НАСА дефинитивно се откажа од лунарниот ровер- доцнењата и трошоците му пресудија на „Вајпер“ - Канал 5

НАСА дефинитивно се откажа од лунарниот ровер- доцнењата и трошоците му пресудија на „Вајпер“

Лунарниот ровер Viper (VIPER или Volatiles Investigating Polar Exploration Rover) на американската вселенска агенција НАСА влезе во историјата пред првата мисија.

НАСА дефинитивно се откажа од лунарниот ровер- доцнењата и трошоците му пресудија на „Вајпер“

Развојот на ова возило за истражување на поларните делови на Месечината беше прекинат поради скок на цените, како и доцнење на проектот, соопшти НАСА.

Роверот првично требаше да биде претставен на крајот на 2023 година, но една година претходно лансирањето беше одложено за крајот на 2024 година. Оттогаш има дополнителни проблеми, па поради новиот скок на цената, НАСА го информираше американскиот Конгрес за нивната намера да го напуштат овој ровер.

- Посветени сме на истражување на Месечината за доброто на целото човештво преку нашата програма CLPS (Commercial Lunar Payload). Агенцијата има серија мисии насочени кон пребарување на мраз и други ресурси на Месечината во следните пет години. На нашиот пат, максимално ќе ја искористиме технологијата развиена за проектот Viper, но ќе ги зачуваме критичните средства за поддршка на нашето огромно лунарно портфолио - рече Никола Фокс, помошник администратор на Дирекцијата за научна мисија во седиштето на НАСА во Вашингтон.

НАСА планира да го расклопи Viper и да ги користи неговите инструменти и компоненти за други мисии.

Самата мисија Грифин, која требаше да го вклучи лунарниот ровер, продолжува, а планот е да биде лансирана есента 2025 година.

Покрај тоа, НАСА веќе на крајот на оваа година планира мисија од програмата CLPS - ќе слета PRIME-1 на Месечината, која ќе бара мраз под површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“  биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата.

Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка.

Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот.

„Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој.

Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар Чупиќ

Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова .

Денеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар Чупиќ

Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Процесот Брдо-Бриони е регионална дипломатска иницијатива започнува во 2013 година од Словенија и Хрватска, со цела европска интеграција на Западен Балкан и зајакнување на регионалната соработка.

Синоќа се одржа и неформална вечера во организација на претседателката Сиљановска -Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони.

Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан.

-Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион,, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“

Осум лица се повредени и пренесени во Општата болница во Охрид по пожар што вчера избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во градот. П

Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“

оради пожарот, како што соопштија од секторот за внатрешни работи Охрид за локалните медиуми била извршена евакуација на жителите на заградата, а полицијата лишила од слобода едно лице поради основано сомневање дека го предизвикало пожарот.

Според информациите на полицијата, станува збор за 55-годишен охриѓанец со иницијали Ц.Н., кој се сомничи дека предизвикал пожар во својот стан.По добиената пријава, на местото на настанот интервенирале полициски службеници од СВР Охрид, екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински тимови. Повеќе станари биле безбедно евакуирани од зградата, додека осум лица со здобиени повреди и отежнато дишење со возила на итната медицинска помош биле однесени на болничко згрижување.

Од СВР Охрид соопштуваат дека во соработка со надлежните служби се преземаат дополнителни активности за помош на евакуираните станари и стабилизирање на состојбата на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер