Народната банка на Србија доби предупредување за воведување на секундарни санкции поради НИС - Канал 5

Народната банка на Србија доби предупредување за воведување на секундарни санкции поради НИС

Централната банка на Србија добила предупредување за можност за воведување на таканаречените секундарни санкции, поради Нафтената индустрија на Србија (НИС).

Народната банка на Србија доби предупредување за воведување на секундарни санкции поради НИС

Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека тоа предупредување е сфатено сериозно.

„Самиот поим за санкции не звучи добро. Се надевам дека нема да има такви санкции бидејќи тоа би значело блокирање на сите плаќања“, нагласи Табаковиќ

„За нас, тоа е сериозна закана и го сфаќаме ова предупредување многу сериозно“, рече таа.

Табаковиќ додаде дека Централната банка на Србија не добила попрецизно објаснување за тоа што точно би значеле тие секундарни санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

46. Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината

Родитeлите и блиски на загинатите во пожарот во квазидискотеката „Пулс“ во Кочани вчера го одржаа 46. по ред марш кој почна во Паркот на револуцијата.

46. Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината

Носеа транспаренти на кои пишуваше „Корумпираната држава ни ги украде децата“, како и „Ние родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“...

Маршираа низ трговскиот центар со кратки запирања пред зградите на УЈП и полициската станица.

Обраќање за јавност имаше пред Основниот суд, во кое реагираа на привременото отстранување од постапката на обвинителката Наташа Сарамандова, што се случи на последното рочиште на барање на адвокати на обвинетите.

Тие побараа нејзино изземање, поради, како што наведоа, пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење, а за барањето треба да одлучува државниот јавен обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во Струга: Мајка си ги оставила двете деца да спијат во автомобилот, додека била на работа

ОВР  Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. 

Ужас во Струга: Мајка си ги оставила двете деца да спијат во автомобилот, додека била на работа

Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.

Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возеле камиони во спротивна насока на патот Гостивар- Тетово, двајцата се уапсени

Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави.

Возеле камиони во спротивна насока на патот Гостивар- Тетово, двајцата се уапсени

На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење.

Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење.

Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер