НАСА планира да ја сруши Меѓународната всленска станица во Тихиот Океан - Канал 5

НАСА планира да ја сруши Меѓународната всленска станица во Тихиот Океан

НАСА има намера да ја одржи во функција Меѓународната вселенска станица (ISS) до крајот на 2030 година, по што планира да ја урне во оддалечен дел од Тихиот Океан познат како Точка Немо.

НАСА планира да ја сруши Меѓународната всленска станица во Тихиот Океан

Работата на склопување на станицата во вселената започна во 1998 година, а од 2000 година таму престојуваат астронаути и спроведуваат научни истражувања. Досега, повеќе од 200 астронаути од 19 различни земји биле на ISS. НАСА најави дека ISS ќе ги замени комерцијалните вселенски станици во кои со меѓународна соработка ќе продолжат научните студии.

„Приватниот сектор, со помош на НАСА, е технички и финансиски способен да развива и управува со комерцијални дестинации во ниската орбита. Со нетрпение очекуваме да го споделиме нашето оперативно искуство со приватниот сектор за да му помогнеме да развие безбедни и сигурни капацитети во вселената. “, изјави Фил Мекалистер од НАСА.

Во извештајот за транзиција на Меѓународната вселенска станица, НАСА наведува дека планира да ја урне ISS во оддалечена област на Тихиот Океан, позната како Точка Немо, и дека тоа најверојатно ќе се случи во јануари 2031 година, пишува CNN.

Точка Немо, област именувана по капетанот на подморницата од романот на Жил Верн „Дваесет илјади милји под морето“, е место во океанот најоддалечено од копното и долго време служело како еден вид гробишта за вселенски летала. Се проценува дека државите со активна вселенска програма, како што се САД, Русија, Јапонија и европските земји, таму уништиле повеќе од 263 парчиња вселенски отпад од 1971 година.

Во извештајот се наведува дека ISS ќе ги изврши сите неопходни маневри за да обезбеди „безбеден влез во атмосферата“.

Вселенската станица е дом на многу научни откритија. На пример, астронаутот на НАСА, Кејт Рубинс, секвенционираше ДНК за прв пат во вселената во 2016 година, а во 2018 година станицата ја произведе петтата состојба на материјата - кондензат Бозе-Ајнштајн. Астронаутите научија да одгледуваат зелена салата, ротквици и чили на ISS.

Кина минатата година го лансира првиот модул на својата вселенска станица. Иако не е толку голема како ISS, кинеската вселенска станица се очекува да биде целосно оперативна до крајот на оваа година. Русија изјави дека ќе се откаже од проектот ISS во 2025 година и дека планира да изгради сопствена вселенска станица, која би можела да биде лансирана во 2030 година, објави Си-Ен-Ен..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Последни претања на Платформата - ЗНАМ 2.0 - од Левица до Црвенковски

Повеќе е смешно да се гледа ова што го прави оваа група платени и уценети поединци. Робови на Мицкоски. 

СДСМ: Последни претања на Платформата - ЗНАМ 2.0 - од Левица до Црвенковски

Шема со своите шеми. Ќурчиев со своите 1,6 милиони од тендер. Цаци со својот Леонардо. Андреј со Орце Камчев. Алта банка, тендери, осигурување… трговци со оружје. Антимон и дата-центри.

ЗНАМ, Максим Димитриевски, руската партија Левица… тоа се луѓето што бараат смени во СДСМ.

На крај сега од ормарот го вадат Бранко Црвенковски.

Човек што со години работи бизнис со ВМРО, човек што помагаше во правењето на ЗНАМ прва верзија. Мицкоски финансираше.

На тоа ли мисли Мицкоски кога вели дека „вади коски од минатото“? Доста веќе со коските од ормарот, со тие мумии и балсамирани ликови што направија сè за да ја згаснат СДСМ.

Како што гледате, не успеаа. Не ја згаснаа и нема да ја угасат. СДСМ ќе биде и ќе остане и по сите такви ликови.

Реформи што се состојат од барање фотеља за послушници и нов логотип.

Сè тоа на два листа хартија со седумнаесет потписи. Сè тоа пишувано од декември до денес.

Повторно Шилегов и останатите ВМРО аналитичари. ВМРО-Орбан-Вучиќевите портали, началникот Латас. Квази-новинари, домаќини на БИА агенти и организатори на 27 април.

До кога со сите нив?

Кога повторно се јавува Платформата? Кога откривме дека Вучиќ префрла пари во Македонија преку Алта банка.

Дали мислат дека народот ова не го гледа? Ајде еднаш, ајде двапати, ама ова се гледа од авион.

Кога се јавува Платформата? Кога откриваме пет нови рудници. Кога откриваме лоби куќи на Вучиќ и Мицкоски и тоа кој ја плаќа ходник дипломатијата.

Кога откриваме кој стои зад копањето на антимонот, чии се интересите на дата-центрите.

Кога откриваме тендер во железница за Ќуркчиев. Кога откриваме дека Дејвид Гета не е нула, туку 5,53 милиони евра. Кога Фон дер Лајен вели дека е заштитен македонскиот идентитет и јазик. Кога откриваме малверзации на Алта банка со компании и јавни претпријатија.

Доста беше! На сите им е јасно.

Мицкоски, не можеш да го сокриеш она што доаѓа. Не можеш да побегнеш од својот криминал со твојот ментор Вучиќ. А овие твоиве можат само да работат и да бараат алиби за формирање нова партија, како и ти за избори. На сите им е јасно.

Знаеме дека правите ЗНАМ 2.0. Правите затоа што по Црвенковски единственото што не го пробаа е тебе, Мицкоски, да предложат ти да го водиш СДСМ како што ги водиш твоите сателити и управуваш со нив преку далечински управувач направен во Кремљ.

Српски и руски служби, Вучиќ и пари од картелот не помагаат.

Јасно е. ВМРО паѓа, Мицкоски нема да постои.

Отворени истраги во Унгарија и Србија. Почна и веќе се гледа крајот. Сите ќе мораат да излезат пред правдата. Не може да се побегне од вистината. Правдата мора да се задоволи.

Крај е за вашата група.

Нека ни се јават чесните луѓе што сте ги измамиле и излажале со вашиот лажен, невидлив опозициски фронт.

Сите оние што немаат лични интереси и не се поврзани со интересни групи како овие ликови, нека дојдат и заедно со нас и народот нека влезат во борба против криминалната организација ВМРО.

Нашите врати се отворени за сите што се за Македонија, а не за сопствениот џеб.

Дојдете и бидете дел од Фронтот за вистина и правда!

Дојдете да се бориме сите заедно против овие двојки: Орбан-Груевски, Вучиќ-Адамовиќ, Лазаревиќ-Божиновска, како и Мицкоски-Латас.

Станете, платформаџии, станете сите заедно, за да ве види целиот СДСМ. Засега го виделе само вашиот резултат од 2024 година.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратенички прашања до премиерот и министрите

Во Собранието денеска ќе се одржи и пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања до премиерот и министрите.

Пратенички прашања до премиерот и министрите

Први поставуваат прашања пратениците од опозициските партии. Дополнително, претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

 Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата.

Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра.

Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер