НАСА ја лансираше „Артемис 2“ – четворица астронаути заминаа на мисија околу Месечината по половина век - Канал 5

НАСА ја лансираше „Артемис 2“ – четворица астронаути заминаа на мисија околу Месечината по половина век

НАСА ја лансираше ракетата SLS што ја носеше капсулата „Орион“ и ја започна мисијата „Артемис II“ кон Месечината од Кенеди центарот во Флорида. 

НАСА ја лансираше „Артемис 2“ – четворица астронаути заминаа на мисија околу Месечината по половина век

Џереми Хансен, Виктор Гловер, Рид Вајсман и Кристина Кох се четворицата астронаути кои се дел од екипажот на 10-дневната мисија која има за задача да ги однесе астронаутите до лунарната површина кадешто човекот не пристапил повеќе од 50 години.

Иако нема да слетаат, туку само ќе прелетаат покрај неа и предвидено е да се вратат на Земјата со помош на гравитацијата. Тие треба да патуваат кон Месечината околу четири дена, а ракетата ќе треба да помине зад нејзината далечна страна – дел кој не се гледа од Земјата. Нивната најблиска точка до единствениот природен сателит на Земјата ќе биде на околу 6.600 километри. Оваа мисија ја објаснуваат како технички тест за се што ќе им биде потребно на идните летови подлабоко во космосот, а целта е во иднина да се воспостави долгорочно човечко присуство на месечината и подготовка за идни мисии на Марс.

-Ќе ја тестираме капсулата, ќе ги поставиме темелите за Артемис 3 и 4 и ќе се обидеме безбедно да се вратиме и да слетаме во Тихиот океан. Тоа е она што ни е важно и она на што би требало да се фокусираме.Џереми Хансен – Астронаут.

-Ние заеднички ја донесовме одлуката да бидеме тука, на место кадешто сите добиваат можност за еднаков придонес и еднакво напорна работа за да ги достигнеме нашите соништа.Кристина Кох – Астронаут.

-Се фокусираме на тренингот, подготовките и сигурноста и цело време знаевме дека ова е прилика.Виктор Гловер – Астронаут

-Нашето раководство функционира многу добро. Комуницираат добро од врвот, па надолу кон екипажот и тимот од тренери. За мене, тоа беше потврда дека овој тим е спремен да оди на оваа мисија-Рид Вајсман – Астронаут .

Четирите дена патување кон месечината астронаутите ќе го искористат за да вежбаат процедури за итни случаи, меѓу кои и процедури за силна сончева бура. Откако ќе прелета покрај Месечината, „Орион“ капсулата ќе користи серија палења на моторот за да ја коригира својата траекторија и ќе се подготвува за слетување во Пацификот кадешто бродови на американската морнарица ќе ги извлечат екипажот и капсулата од океанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ја одржи 125. седница

Собранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.

Собранието ќе ја одржи 125. седница

Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите.

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Светската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. 

СЗО: Нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума.

Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа.

СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО.

На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.

Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО.

Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа.

Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер