Народна банка: Каматните стапки на благајничките записи непроменети - Канал 5

Народна банка: Каматните стапки на благајничките записи непроменети

Каматните стапки на благајничките записи непроменети, инфлацијата во првите два месеца од годинава пет проценти.

Народна банка: Каматните стапки на благајничките записи непроменети

Тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, кои и натаму постојат и се нагласени. Каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 5,35 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто, соодветно. Непроменета е и понудата на благајничките записи на редовната аукција и изнесува 10 милијарди денари.

Ова, како што информира Народна банка, е оценето на вчерашната редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата биле разгледани најновите податоци за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Просечната инфлација во периодот јануари − февруари 2025 година изнесува пет отсто, при пониска споредбена основа од истиот период од претходната година, но и при натамошен умерен раст на дел од ценовните категории на месечна основа.

- Месечната динамика на инфлацијата од почетокот на годината главно произлегува од цените на храната и енергетската компонента, додека базичната инфлација има неутрален придонес. Воедно и годишната динамика на базичната инфлација е релативно стабилна, при што во февруари беше забележано и одредено забавување. Во однос на инфлациските очекувања, во рамките на февруарските анкети на Европската комисија за очекувањата на потрошувачите преовладуваат очекувања за посилно намалување на цените во следниот период. Последните проекции за берзанските цени на примарните производи за следниот период се променети претежно во нагорна насока, што упатува на ризици и потреба за внимателност, се вели во соопштението.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. - Нивото на девизните резерви, на крајот на февруари, изнесува 4.861,3 милиони евра, што е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Промената кај девизните резерви од почетокот на годината е близу до очекувањата за првиот квартал на 2025 година. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јануари 2025 година засега е малку понизок во споредба со очекувањата за првиот квартал од октомврискиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со февруари 2025 година упатуваат на поумерени нето-приливи од приватните трансфери, во споредба со проекциите за првиот квартал. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во четвртиот квартал од 2024 година е незначително повисок од очекувањата во согласност со октомвриската проекција, при истовремено повисоки остварени нето финансиски приливи во однос на очекувањата, особено кај директните инвестиции, стои во соопштението.

Од Народна банка посочуваат дека во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во март била донесена одлука за намалување на каматните стапки за по 0,25 процентни поени, под влијание на согледувањата за движењето на инфлацијата и силината на преносот на монетарните сигнали во еврозоната.

- Економскиот раст, во последниот квартал на 2024 година, благо забрза и достигна 3,2 отсто, што е речиси идентично со проекциите на Народната банка. Просечниот раст остварен за целата 2024 година изнесува 2,8 отсто и е повисок од очекувањата, при нагорни ревизии во податоците за првата половина на годината. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2025 година во моментов се ограничени за попрецизни согледувања. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со брзината и обемот на остварување на домашните инфраструктурни проекти. Во монетарниот сектор, депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст, коишто и натаму се повисоки од очекувањата за првиот квартал од годината, укажувајќи на поголема кредитна поддршка на економијата од очекувањата, се вели во соопштението.

Според Народна банка, последните остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, наметнуваат натамошно внимателно водење на монетарната политика.

- Ризиците поврзани со надворешното окружување и натаму постојат и добиваат на интензитет, додека внимателно се следат и домашните фактори коишто можат да влијаат врз побарувачката и ценовната динамика во наредниот период. Оттука, водењето внимателни макроекономски политики ќе биде приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и ценовната стабилност на среден рок, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме

13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме, три лица лишени од слобода.

Тројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме

За време на прославата на Денот на албанското знаме, на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје, Тетово, Охрид и Куманово, регистрирани се 13 нарушувања на јавниот ред и мир.

Министерството за внатрешни работи презема интензивни мерки за целосно расчистување и документирање на сите настани. Досега се поднесени две кривични пријави за кривичните дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, изготвени се 10 записници за констатирани прекршоци, а три лица се лишени од слобода.

На подрачјето на СВР Скопје регистрирани се седум нарушувања на јавниот ред и мир, на подрачјата на Бит Пазар и Ѓорче Петров. Изготвени се седум записници за прекршоци против четири лица, од кои три за отстранување, кинење или оштетување на државни симболи и симболи на заедниците, еден за карање, викање или непристојно и дрско однесување, како и три прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот – управување возило без возачка дозвола, управување со брзина поголема од дозволената и движење во спротивен правец. Поднесена е и кривична пријава против едно дете за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. При преземањето мерки за расчистување на настаните, две лица биле лишени од слобода

На подрачјето на СВР Тетово регистрирани се две нарушувања на јавниот ред и мир од страна на деца, со употреба на пиротехнички средства на Градскиот плоштад во Тетово, како и настан во кој било поставено албанско знаме на полициско возило. Се преземаат мерки за целосно документирање на настаните и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На подрачјето на СВР Охрид регистрирани се две нарушувања на јавниот ред и мир, во Кичево и Струга. Во Кичево, на градскиот плоштад биле поставени неколку знамиња на Република Албанија, по што е составен записник за сторен прекршок. Во Струга, во основно училиште биле поставени знамиња на Република Албанија, без да биде истакнато знамето на Македонија. По преземените мерки, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка против одговорното лице во училиштето.

