Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари
2Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари
3ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ТехнологијаНАСА планира утре да лансира ракета кон Месечината, одбројувањето веќе започнаПосле два неуспешни обиди, НАСА планира да ја лансира својата нова ракета од Кејп Канаверал на Флорида до Месечината утре рано наутро, помалку од една недела откако џиновската машина ги издржа налетите на моќниот ураган.„Изгледа дека дојде нашето време. Се надеваме дека ќе биде среда“, рече Мајк Сарафин, менаџер на одложената мисија Артемида 1 во седиштето на НАСА. Мисијата Артемида 1, шестнеделен пробен лет без астронаути, е првиот чекор во плановите на американската вселенска агенција да воспостави долгорочна лунарна колонија на Месечината, како отскочна даска за уште поамбициозни идни патувања со екипаж на Марс. Тоа е првиот пробен лет на огромната двостепена ракета „Space Launch System (SLS)“ и нејзината беспилотна капсула Орион. Иако на бродот нема да има луѓе, Орион ќе носи симулиран екипаж од тројца – една машка и две женски кукли - опремени со сензори за мерење на нивото на радијација и други стресови што би ги доживеале астронаутите. Наведена како најмоќната и најсложена ракета во светот, „SLS“ го претставува најголемиот нов систем за вертикално лансирање изграден од американската вселенска агенција откако Сатурн V полета на Месечината за време на програмата Аполо во 1960-тите и 1970-тите. I'm impressed by our #Artemis I team's dedication - their care for @NASA_SLS and @NASA_Orion is keeping us on track. Designing for this environment is challenging, and our design stood up to the test of the storm. We are pressing toward launch on Nov 16: https://t.co/GGHeKcp0yQ pic.twitter.com/fPEAR8jhcm — Jim Free (@JimFree) November 11, 2022 Именувана по сестрата близначка на Аполо од античката грчка митологија, новата вселенска програма е развиена 50 години откако луѓето последен пат стапнале на лунарната почва. Првото лансирање на ракетата „SLS“ е закажано за среда во 01:04 часот по локално време, со можен рок за лансирање од два часа. Во познатиот вселенски центар Кенеди, одбројувањето веќе започна. Полетувањето е закажано помалку од една недела по минувањето на ураганот Никол, кој ракетата успешно го преброди на лансирната рампа. Временската прогноза е поволна. Метеоролозите велат дека има 90 отсто шанси за поволни временски услови во моментот на лансирањето. Се очекува лансирањето од брегот да го следат околу 100.000 луѓе, имајќи предвид дека ракетата треба да го осветли ноќното небо. Доколку полетувањето во среда биде успешно, мисијата се очекува да трае вкупно 25 и пол дена со спуштање во Тихиот Океан на 11 декември. НАСА смета на успешна мисија откако ја развиваше ракетата „SLS“ повеќе од една деценија. До крајот на 2025 година има намера да инвестира повеќе од 90 милијарди долари во својата нова лунарна програма. Артемида 2 би требало да биде како повторување на првата мисија, но овој пат со астронаути, а реализацијата се очекува во 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВторо издание на Меѓународната научна конференција Мит и драма во СкопјеВо просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи второт издание на меѓународната научна конференција со наслов Мит и драма: кризи, граници, другости (27-28 октомври 2026). Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје. Шеесетина експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Обединетото Кралство, Шведска, Соединети Американски Држави, Грција, Полска, Турција, Индија, Шпанија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Нигер и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки. Конференцијата предвидува и три пленарни предавања, од истакнати професори и професорки од оваа област: Пјер Лонгенес, Оддел за театарски студии, Универзитет Нова Сорбона – Париз 3, Душка Радосављевиќ, Универзитет во Лондон и Универзитет во Лунд, и Маја Бојаџиевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Свеченото отворање на конференцијата е закажано за 27 октомври во 9:30 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Конференцијата е отворена за сите заинтересирани, а програмата е достапна на следниов линк: https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/Programme-Myth-and-Drama-2026.pdfТагови: Мит и драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денариОпштина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари. За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата. Корисниците на право на социјална сигурност за стари лица треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа – ЦСР Центар. Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата доставени по електронски пат или по пошта нема да се разгледуваат. Повеќе информации на следниот линк:ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје | Општина Центар Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново СелоНово Село продолжува да се развива. Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации. Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село. Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување. Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните. По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија. Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура. Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите. Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура. Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места. Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook