ТенисНарди за триумфот над Ѓоковиќ: Чудо, никој не ме познаваше пред натпреварот Дваесетгодишниот Италијанец Лука Нарди, победата над Ѓоковиќ во третото коло на турнирот во Индијан Велс ја нарече чудо.Тој посочи дека по овој триумф на Мастерсот во Индијан Велс станал познат низ целиот свет. - Пред овој натпревар никој не ме познаваше. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Јас сум многу среќен. Не знам како успеав да издржам и да не се нервирам. Мислам дека се случи некакво чудо затоа што 20-годишен дечко, број 100 во светот, го победи Новак. Ова е лудило. Не очекував да победам денеска, но се обидов да дадам се од себе и го направив тоа, изјави Нарди по натпреварот. A night he’ll never forget 🥹@luca___nardi | #IndianWells | #TennisParadise pic.twitter.com/5oJXrOQDO5 — BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 12, 2024 Противник на Нарди во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи Пол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Гордана Сиљановска давкова го осуди инцидентот пред бугарската амбасадаЗа осуда е вчерашниот вандалски чин во кој опожарени беа две возила на бугарската амбасада, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа не верува дека ова може да ги наруши односите помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи како што рече од наша страна е направена брза реакција во пронаоѓање на сторителот. Во однос на тврдењето на поранешниот член на Македонско- бугарската историска комисија, Огнен Вангелов, дека покрај уставните измени, во Протоколите има многу други услови, Сиљановска- Давкова вели тоа е доказ дека треба да има гаранции од бугарска страна дека внесување на бугарите во Уставот ќе биде нивното последно барање од Македонија. - Мислам дека тоа што го кажа професорот Вангелов е точно, не само низ призма на правна анализа на договорот, туку и низ призма на неговото конкретно искуство во работата а комисијата. Ние тоа го слушаме не само од политичари, туку и од многу други луѓе. Затоа сметаме дека треба нешто друго да се направи, дека треба гаранции да има. - Гордана Силјановска Давкова Во однос на отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ на Украина и на Молдавија, претседателката нагласи дека според неа, Западен Балкан е далеку по подготвен од нив, и дека ако тие можат за една година да отворат шест кластери и поглавје, можеме и ние. - Јас имам длабоки чувства и разбирање за Украина и за Молдавија, меѓутоа не можам а да не кажам дека Западниот Балкан е многу понапред од нив, впрочем скринингот тоа го покажува и дека ако може тие технички да напредуваат за една година шест кластери и поглавја да поминат, исто така можеме и ние. Бидејќи, пречката кон нас е ирационална според мене. - Гордана Силјановска Давкова Европската Унија, според претседателката Сиљановска треба да најде механизми што ќе спречат блокирање на проширувањето поради идентитетски и историски причини, наместо поради исполнување или неисполнување на европските критериуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВ.Д. амбасадорот на Македонија во Софија повикан на разговор во бугарското МНРВршителот на должноста амбасадор на Македонија во Софија денеска бил повикан во бугарското министерство за надворешни работи во врска со палењето на двата автомобили на амбасадата на Бугарија во Скопје.Како што информираа од бугарското МНР, заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласил дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарекол, демонстративен чин на агресија, кој ги довел во опасност здравјето и животот на вработените во бугарската амбасада, како и на жителите на главниот град на Македонија. „Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции во соседната држава и брзата реакција на надлежните органи, која доведе до приведување на сторителот. Истовремено, очекуваме да се спроведе ефикасна истрага и правна разрешница на случајот, со што јасно ќе се покаже дека ваквите дела се недозволиви“, истакнал Полендаков и додал дека секој обид за ширење страв на Бугарите во Македонија е неприфатлив – соопштија од бугарското МНР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаЛишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возилоСите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди. Пет лица во Тетово (двајца малолетници), тројца во Скопје, двајца во Прилеп (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар возеле без возачка дозвола. Еден од малолетниците во Тетово и уште еден друг возач претодно учествувале во сообраќајни незгоди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38