3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот
ТехнологијаНАСА го сними најстарото ѕвездено јато во маглината „Тарантула“ Телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА успеа подробно да го сними најстарото ѕвездено јато во подрачјето на маглината Тарантула. Телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА успеа подробно да го сними најстарото ѕвездено јато во подрачјето на маглината Тарантула, дел од галаксијата Голем Магеланов Облак, којашто е оддалечена 160.000 светлосни години од Земјата, откривајќи нови карактеристики што ги продлабочуваат претходните научни сознанија за ѕвездите во зародиш. Ѕвездите во маглината, официјално наречена 30 Дорадус, долго време се подрачје на интерес за астрономите околу настанокот и формирањето ѕвезди. Благодарение на инфрацрвените инструменти на „Веб“ со висока резолуција, првпат се видливи илјадници млади ѕвезди, далечни галаксии и подробната структура на гасот и прашината во маглината. „Џејмс Веб“ е револуционерен вселенски телескоп вреден девет милијарди долари. Стопати е почувствителен од телескопот „Хабл“ и се користи за набљудување на пространството во инфрацрвениот спектар, што му овозможува да навлезе во облаците од гас и прашина во областите каде што се раѓаат ѕвездите. Сликите откриваат постудени подрачја, како и досега невидени светлосни точки во ѕвезденото јато коишто укажуваат на ѕвезди во зародиш, или „протоѕвезди“, кои сѐ уште добиваат маса. Интересот на астрономите за маглината Тарантула произлегува од нејзиниот хемиски состав сличен на оној на огромните пространства каде што ѕвездите се обликувале неколку милијарди години по Големата експлозија. Астрономите се уверени дека „Џејмс Веб“ најавува нова ера вселенски откритија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКонгресот на САД изгласа построги санкции против РусијаПретставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина.Претставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина, испраќајќи го законот до претседателот Доналд Трамп за негов потпис. Ова веројатно е најзначајната иницијатива на САД за поддршка на Украина откако Трамп се врати на функцијата: По Сенатот, и претставничкиот дом сега ги одобри новите санкции. Законот сега се нарекува „закон за санкции на Русија и Иран од Линдзи Греам од 2026 година“, во чест на покојниот републиканец од Јужна Каролина кој го предложи пред година ипол. Десетици демократи се одвоија од раководството на нивната партија и им се придружија на повеќето републиканци во поддршката на законот. Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон руската „флота во сенка“ од танкери кои ги заобиколуваат западните санкции и пловат низ меѓународните води што е спротивно на меѓународното право вклучитело и поморското, и се соочи со отпор бидејќи го овластува Трамп да воведе високи царини на Кина, Индија и други земји за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас и да ги продолжат санкциите кон Иран.Тагови: Конгрес русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерствоВо рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор.Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор, на кои во фокусот беа продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и отворањето нови можности за економска и инвестициска соработка. Мицкоски оствари средба со Caroline Vik, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и потенцијални инвестиции во Македонија во повеќе области, со посебен акцент на енергетиката, високите технологии и други стратешки сектори. DFC во своето работење посебен фокус става на енергетиката, современата инфраструктура и напредните технологии, а по проширувањето на нејзините овластувања располага со значително поголем капацитет за меѓународни инвестиции. Посетата на Вашингтон беше искористена и за серија политички средби со претставници на американскиот Конгрес. Претседателот на Владата оствари средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. На средбата се разговараше за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси на двете земји, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Мицкоски оствари средба и со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во разговорите беше истакнато значењето на традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и важноста на парламентарната соработка, политичкиот дијалог и размената на искуства меѓу двете земји. Серијата средби во Вашингтон претставува продолжување на заложбите за зајакнување на стратешкото партнерство со САД, но и за негово преточување во конкретна економска соработка, нови инвестиции и проекти од интерес за нашата држава. Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни и долгорочни македонско американски односи остануваат важен темел на соработката меѓу двете држави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законотИнсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок.СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини. Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години. Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДС и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема. Така за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 сограѓани, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, одговорност за никој нема. Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството. Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува. Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДС и ДУИ. Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter