

Зошто и понатаму му обезбедувате мнозинство и легитимитет на еден режим кој секојдневно ја слабее положбата на Албанците?

Никој не ве испратил во Владата за да ни објаснувате колку е силна ВМРО, а колку сте слаби вие.

Во Владата се останува за да се има влијание, за да се запрат штетните одлуки и за да се заштитат граѓаните за кои тврдите дека ги претставувате.

Ако не можете, тогаш заминете си.

Не можете истовремено да бидете дел од власта и нејзина жртва. Не можете да гласате со Владата, а потоа да се однесувате како да не сносите никаква одговорност за последиците.

Затоа, Биљал Касами и Изет Меџити мора да одговорат:

Имаат ли некаква црвена линија?

Постои ли некаква одлука поради која се подготвени да ја напуштат Владата?

Или функцијата е единствената црвена линија што не се осмелуваат да ја преминат?

Албанците не можат бесконечно да чекаат вие да станете посилни.

Колку долго ќе ја држите иднината на Албанците како заложник на вашата слабост?

Кога ќе си заминете?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тушевска: Зголемено производство и извоз на земјоделски производи, реалната и редовна поддршка на Владата

Зголемено производство и извоз на земјоделски производи, реалната и редовна поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за македонските земјоделци дава резултати.

Тушевска: Зголемено производство и извоз на земјоделски производи, реалната и редовна поддршка на Владата

Пред две години во земјоделство затекнавме институции во застој, нерешени предмети, неисплатени плати и субвенции, блокирани проекти и континуиран пад на земјоделското производство.

Само кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за цели 17 месеци, додека бројни обврски од периодот 2020 – 2024 останаа нерешени и над 1.600 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство повеќе од 4 месеци беа оставени без плата, здравствено и пензиско осигурување.

За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја смени оваа слика и денес Македонија бележи раст на земјоделското производство и на извозот, така во 2025 година извозот на земјоделски производи и преработки достигна 417 милиони евра, со суфицит од 215 милиони евра.

Според Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко е зголемено за 2,7 проценти, овчото млеко за 4%, се зголеми и производството на свинско месо со што се задоволува целокупната количина која е потребна за домашниот пазар. Лани се произведоа и откупија околу 300.000 тони пченица, количина што ги задоволува домашните потреби.

Паралелно со растот на производството, ја реализиравме и најважната обврска кон земјоделците, редовна и навремена исплата на субвенциите.

Од кога ја презедовме власта, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до денес исплатени се повеќе од 15 милијарди денари субвенции, а само во првите месеци беа исплатени околу 4 милијарди денари заостанати средства.

Субвенциите во сточарството ги зголемивме за 50 проценти и се укина непотребната бирократија со двојното пријавување, со што спречивме околу 7.000 земјоделци да останат без финансиска поддршка.

Од друга страна, обезбедивме поголема поддршка за производителите, така што откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари за прва класа и се донесе долгоочекуваната методологија за пресметка на производната цена на винското грозје, што резултираше со највисоки откупни цени за лозарите и зголемување од 25%.

Посебно внимание посветивме на младите земјоделци за кои се одобрија 117 проекти со финансиска поддршка од 69 милиони денари, што претставува повеќекратно зголемување споредено со периодот на власт на СДС.

Промоцијата и модернизацијата на македонското земјоделство со современа технологија беше еден од приоритетите, за таа цел се склучија 57 договори во вредност од 34 милиони денари за набавка на специјални комбајни за ориз и мини сушари, како и над 110 договори во износ од 16,5 милиони денари за поддршка на локални саеми и манифестации.

Овие бројки покажуваат дека кога има одговорно управување, резултатите не изостануваат, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжува со работа и со политики што носат развој, сигурност и подобар живот за секој земјоделец, рече Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар

СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар и покажуваат дека за граѓаните ич не им е гајле.

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар

Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното раководство на СДС да се јавуваат во јавност и да лажат.

СДС и Филипче мислат само како да стигнат до политички поен плус. Но, треба да им е јасно дека тоа не се прави со лаги и немање свест за своите грешки.

Сега во контекст на гостиварскиот скандал, повторно кажуваат само лаги како онаа последната дека во велешкото село Сливник водата е неисправна. И замислете, презентираат стар извештај.

Добронамерно ги советуваме, да се освестат и да прекинат да шират лаги и паника и да се погледнат себе си.

Зошто? Затоа што тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар.

Ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично.

А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните.

Сепак, на централно ниво има одговорна власт која реагира навремено и соодветно за да ги заштити граѓаните, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер