НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа - Канал 5

НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа.

НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД. Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

YouTube video

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари.

Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места.

ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови

Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.

Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови

Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер.

Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри.

Меѓу загинатите, наводно, има и деца.

Некои од патниците биле заробени во уништеното возило.

Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Виткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според податоците од услугата Flightradar.

Авионот Боинг Ц-32А слета на аеродромот во Жешов околу 2:30 часот по московско време, додека истиот авион полета од московскиот аеродром Внуково околу 00:30 часот, според рускиот портал „Известија“.

Разговорите во Москва меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траеја три часа и 10 минути, според рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков. Разговорот беше суштински и отворен, оценет како конструктивен и доверлив.

Путин изрази голема доверба во овој процес, нагласувајќи ја корисноста од ваквите контакти. По Москва, американските претставници планираат да го посетат Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер