Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување
1Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
2„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
3Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“
БалканНародно собрание на Република Српска: Судот на БиХ изврши државен удар со пресудата за ДодикСобранието побара од Јавното правобранителство на РС да поднесе кривична пријава против сите обвинители од Обвинителството на БиХ и судии од Судот на БиХ, кои постапувале по одлуката на Шмит. Народното собрание на Република Српска (НСРС) вечерва оцени дека Судот на Босна и Херцеговина изврши државен удар и целосно го урна уставниот поредок на БиХ со тоа што донесе првостепена пресуда против претседателот на РС, Милорад Додик, „врз основа на одлука на неизбран странец, Кристијан Шмит, а не врз основа на закон усвоен од Парламентарното собрание на БиХ“. По дводневна седница, на која се разгледуваше информацијата за „уништувањето на Уставот на БиХ – мерки и задачи за негово зачувување“, парламентот на РС усвои сет заклучоци, предложени од пратеничката група на владејачката коалиција предводена од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД). Парламентот на РС со заклучок ги отфрли и не ги признава одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит, а ги прогласи за ништовни сите закони и одлуки на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ, пред сè Високиот судски и обвинителски совет (ВСТС), Обвинителството и Судот на БиХ, како и Агенцијата за истраги и заштита (СИПА). Собранието побара од Јавното правобранителство на РС да поднесе кривична пријава против сите обвинители од Обвинителството на БиХ и судии од Судот на БиХ, кои постапувале по одлуката на Шмит. Во заклучоците се осудува постапувањето на Обвинителството на БиХ против пратениците во НСРС, а се најавува и законска забрана за работа на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ на територијата на РС. Заклучоците стапуваат во сила веднаш, се истакнува во соопштението./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекувањеПетмина лекари интернисти од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола ќе одговараат за несовесно лекување на 40-годишна пациентка која во јуни 2024 година починала по тешко влошување на здравствената состојба.Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против интернистите за тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинението, тие се товарат дека во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година не ја утврдиле вистинската здравствена состојба на пациентката и не презеле соодветни дијагностички и терапевтски мерки. „Во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година, лекарите пропуштиле навремено да ја дијагностицираат и третираат состојбата на пациентката. Таа првично се јавила во болницата со упат од матичен лекар под сомнение за тромбофлебитис, односно воспаление на вените. Сепак, без детални анализи и целосна анамнеза, лекарите ѝ поставиле погрешна дијагноза, ревматоиден артритис, и ја пуштиле на домашно лекување“, соопштија од ОЈО Битола. Според Обвинителството, со ваквиот пристап била пропуштена реална можност навреме да биде откриен тромботичниот процес, да започне соодветно лекување и да се спречи неговото понатамошно напредување. Случајот датира од крајот на мај и почетокот на јуни 2024 година. Четириесетгодишната пациентка првпат побарала помош во битолската болница на 28 мај, со сомнение од матичниот лекар за воспаление на вените, но била дијагностицирана со ревматоиден артритис и пуштена дома. Само неколку дена подоцна, на 1 јуни, повторно се вратила во болницата со силни болки во стомакот и значително влошена општа состојба. Овојпат била хоспитализирана. Според обвинението, и покрај абнормалните лабораториски и биохемиски резултати, во следните четири дена не биле направени дополнителни испитувања за да се утврди причината за влошувањето и да се одреди соодветна терапија. Состојбата продолжила да се влошува, а попладнето на 4 јуни пациентката побарала помош во приватна клиника во Скопје. Таму итно била оперирана, при што лекарите констатирале тромбоза на горната и долната мезентерична артерија и комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Болеста веќе била во напредната фаза и состојбата била оценета како неоперабилна. Пациентката починала следниот ден, на 5 јуни 2024 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 53 илјади студентиНови почетоци, нови амбиции, но и прашање кое за многумина е клучно во годините што претстојат – што ќе им донесе академскиот живот? На платото на УКИМ свечено беше означен почетокот на новата академска година, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование Весна Јаневска. За бруцошите – пораки за знаење, истрајност и искористување на можностите што ги носат студентските години. Но, покрај факултетот, испитите и дипломата, бруцошите и годинава се исправени пред важен предизвик – дали својата иднина ја гледаат во Македонија или надвор од неа. Дали по завршувањето на студиите планирате да останете во Македонија или би заминале во странство? На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се обрати и премиерот Христијан Мицкоски. Неговата порака до бруцошите – каде и да ги однесе образованието и животот, да се вратат дома. „Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде таму далеку од овде е подобро и дека таму е сѐ поинаку отколку тука дома.Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. / Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот.“ – Христијан Мицкоски. Околу 13 илјади бруцоши денеска го започнаа своето високо образование на универзитетите низ земјава, отворајќи ново поглавје во своето образование. Тагови: студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКос за новата стратегија за проширување: Повеќе Европа пред полноправно членство „Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување .„Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување која треба да биде објавена следната недела, а веќе одекна како проект без преседан. Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) и бесплатен роаминг се дел од примерите како земјите кандидатки ќе се интегрираат во ЕУ додека трае пристапниот процес, објаснува еврокомесарката. -Ќе се обидеме со таканаречениот претпристапен преглед да разговараме со земјите-членки кои се областите каде што за оние земји-кандидатки на кои ќе им треба повеќе време би можеле да понудиме повеќе Европа пред полноправното членство. // Тоа не е замена за членството. Бидејќи принципот базиран на заслуги бара време, ќе можеме, откако земјата кандидат ќе ги исполни критериумите за делумна интеграција во различни области, да го сториме ова и пред целосното членство. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување . Според нацрт-предлогот во кој увид имаше реномираниот бриселски медиум Политико, стратегијата значи дека Европската Унија ќе го отвори својот огромен пазар вклучувајќи и непречена трговија за земјите во европската чекална, под услов тие да се усогласени со европската надворешна политика против непријателските држави и индустриските соперници. Во спротивно, пристапот ќе се суспендира - се предупредува во предлогот. -Пристапувањето бара време: земјите-кандидатки мора да завршат ригорозен процес базиран на заслуги и да спроведат далекусежни и трајни реформи. Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно. Пристапот треба да се суспендира или повлече каде што е потребно. - Политико. Новата стратегија за проширувањето ќе биде претставена на 6 октомври по што ќе биде проследена на пленарна сесија во Европскиот парламент, а на 16 октомври ќе се дискутира во Советот на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter