ТехнологијаНАСА ја заврши првата фаза од „Проектот за површинска моќност на фисијата“Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) објави дека ја завршила почетната фаза на дизајнирање на нуклеарен реактор наречен „Проект за површинска моќност на фисијата“ (Fission Surface Power Project). Се работи за стабилен извор на енергија развој за потребите на идните населби и мисии на Месечината. Истражувањето за површинската фисија има потенцијал да овозможи одржливи операции не само на нашиот природен сателит, туку и на Марс. Во 2022 година, Aгенцијата додели три договора во вредност од пет милиони долари на своите партнери за развој на концепти за мали реактори за нуклеарна фисија коишто ќе се користат на Месечината. - Потребна е демонстрација на извор на нуклеарна енергија на Месечината за да се покаже дека тоа е безбедна, чиста и сигурна опција. Месечевата ноќ е предизвик од техничка природа, така што ваков нуклеарен реактор како извор на енергија, којшто работи независно од Сонцето, е опција за долгорочни истражувања и научни напори околу Месечината, изјави претставникот на НАСА, Труди Кортез. Вселенската агенција посочи и дека идејниот проект мора да вклучува системи за претворање на енергијата во реакторот, механизми за отфрлање топлина и системи за управување со енергија и нејзин пренос. НАСА е отворена за идеи и ја поддржува иновативноста на своите комерцијални партнери, поттикнувајќи ги да размислуваат „надвор од кутијата“, т.е. вон вообичаените рамки. Меѓу стандардните спецификации на моделот за реакторот е тежина под шест тони и способност за производство на 40 киловати електрична енергија. Толку струја ќе биде доволна за напојување на месечевите живеалишта, роверите, резервните мрежи и истражувачките лаборратории. За споредба, 40 кВ енергија се доволни за напојување 33 домаќинства во САД. Целта е и реакторот да може да работи самостојно 10 години без човечка интервенција. - Добиваме многу информации од тројцата партнери. Ќе одвоиме време да ги анализираме и да одредиме што има смисла за втората фаза. Ќе го искористиме најдоброто од првата фаза за да ги поставиме барањата за дизајн на системот, рече Калдон. Процесот на дизајнирање, исто така, вклучува безбедносни прашања, особено во однос на зрачењето и заштитата. Нуклеарниот реактор се издвојува како извор на енергија бидејќи технологијата може да се инсталира и во области кои подолго време се во сенка. Месечевата ноќ е технички предизвик бидејќи трае по 14 земјини денови, така што создавањето енергија независна од Сонцето е клучно за истражувањата и научните напори на Месечината. Нуклеарниот систем, на тој начин, би можел да работи континуирано во текот на тие сурови месечеви ноќи. По завршувањето на втората фаза во 2025 година, лансирањето на реакторот се очекува за следното десетлетие. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември.Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е одреден нов датум за разговорот. Портпаролот не даде причина за одложувањето. Во вторник, Трамп ја припиша победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) на неделните покраински избори во Саксонија-Анхалт на германските правила за имиграција, кои ги опиша како „ужасни“. Трамп е воодушевен од победата на AfD „Воау! Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, осврнувајќи се на неделните избори. Трамп не ја спомена конкретно AfD, но беше јасно на која партија мислеше. AfD и нејзините поддржувачи се презаситени од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија, рече Трамп. „ТИЕ СЕ ВО ПОГОЛЕМУВАЊЕ и повеќе нема да го толерираат тоа“, напиша тој. The President of the United States supports AfD. pic.twitter.com/gLGoknyMd8 — Ron Filipkowski (@RonFilipkowski) September 8, 2026 Џ.Д. Венс се сретна со лидерот на АфД Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, се смета дека АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Копретседателката на АфД, Алис Вајдел, го опиша Трамп како пример за углед по неговото враќање во Белата куќа, а претставници на АфД отпатуваа во Вашингтон за неговата инаугурација. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се сретна со Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. На конференцијата, Венс предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ ризикуваат игнорирање на волјата на милиони гласачи.Тагови: АфД Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаГолем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4. Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУПоранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута бил „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија.Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко. Гонзалес Лаја оценува и дека случувањата во сеута покажуваат дека миграцијата може да се претвори во средство за политички притисок врз Европската Унија.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11