На подрачјето на СВР Куманово регистриран е еден настан за време на дефиле со возила низ централното градско подрачје. Полициски службеници забележале две лица, од кои едното се дало во бегство, додека другото било задржано. При извршен преглед кај него бил пронајден пиштол марка „Црвена Застава“ и рамка со пет куршуми. Лицето е лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

МВР продолжува со преземање мерки за целосно расчистување на сите регистрирани настани и постапување согласно законските надлежности, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму

Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!“ .

„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму

На Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), кој се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!“ на која присуствуваа над 400 делегати и претставници од политичките партии, граѓанските организации, дипломати и останати гости , Моника Зајкова побара да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери од осамостојувањето до денес. Таа предложи да се утврди што поседувале пред да стапат на функција, што стекнале потоа и дали стекнатиот имот одговара на нивните законски приходи.

„Родена сум во 1991 година, годината кога Македонија ја стекна својата независност. Токму од таа година барам да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери, по јасни законски правила и без селективност“, рече Зајкова. Таа нагласи дека проверката треба да ги опфати и функционерите од ЛДП. „И за нас да важат истите правила“, порача Зајкова.

Зајкова зборуваше и за условите што им се потребни на младите за да изградат живот во Македонија. Го посочи субвенционираниот студентски оброк како пример за иницијатива на ЛДП што станала законско решение. Како следни чекори ги издвои усогласувањето на износот на субвенцијата со трошоците за живот и поддршката за младинското претприемништво. Млад човек не треба да избира меѓу својата професија и својата држава“, рече пред присутните Зајкова.

Свења Хан, претседателка на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и европратеничка од Германија, во своето видеообраќање ја нагласи поддршката за европската перспектива на Северна Македонија. Хан порача дека земјата ѝ припаѓа на Европа и дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија мора да остане веродостоен и остварлив.

„Ви го честитам вашиот деветти конгрес. ЛДП со години ги брани либералните вредности во Северна Македонија“, потенцираше Малик Азмани, потпретседател на АЛДЕ и европратеник од Холандија.

Ирена Јовева, европратеничка од Словенија од движењето „Слобода“, се осврна на европската интеграција на земјата и на местото на македонскиот јазик и идентитет во Европа.

„Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на билатерални спорови. Но исто така не смее да биде ни заложник на домашни политички пресметки. А македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се пречка за европската иднина. Тие се дел од неа“, истакна Јовева.

На конгресот се обратија и Дејвид Чалмерс, претседател на Федералниот комитет за меѓународни односи на британските Либерални демократи, и Маријана Пуљак, пратеничка во Хрватскиот сабор и претседателка на хрватската партија „Центар“.

„Без разлика дали Британија е во Европската Унија или надвор од неа, вашата партија има силен и сигурен пријател во британските Либерални демократи. Можеби сме во различни фази на нашиот европски пат, но споделуваме исти вредности, многу заеднички цели и визија за Европа во која сакаме да живеат идните генерации“, рече Чалмерс.

„Хрватското искуство нè научи на важна лекција. Влезот во Европската Унија е голема пресвртница, но градењето вистински европско општество е процес што никогаш не завршува. Европа значи слобода, владеење на правото, независни институции и еднакви можности за сите. Тоа се вредностите што нè поврзуваат како либерали“, додвлече Пуљак.

Меѓу меѓународните гости беа Јоана Павел од АЛДЕ, Балинт Ѓеваи од Европскиот либерален форум, Кинче Силаш од унгарското движење „Моментум“, Есад Шаиновиќ и Амар Боранчиќ од Либералната партија на Црна Гора, Миодраг Влаховиќ од „Слобода и демократија“, Арис Мовсесијан од Движењето на слободни граѓани и Андреа Беседеш Наѓ, пратеничка во Народното собрание на Србија, како и Елиза Хоџа, Бернард Никај и Бесиане Мусмурати од Демократската партија на Косово. Присуствуваа и претставници на домашните политички партии од власта и опозицијата, дипломатскиот кор, граѓанските организации и медиумите.

За придонесот во создавањето и развојот на партијата, ЛДП постхумно им додели плакети на Филип Аврамчев и Велимир Кузмановски. Плакети им беа врачени и на проф. д-р Владимир Петрушевски, Драган Малиновски, Доне Глигориу, Тома Глигориевски и проф. д-р Никола Пановски.

Во работниот дел на конгресот делегатите избираат претседател на ЛДП, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Од вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... 

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми.

Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот.

Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот.

Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер