НАСА на јужниот пол на Месечината ќе бара замрзната вода, го праќаат најбрзиот ровер (ВИДЕО) - Канал 5

НАСА на јужниот пол на Месечината ќе бара замрзната вода, го праќаат најбрзиот ровер (ВИДЕО)

Американската вселенска агенција НАСА објави дека во 2023 година има намера да го испрати роверот „Вајпер“ на Месечината, кој ќе бара замрзната вода во областа на јужниот пол на Месечината, познат како кратер Нобиле.

НАСА на јужниот пол на Месечината ќе бара замрзната вода, го праќаат најбрзиот ровер (ВИДЕО)

НАСА ја избрала локацијата во близина на западниот раб на кратерот Нобиле со широчина од 73 километри, кој што е речиси целосно во темнина.

„Нобиле е значаен кратер во близина на Јужниот Пол и настанал во судир со друго помало небесно тело“, изјавила за новинарите Лори Глејз, директорка на Планетарната научна дивизија на НАСА.

Тоа е една од најстудените области на Сончевиот систем, и досега е истражена само од далечина со помош на сензори. „Роверот ќе се доближи до земјата на Месечината, дури и ќе направи дупчење малку подалеку“, рече Глејзер.

Димензиите на роверот се слични на димензиите на количките за голф - 1,5 x 1,5 m x 2,5 m. „Вајпер“ донекаде наликува на дроидите од „Војна на Sвездите“. Тежи околу 430 килограми.

За разлика од роверите што се користат на Марс, „Вајпер“ може да се управува во скоро реално време, бидејќи растојанието од Земјата е многу помало - само околу 300.000 километри или 1,3 светлосни секунди.

Овој ровер е исто така побрз и достигнува брзина од 0,8 км / ч.

Роверот на соларна енергија има батерија од 50 часа, дизајнирана да издржи екстремни температури и да се движи странично, како рак, така што неговите плочи секогаш се свртени кон сонцето за полнење.

Научната цел на мисијата е да открие, со помош на Вајпер, како замрзнатата вода стигнала до Месечината на прво место, како била зачувана таму милијарди години и каде е сега.

Мисијата „Вајпер“ е дел од Артемида, планот на САД да ги врати луѓето на Месечината и да ја истражи нејзината површина. Вселенската агенција се надева дека роботот ќе го потврди присуството на замрзната вода веднаш под површината, која еден ден би можела да се претвори во ракетно гориво за мисиите на Марс и понатаму во вселената и да се искористи за добивање вода за пиење.

НАСА планира да испрати астронаути на површината на Месечината во текот на оваа деценија. Како дел од програмата Артемида, првата жена ќе отпатува на Месечината, како и првата личност со темна кожа. Оваа мисија треба да го отвори патот за долгорочно присуство на луѓето на единствениот природен сателит на Земјата.

Менаџерот на проектната мисија Даниел Ендрјус, од истражувачкиот центар Амерс на НАСА во Калифорнија, изјавил дека тоа ќе им помогне на научниците да разберат колку е лесно или комплицирано луѓето да стигнат до мразот на површината на Месечината.

„Ако има многу ресурси и доколку се достапни, тоа ќе ја промени природата на одржливоста на луѓето на Месечината и ќе ни помогне да разбереме како да ги добиеме тие ресурси“, објаснил Ендрјус.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Либија поднесе жалби до Обединетите нации поради нападот на Украинците врз Бенгази

Либија поднесе жалба до Обединетите нации поради нападот на украинските вооружени сили врз пристаништето Бенгази, изјави Абд ал-Хади ал-Хуваиџ, министер за надворешни работи на источната либиска влада.

Либија поднесе жалби до Обединетите нации поради нападот на Украинците врз Бенгази

„Премиерот Осама Хамад поднесе официјална жалба до ОН и Советот за безбедност“, рече министерот во интервју за РИА Новости.

Тој нагласи дека либиската влада остро ги осудува нападите врз пристаништето, кои не само што го нарушија нејзиниот суверенитет и претставуваа закана за поморската безбедност, туку резултираа и со смрт и повреди на нејзините граѓани.

Двајца припадници на морнарицата на Либиската национална армија беа убиени во украинскиот напад.

Министерството за надворешни работи побара официјално објаснување од Украина во врска со извештаите за вмешаност на Киев во нападите врз пристаништето.

Ел-Хуваиџ рече дека Либија ќе бара отштета од Киев за нападот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го коментираше нападот во кој беа убиени двајца припадници на морнарицата на Либиската национална армија, велејќи дека украинските дипломати соработуваат со претставници на други држави кога Киев спроведува операции во меѓународни води или во близина на инфраструктурата на други земји.

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека тврдењата на Зеленски за координацијата на нападот се лажни.

Во петокот, за време на разговорите со италијанската премиерка Џорџија Мелони, Зеленски ја повлече претходната изјава и призна дека нападот на украинските вооружени сили врз пристаништето Бенгази не бил координиран со западните сојузници на Украина.

На 22 ноември, украинските сили употребија седум поморски беспилотни летала за да ја потонат корветата на руската морнарица „Меркур“, уништувајќи го хеликоптерот Ка-27 на него, и го нападнаа рускиот товарен брод „МВ Ангара“, за кој Киев тврдеше дека превезува оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Барселона се запленети таблети екстази со ликот на Џефри Епштајн (ФОТО)

Во Барселона, Шпанија се пронајдени апчиња екстази со име и лик на Џефри Епштајн.

Во Барселона се запленети таблети екстази со ликот на Џефри Епштајн (ФОТО)

Светлозелената дрога беше запленета како дел од активностите на „Енерџи Контрол“, шпански проект за намалување на штетата од употреба на дрога, кој анализира психоактивни супстанции.

Според резултатите од анализата, секое апче содржело 161 милиграм МДМА, синтетичка психоактивна супстанца со стимулирачки и халуциногени ефекти.

Апчињата биле со дијаметар од 12 милиметри и тежеле 436 милиграми, објавува британски „Телеграф“.

На едната страна пишувало името „Џефри Епштајн“, додека другата била обликувана да го прикажува лицето на покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник.

Сè уште не е познато кој ги произвел апчињата или колку се раширени на пазарот.

Производителите на лекови долго време ги користат ликовите на познати личности за да ги направат своите производи попрепознатливи и попривлечни за купувачите.

Во август оваа година, во Холандија почнаа да се појавуваат апчиња за екстази во облик на лицето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Експертите во тоа време предупредија на сериозни здравствени ризици, бидејќи таблетите содржеле високи концентрации на ПММА, хемиско соединение слично на МДМА, кое може да предизвика предозирање и опасно зголемување на телесната температура.

Холандскиот институт Тримбос ги предупреди граѓаните да не ги користат таблетите под никакви околности и побара во случај на сериозна реакција, веднаш да повикаат служби за итни случаи.

Слични случаи се пријавени и претходно. Во 2017 година, германската полиција заплени илјадници портокалови таблети за екстази во облик на Доналд Трамп.

Порано оваа година, лицето на напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, беше пронајдено на пакувањето на пратка кокаин вредна 14,5 милиони фунти, која беше запленета од властите во Еквадор.

Вкупно 370 пакети беа скриени во посебен дел од возило, секој со налепница со слика на норвешки фудбалер, фудбалска топка и симболот на Светското првенство.

Според шпанскиот закон, лицата фатени во производство или трговија со таблети за екстази може да бидат осудени на три до шест години затвор, со парична казна што може да достигне три пати поголема вредност од запленетата дрога.

Поседувањето дрога за лична употреба генерално не е кривично дело во Шпанија, но поседувањето или консумирањето дрога на јавно место може да биде казниво со парична казна од 601 до 30.000 евра.

Џефри Епштајн, американски финансиер и осуден сексуален престапник, почина во затвор во 2019 година додека чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија планира во вселената да испрати сателит со нуклеарно оружје- германските медиуми открија и како се вика (ВИДЕО)

Русија би можела да лансира сателит со нуклеарна боева глава уште кон крајот на декември, кој веќе неколку години се чува во воен објект во близина на Москва.

Русија планира во вселената да испрати сателит со нуклеарно оружје- германските медиуми открија и како се вика (ВИДЕО)

Извештаите на западните разузнавачки служби за ваквите планови се веродостојни, а експлозијата на такво оружје во вселената би ги уништила речиси сите сателити во ниска орбита, изјави Ерин Побџи, истражувач за вселенска политика во Меѓународниот институт за стратешки студии во Лондон, пренесува Cadena SER.

Експертот, меѓу другото, се повикува на резултатите од руските тестови спроведени пред неколку години, пишува Unian.info..

„Ова се веродостојни информации. Постојат докази дека Русија веќе ги измерила ефектите од зрачењето користејќи барем еден сателит лансиран во 2022 година“, нагласи Побџи.

Поставувањето на такво оружје во вселената е забрането со Договорот за вселената од 1967 година, кој го ратификуваа и САД и Русија. Според Побџи, Москва сака дополнително да ја ескалира војната против Украина и на овој начин да ја демонстрира својата сила пред НАТО. Кремљ ги отфрла сите такви обвинувања.

Најпогодена би била областа до 2.000 километри над Земјата, од каде што зависат околу 17.000 сателити за секојдневниот живот низ целиот свет.

„Термонуклеарна експлозија во ниската Земјина орбита би можела да онеспособи или уништи повеќе од 98 проценти од сателитите за една недела. Таа орбита би можела да остане неупотреблива една година“, предупредува истражувачката.

Таа додава дека САД и нивните сојузници би можеле да го протолкуваат таквиот потег како претходница на нуклеарен напад и да одговорат со масовен удар.

Слична проценка направија научници од Универзитетот во Висконсин во Медисон, предводени од Закари Петерсен. Тие симулираа експлозија од еден мегатон на надморска височина од 500 километри над Јужниот Атлантик. Според нивните податоци, најголемата штета би била предизвикана од електрони заробени од магнетното поле на Земјата. Тие би формирале вештачки појас на зрачење, а ќе бидат потребни години за да се обнови оштетената инфраструктура, пишува „Њу сајентист“.

НАТО вели дека ќе ја заштити и вселената

Извештаите на разузнавањето за евентуално лансирање во следните 60 дена беа дистрибуирани до членовите на НАТО овој месец. Според германските медиуми NDR, WDR и Süddeutsche Zeitung, сателитот се вика „Спутник-С“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Берлин изјави дека НАТО има различни опции за одговор.

„Секогаш ќе се грижиме да го заштитиме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа вклучува и гарантирање на нашата безбедност кога станува збор за вселената“, рече Руте, според Би-Би-Си.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека ваквите извештаи „не се нови, но не помалку шокантни“. Според него, тие го покажуваат нивото на ескалација до кое Русија очигледно е подготвена да оди.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли извештаите, велејќи дека „тешко се сфаќаат сериозно“, додека руската амбасада во Берлин оцени дека се дел од „пропагандна кампања“.

Мала веројатност, но големи последици

Некои експерти повикуваат на претпазливост и предупредуваат да не се брза со заклучоци.

Викторија Самсон, директорка за вселенска безбедност во Фондацијата Безбеден свет, истакнува дека Москва навистина може да подготвува нуклеарно оружје, но дека тоа може да го замени само сателитот Космос 2553.

Еден можен мотив за таков потег би можел да биде системот Starlink, кој се покажа како исклучително важен за одбраната на Украина.

„Затоа мислам дека веројатноста дека тие всушност ќе го сторат ова е многу мала, бидејќи, според мене, тоа би претставувало огромна ескалација. Сепак, тоа е едно од оние сценарија што имаат мала веројатност, но би можеле да предизвикаат огромни последици“, рече Самсон, според Scientific American.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер