СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков
2СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков
3Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје
ЖивотНародот му гладува , а кралот си ги почести 19- те сопруги со по еден Ролс Ројс (ВИДЕО)Кралот на малечката и сиромашна африканска држава Сватини одлучи да се почести себеси и своите сопруги со нови автомобили Rolls-Royce, а BMW ќе добијат членовите на поширокото семејство и соработниците.Кралот Мсвати III, е владетел на една од најсиромашните земји во светот, во која 63% од населението е сиромашно, а повеќе од половината се заразени со ХИВ. И, единственото нешто што се смени во последните децении е името на државата, кое кралот го преименува од Свазиленд во Кралство еСватини. Тој го стори тоа минатата година на неговиот 50-ти роденден, наводно за да ја одбележи 50-годишнината од „независноста“. HEARTBREAKING NEWS: Amidst all the economic challenges eSwazitini, King Mswati III yesterday decided to bless his wives with very expensive wheels 2 pic.twitter.com/2g9P7Z32OW — Mzilikazi wa Afrika (@IamMzilikazi) October 30, 2019 И во таква земја каде што половина од буџетот го добива кралското семејство, време е да се обнови возниот парк. Тој за себе си купи Ролс-Ројс , како и за своите 15 сопруги.Но , тој набавил 19 луксузни лимузини за секој случај , доколку се ожени со друга убавица. HEARTBREAKING NEWS: Amidst all the economic challenges eSwazitini, King Mswati III yesterday decided to bless his wives with very expensive wheels pic.twitter.com/QzGTT1uvfC — Mzilikazi wa Afrika (@IamMzilikazi) October 30, 2019 Тој ја прошири својата набавка за уште 120 БМВ, кои веќе пристигнаа во оваа сиромашна земја. БМВ ги испорача експресно минатиот четврток. King Mswati III of eSwatini owns 2 private jets. He got a $13.2 million private jet as his 50th birthday gift in 2018. He owns a $625,000 Rolls Royce, a $500,000 Maybach 62, a Bmw X6 and 20 Mercedes Benz S600 Pullman. pic.twitter.com/e2I1r6P2VG — Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) October 30, 2019 Инаку Мсвати III е еден од најбогатите монарси на светот со богатство проценето на над 200 милиони долари. Само минатата година, на пример, тој се почести со авион од 13,2 милиони американски долари, а има и околу дваесет Мерцедеси С-класа, лимузини Ролс-Ројс и неколку БМВ Х6.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
ТехнологијаЕУ предупредува за паметните очила: Можат да ве снимаат без ваше знаењеКорисниците на паметни очила кои објавуваат снимки на јавни профили на социјалните мрежи, или ги користат за деловни или политички цели, мора да ги почитуваат правилата за заштита на личните податоци. Ова се наведува во соопштението на Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), усвоено оваа недела. Хрватската Агенција за заштита на лични податоци (AZOP) соопшти дека изјавата е усвоена за време на последната пленарна седница на „EDPB“ во Брисел и претставува прв документ што дава прелиминарни насоки за корисниците, производителите и давателите на услуги. Јасни предупредувања наместо непријатни изненадувања „Кога станува збор за приватноста, поединците заслужуваат јасни предупредувања, а не непријатни изненадувања“, изјави претседателката на „EDPB“, Ана Талус. Како што е наведено во соопштението, снимањето на семејството или пријателите – како и активностите за приватни цели – генерално спаѓаат под т.н. „исклучок за домаќинство“, сепак, дури и во такви случаи, може да важат одредби од кривичното, граѓанското, работното или друго законодавство. Беше нагласено дека снимањето треба да биде јасно видливо – на пример, преку употреба на силни LED светла, звучни сигнали, гласовни предупредувања или известувања на паметен телефон – и дека таквите предупредувања мора да бидат сигурни и лесно забележливи. Одговорност на производителите и давателите на услуги Луѓето во близина треба да бидат свесни дека може да бидат снимани, дури и на јавни места. Производителите и давателите на соодветни апликации и услуги не можат да ги префрлат своите обврски врз корисниците, згора на тоа, секоја нова обработка на податоци мора да остане во согласност со првичната цел за која податоците биле собрани. Во соопштението, исто така, се поттикнува развојот на индустриски стандарди и мерки за подигање на свеста, со цел да се осигура дека поединците знаат кога се користат такви очила и како се обработуваат нивните податоци. Зголемени ризици за децата и на чувствителни локации Се истакнува дека паметните очила можат да снимаат луѓе без нивно знаење. Овие ризици се зголемени во чувствителни средини – како што се болници, училишта и работни места – како и кога снимките се споделуваат на социјалните мрежи. Децата се особено ранливи, без разлика дали самите ги користат очилата или се снимани од други лица. „Овие уреди изгледаат како обични очила, но содржат камери и микрофони и се поврзани на интернет“, изјави Талус. Извештај за злоупотребата на паметните очила Како прилог кон изјавата, изготвен е извештај насловен „Поврзан поглед: видеоснимање, надзор и прибирање докази во ерата на паметните очила“. Овој извештај е нарачан од Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB) – по предлог на францускиот орган за заштита на податоци – а негов автор е надворешен експерт по дигитална социологија. Извештајот ги разгледува искуствата на корисниците, а особено начинот на кој поединците што се предмет на снимање ги перципираат овие ризици. Резултатите покажуваат дека паметните очила понекогаш се користат за следење на други лица и за прибирање докази против нив, при што оние што ги носат – и знаат како да ги користат – имаат предност пред луѓето што ги снимаат, честопати без знаење на вторите. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: ЕУ паметни очила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на зависности и насилствоПолициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“.Денеска (16.10.2026) полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беа посочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат, како и санкциите за ваквите прекршоци, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Превентивна активност од областа на сообраќајот спроведе и Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на ПС Чаир, каде во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, низ непосредна комуникација, на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на почитување на брзината на движење, а беа информирани и за функционирањето на „Безбеден град“. Одделението за превенција при СВР Скопје во ООУ „Стив Наумов“, на подрачје на ПС Гази Баба, реализира едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство и превенција од зависности. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават во различни форми. При тоа, на учениците им беа појаснети и начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, учениците беа запознаени со штетните последици, но и начините за превенција од зависностите како што се наркотиците, цигарите, алкохолот и игрите на среќа.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морковПрво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине - лаже.Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш. Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува. Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно. Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него. Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот. Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност. Струјата останува иста - додека не поскапи. Животот ќе биде подобар - за три години. Истите бајки. Истиот метод. Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација. Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш. Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети. Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook