3Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“
ТехнологијаНАСА откажа мисија на Месечината Американската Национална воздухоплловно-вселенска администрација - НАСА вчера соопшти дека сепак нема да го испрати својот ровер „ВИПЕР“ на Месечината. Одлуката за преиспитувањето и откажувањето на проектот е донесена поради преголеми трошоци, можни идни зголемувања на трошоците и одложувањата на датумот на лансирање. Проектот, наречен „Испарлив испитувачки поларен ровер за истражување“ (Volatiles Investigating Polar Exploration Rover - ВИПЕР), „ќе биде прекинат по сеопфатен внатрешен преглед“, соопшти НАСА. Месечевиот ровер ќе биде демонтиран и деловите ќе се користат за други намени. - Нашите идни патишта максимално ќе ја искористат технологијата и работата вклучени во 'ВИПЕР', притоа зачувувајќи ги критичните средства за поддршка на нашето робусно месечево портфолио, изјави управителот на НАСА, Никола Фокс. Според државната агенција, роверот првично требаше да биде лансиран кон крајот на 2023 година, па лансирањето мораше да се одложи за оваа година, па за во септември 2025 година... Лансирањето беше планирано да се изврши со помош на приватната вселенска компанија „Астроботик“. „ВИПЕР“ беше предвиден за на Јужниот пол на Месечината, со цел да собира примероци од почвата на нашиот природен сателит за испитувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче ПетровВработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата. Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка. Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот. „Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој. Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.Тагови: ЈСП Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар ЧупиќДенеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова .Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Процесот Брдо-Бриони е регионална дипломатска иницијатива започнува во 2013 година од Словенија и Хрватска, со цела европска интеграција на Западен Балкан и зајакнување на регионалната соработка. Синоќа се одржа и неформална вечера во организација на претседателката Сиљановска -Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони. Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. -Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион,, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“Осум лица се повредени и пренесени во Општата болница во Охрид по пожар што вчера избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во градот. Поради пожарот, како што соопштија од секторот за внатрешни работи Охрид за локалните медиуми била извршена евакуација на жителите на заградата, а полицијата лишила од слобода едно лице поради основано сомневање дека го предизвикало пожарот. Според информациите на полицијата, станува збор за 55-годишен охриѓанец со иницијали Ц.Н., кој се сомничи дека предизвикал пожар во својот стан.По добиената пријава, на местото на настанот интервенирале полициски службеници од СВР Охрид, екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински тимови. Повеќе станари биле безбедно евакуирани од зградата, додека осум лица со здобиени повреди и отежнато дишење со возила на итната медицинска помош биле однесени на болничко згрижување. Од СВР Охрид соопштуваат дека во соработка со надлежните служби се преземаат дополнителни активности за помош на евакуираните станари и стабилизирање на состојбата на терен.Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39