Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата
1Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата
МакедонијаНаредните 48 часа се клучни, ќе врне дожд ама и снег: Радарот покажа морничав облак над Македонија!Октомври донесе студено време, а уште првиот ден од овој месец може да се претпостави што не очекува до крајот.Се редат метео-упозорувања од УХМР за претстојни врнежи, а тоа може да се забележи и на снимките од радарот. Имено, сликите забележани преку сајтот „Zoom Earth“ покажуваат дека не очекуваат временски непогоди во наредните 48 часа, како и огромен пад на температурата. Ако досега не сте ги извадиле јакните и зимската облека, ве потсетуваме да се подготвите на време. Можеби ќе ве интересира: Доаѓа арктичка зима на 2025/2026: Поларниот вртлог се распаѓа – еве што не чека после жешкото лето! Според најавите, се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а локално и над 50 литри на метар квадратен. Дожд во градовите, снег во планините Според прогнозата на УХМР, од утре поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Во петок, со натамошно опаѓање на температурите, ќе има услови за снег и на повисоките места. На планините се очекува формирање значителна снежна покривка. Можеби ќе ве интересира: Нагло заладување и обилен дожд, снег на планините од четврток Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во Скопје, од денес кон крајот на денот до петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено побилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: време временска прогноза Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНесреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децатаНајмалку 20 лица се повредени откако автобус со повеќе од 50 патници, главно ученици од Германија, се преврте во Холандија рано утринава.На патот А28, во близина на Везерп, автобусот излетал од коловозот откако се судрил со доставно возило, јавува холандскиот сервис NOS. Според локалните власти, автобусот удрил во доставното возило одзади, при што тоа скршнало и се превртело на страна на спротивната страна од патот. Во автобусот имало повеќе од педесет луѓе, главно ученици од Германија. Осум лица се пренесени во болница со повреди, меѓу кои и возачот на доставното возило. Според полициските извештаи, некои од нив се во тешка состојба. Покрај повредените кои морале да бидат пренесени во болница, голем број други лица со полесни повреди биле прегледани на самото место. Според портпаролот на полицијата, меѓу повредените имало и тинејџери. Фотографиите објавени во холандските медиуми покажуваат како пожарникарите ги извлекуваат патниците низ покривот на автобусот. Повредените, како што се наведува, главно се здобиле со исеченици од стакло. По несреќата, автопатот А28 беше затворен во двете насоки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: На Мицкоски му треба алиби за избори затоа што сè во државата е заглавено и нема резултатиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери“, рече Филипче. Тој посочи дека власта нема резултати во ниту една клучна област и дека последиците од лошото управување директно ги чувствуваат и граѓаните и компаниите. „Нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. Огромни се долговите кон компаниите. Близу 200 милиони евра се должи за поврат на ДДВ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ додаде дека компаниите се соочуваат со проблеми со ликвидноста, има отпуштања на работници, пад на странските инвестиции и на индустриското производство. „Гледаме како е падот на странските инвестиции, има пад на индустриското производство. Еден тотален непрофесионален начин на водење на државата, комплетна незаинтересираност за било што добро за државата и за граѓаните“, рече Филипче. Филипче потенцираше дека СДСМ е подготвена за изборите која и да се одржат, уште утре. „Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите и со тимот и со програмата, со Мастер планот за Македонија и Договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември. За избори сме спремни кога и да бидат. Ама нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака. Зошто му е СДСМ сега? Зошто му е? Не навлегуваме во таа игранка. Човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари, а пари снемуваат сè повеќе и повеќе“, рече Филипче. Тој најави дека Мастер планот ќе содржи шест јасно дефинирани точки за иднината на државата, зајакнувањето на системот и благосостојбата на граѓаните. „Шест точки јасно, добро дефинирани, да знаат граѓаните за што ќе гласаат кога и да се случат следните избори“, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизГеоргина Родригез им стана законска мајка и на трите најстари деца на Кристијано РоналдоГеоргина Родригез им стана законска мајка на трите најстари деца на Кристијано Роналдо, Со оваа одлука, нововенчаниот пар направи уште еден важен чекор во својот семеен живот.Георгина Родригез, сопругата на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, стана законска мајка на неговите три најстари деца само една недела откако парот стапи во брак, објавија португалските медиуми. Со тоа, новопечените сопружници направија уште еден важен чекор во својот семеен живот, при што Роналдо официјално ја именуваше Георгина за законска мајка на своите деца. Двојката го доби своето прво заедничко дете, ќерката Алана, во 2017 година. Пет години подоцна, ја добија ќерката Бела Есмералда, додека нејзиниот брат близнак, за жал, почина при раѓањето во 2022 година. Според португалските медиуми, Георгина сега е законски старател на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, како и на близнаците Ева Марија и Матео. Идентитетот на биолошката мајка на 16-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор останува тајна, а Роналдо го има целосното старателство над него. Тој исто така има целосно старателство над деветгодишните близнаци Ева и Матео, кои се родени со помош на сурогат-мајка. Откако е во врска со Роналдо, Георгина изгради близок однос со неговите деца и се вели дека секогаш се однесувала кон нив како да се нејзини сопствени.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter