Медицинскиот факултет се огласи за докторот Дарко Василевски, кој штрајкува со глад поради вработувањето
1Медицинскиот факултет се огласи за докторот Дарко Василевски, кој штрајкува со глад поради вработувањето
ЖивотНапуштила студии во Америка поради дрога, албанска државјанка се справи со зависноста во Конопиште Напуштила студии во Америка поради дрога, албанска државјанка се справи со зависноста во кавадаречкото село Конопиште. Дваесет и осумгодишната девојка Е.Д. ја сретнав во Центарот за одвикнување од зависности Нарконон Балкан, каде што сега волонтира и помага и други зависници да ја пронајдат смислата на животот и да се оттргнат од канџите на злото на модерниот свет. Ја раскажа својата лична приказна за МИА, сакајќи нејзината судбина превентивно да влијае, за други млади луѓе да не тргнат по погрешниот пат од крстосницата на животот. -Јас сум од градот Берат. Бев студент во Америка. Истовремено работев и студирав уметност. Можев да си го плаќам самата школувањето. Се одеше добро. Во периодот додека бев таму, првпат пробав дрога. Се наоѓав во тежок период. Истовремено, во тој период бев опкружена со друштво кое користеше дроги. Мислев дека ќе пробам еднаш и толку. Така почнав. Потоа, со зависноста, дојдов до еден момент кога земав премногу дрога и ги користев сите мои пари за да земам дрога. Така несвесно, барајќи излез од моите лични проблеми, западнав во уште поголеми проблеми. Еден од факторите за лошиот период во животот беше и опкружувањето кое можеби ми беше и поттик за моите проблеми во тој период. Во тој период ја имав оттргнато својата фамилија од себе. Ако бев опкружена со позитивни луѓе тогаш, сигурно дека ќе сум можела да успеам да се справам со проблемите. Не бев во комуникација со моите. Дури и сите што ми беа вистински пријатели, за жал ми беа тргнати настрана. Главно се дружев со луѓе, кои имаа лошо влијание врз мене. Поради непријателите, ги оттргнав од себе добрите луѓе кои ми посакуваа добро, раскажа таа. Една и пол година била на дрога. Користела хероин. Поради проблемите со дрогата не запишала нов семестар и се вратила во Албанија. Во тој период била во лоша комуникација со семејството. -Дури и тие што ме дружеа во деструктивните активности, дури и тие се оттргнаа од мене и останав сама. На крај видов дека сите тие ,,другари и пријатели" дотогаш биле со мене само од корист. Демек ако земаме заедно дрога, ќе бидеме друштво. Ако не, не. Имаше период кога престанав да работам и немав пари да се издржувам себеси. Тогаш разбрав дека во такви услови, нив повеќе ги нема околу мене. Додека имав пари, ме дружеа. Другари од корист. Имаше период кога немав место каде да живеам. Требаше да бирам. Ако појдев кај мојата фамилија, не ќе можев да се дрогирам. Ако одев кај нив, тие ќе ми помогнеа. Се вратив кај родителите и тие ме испратија во Нарконон. Сестра ми онлајн разбрала за ова прекрасно место и така јас станав дел од него. Седум месеци ми траеше програмата на одвикнување од зависност и успешно ја завршив, откри таа за своите грешки, за кои се кае. Веќе три ипол години волонтира и живее во поткожувското село -Ослободена од дроги, сега придонесувам во општеството, тоа е крајниот резултат. Фамилијата ми беше се, згрешив што ја тргнав од себеси. На крај, сепак токму фамилијата беше таа што ми помогна кога длабоко забраздив со дрогата. Потрошив многу пари на дрога. Иако бев во Америка и видов многу убави места, кога не си самиот со себе добар, залудно е се околу тебе добро. Кога си самиот со себе ок, ќе си уживаш и во најмалите нешта што те прават среќен. Па макар било тоа во Конопиште. Волонтирам и им помагам на луѓето кои го имаат истиот проблем. Да не заглавуваат уште повеќе, туку да се спасат и да придонесуваат во општеството, децидна беше мојата нова пријателка. Станува збор за убава русокоса девојка, па неизбежно беше прашањето можно ли е ете да ја правиме македонска снаа. -Таа веќе е македонска снаа на некој начин, во врска е со битолчанец кого го запозна токму тука, коментираа нејзините другари од веселото и позитивно друштво во Конопиште. Слична животна приказна има и Клајди А. Како што самиот кажа за МИА, во факултетските денови во Англија каде студирал и работел, западнал во лошо друштво, меѓу лоши луѓе, а претходно не ни помислувал дека еден ден ќе користи дрога. На коментарот дека бајаги големи ги излажале и дека вообичаено се мисли дека младите стануваат жртви на модерната чума во средношколските години, добив одговор дека дрогата не бира старост, туку напаѓа наивни луѓе, од многу млада, до постара возраст. Тој се навлекол сосема случајно и четири години бил на кокаин. -Деструктивните луѓе се вешти во нивното манипулаторство. Најлошото нешто што го направив за дрогата, е тоа што украдов од мојата фамилија. Од мојата мајка и мојот татко. Без да ги прашам, им земав пари. Ги разочарав и им го загорчив живорот. Имав проблеми со нив поради тоа. Сега многу се каам заради таквите мои непромислени постапки. Им потрошив многу пари, финансиски стоеја добро. Парите и не се толку важни, страшното е во тоа што ги исплашив моите. Можев да го уништам семејството. Затоа што ако една личност во семејството не е ок, може целото семејство да се распадне. Со години не ги видов моите родители среќни. Затоа што ме гледаа во таа состојба. Тие дознале за Нарконон и ме испратија во Конопиште. Пред да дојдам не знаев ништо за програмата на одвикнување, само дека е рехабилитациска. Триесет и два месеца сум тука, сега исто така волонтирам, рече тој, нагласувајќи дека од минатото, добро е само тоа што барем успеал да дипломира економија. Успеав да вратам некои од пријателите кои претходно ги изгубив поради дрогата Во Нарконон Балкан го сретнав и 22 годишниот Дарко, жител на мало место од истокот на државава. Според него, зависност се стекнува и со редовно користење марихуана, па ми раскажа за неговиот пат кон одвикнување. -Од лично искуство можам да кажам дека и зависноста од марихуана прави проблеми со фамилија, на работа, со самиот себе. На почетокот, не се соочував со проблемите кои доаѓаа, туку се обидував да ги избегнам. Мислев дека ќе поминат онака самите од себе, а проблемите уште повеќе и повеќе те притискаат. И пукаш што се вели. Околу три ипол години редовно користев марихуана. Почнав да студирам во Скопје. Имав цимери кои пушеа. Работев и студирав. Сепак треба да има проблем некој, според мене, за да почнеш тоа да го правиш. Со девојка нешто, несериозно, но онака и од работа ајде да се опуштам да видам како е да пробам. И толку фали ете. Влече. Набавував од локални дилери. Можев без нејзе, но при секој проблем периодично пак и се враќав, откри тој за МИА. Коментиравме дека во тиквешкиот крај велат ,,напавкан" е, за некој кој е под дејство на марихуана. -Многу глупаво се чувствуваш во тој момент, неразумно, несвесно, не размислуваш. Фобичен си. Се плашиш од нереални работи и нешта. Навидум ти е интересн, опуштен си, не размислуваш на ништо. Само опуштеност, но несвесен и неразумен и правиш некои непромислени работи. Студирав електро. Не завршив. Марихуаната беше дел од причините за тоа. Работев во Скопје, но сега сум во мојот роден крај во внатрешноста на државата. Сега имаме фамилијарен бизнис. Бев на рехабилитација во Нарконон. Поминав низ тој природен процес на одвикнување со витамини. Поради марихуаната не го завршив факултетот. Иако не е тоа целосната причина за незавршување на факултетот, туку и тоа што работев, придонесе за тоа. Јавувања на нови проблеми кои цело време се надоврзуваат едни на други со користење на марихуаната, те потопуваат всушност, призна Дарко. Додава дека проблеми си направил на самиот себеси и на својата фамилија, пријателите и сите што го опкружуваат. – Кога користиш марихуана, неразумно размислуваш и правиш некои непромислени работи. Се позајмував пари од луѓе, кај што ќе стигнев, тоа е пример за еден проблем. Позајмував пари за марихуана. Исто марихуаната ме вовлече и во коцката, одење по казина, губење на цели плати. Задолжувања кај лихвари, па триста чуда. Тоа се големи проблеми, што мене лично ми ги нанесе марихуаната. Повеќе од три години траеше тој период. Парите мораше моите да ги вратат. Некои продаваат куќи, станови, коли, среќа не стигнав до таму. Сега сум чист од марихуана, а и долгови немам. Сега сум многу среќен човек, категоричен беше македонскиот државјанин кој е сега среќно оженет. Тој дошол на одвикнување, таа да работи, се вљубиле и останале За 16 години постоење на Центарот, од зависност се одвикнале 176 лица, од цел свет. Сите тие се благодарни што во Конопиште ја пронашле смислата на своето постоење. -Сите нас не спојува желбата да се пронајдеме себеси во огромниот лавиринт на животот. Конопиште е многу убаво место, уживаме во оваа еколошка средина. Многу убаво го доживуваме местово, кое и самото е своевидна рехабилитација за нас, со убавата природа и пријатноста на малкумината мештани. Најголем впечаток ни остава чистиот воздух пред се, смиреноста на еден начин. Добрата енергија, позитивноста кај луѓето и секако програмата. Како и личностите од тимот кои работат во Центарот. Многу се значајни за нас, бидејќи ни помагаат да ги надминеме зависноста и стравовите во нас кои ги носи таа зависност, ни даваат до знаење дека не сме сами и дека тие се тука за нас, рекоа дел од оние кои се на програмата за одвикнување, а овде ги нарекуваат студенти. Центарот во Конопиште е меѓу најдобрите Нарконон центри во светот, заземајќи ја втората позиција, велат раководните лица, нагласувајќи дека и во услови на пандемија функционираат нормално, со почитување на сите мерки. Александра Димевска Јокиќ, извршен директор, појасни за МИА дека Нарконон програмата е целосно базирана на природна основа без наркотици, какви било други медикаменти или замени. Првпат започнала во далечната 1966 година во затворот во Аризона, како идеја и желба да се применат знаења и техники за справување со зависноста кај затворениците. Наредните месеци програмата почнала да се спроведува и низ други затвори. Истовремено, почнале и предавања за младите генерации како превентивна мерка. Со воспоставувањето на првиот официјален Нарконон и отварањето на неколку други центри, мрежата се проширила и на другите континенти од Европа, се до Австралија. -Работиме и на предавања по школи, се делат брошури, книги, флаери. За што повеке да се информира нашето општество во однос на оваа проблематика и како тоа родителите да ги заштитат своите деца, младите како превентивно да влијаат да не се најдат во замката на зависности. Да се подигне свеста и да се зборува за проблемот кој за жал, се уште на некој начин претставува табу тема. Целта на ваквите центри е еден зависник да се ослободи од пороците и да придонесува за себе, фамилијата и општеството во целост, за МИА нагласи супервизорот за рехабилитациски услуги , Радомир Јокиќ, инаку сопруг на Александра. Двајцата се запознале токму во Конопиште. Тој дошол како корисник на програмата, а таа штотуку се вработила во центарот. Раде подоцна останал да волонтира, се вљубиле и се венчале. Велат дека нивна заедничка цел е што повеќе луѓе да се ослободат од дрогата. Затоа што таа сега е многу пораспространета од порано, кога зависниците се броеле на рака. -Да се победи битката не е лесно, треба да се има голема волја, посветеност, истрајност, едукација и одлучност за да се надминат сите тие искушенија и препреки и да се заземе пристојно место под сонцето. Денеска сум многу горд и ве уверувам дека вреди да се живее. Ова го кажувам од лично искуство. Но морам да кажам дека без поддршка на фамилијата, не се постигнуваат лесно целите. Фамилијата претставува една мала, но многу јака група која е како ветер во грб и ве турка да одите напред во животот. Тука е со вас и во добро и во зло, рече тој, заблагодарувајќи се за довербата на сите оние кои биле дел од програмата, нивните родители, но и на персоналот кој нема работно време. До сите, како што нагласи, пионери и ветерани во оваа борба./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаМедицинскиот факултет се огласи за докторот Дарко Василевски, кој штрајкува со глад поради вработувањето Вечерва со став се огласи Медицинскиот факултет во Скопје, откако беше објавена сторијата на докторот Дарко Василевски, кој веќе два пати се обидува да се вработи Институтот за МЕП физиологија со антропологија и затоа денеска почна штрајк со глад.Во врска со објавениот јавен оглас 01/2026 на Медицинскиот факултет во Скопје, во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, за засновање на работен однос на 4 (четири) доктори по медицина од кои 2 (два) извршители за Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија, Ве известуваме за следното: Постапките за вработување на доктори по медицина, Факултетот ги спроведува врз основа на Законот за високото образование, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работните односи. Јавниот оглас беше спроведен од страна на Комисија за селекција на кандидати составена од тројца реномирани професори на Медицинскиот факултет во Скопје, воедно раководители на Институтите на факултетот, каде се вработуваа докторите по медицина. Комисијата за селекција ги провери доставените документи на пријавените вкупно седум кандидати за работното место на кое конкурираше и кандидатот доктор Дарко Василевски и утврди дека истите се уредни пријави. Со сите пријавени кандидати комисијата спроведе интервју. По спроведеното интервју, Комисијата за селекција предложи два кандидата кои ги исполнуваат општите и посебните услови за засновање на работен однос со Факултетот. Постапката за вработување која ја спроведе Медицинскиот факултет во Скопје, беше објективна и транспарентна и во ниту една фаза од истата, доктор Дарко Василевски не беше доведен во понеповолна положба од останатите кандидати. Особено нагласуваме дека избраните кандидати се далеку подобро рангирани по основ на постигнатиот успех од формалното образование и резултатите од интервјуто. Д-р Дарко Василевски е уредно известен за исходот од постапката односно кои кандидати се избрани со цел засновање работен однос. Доколку кандидатот доктор Дарко Василевски смета дека некое право од постапката за вработување му е ускратено истиот своите права може да ги оствари пред надлежните институции. До денес факултетот нема добиено известување од ниту една надлежна институција дека кандидатот официјално се обратил во врска со наведениот Конкурс за вработување. Исто така, до Факултетот не е доставено ни известување за евентуално поднесена претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Доколку Факултетот добие претставка во законски предвидениот рок ќе се произнесе по истата. Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје Медицински факултет во СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиБорач неподвижно лежи на УФЦ настан: Беше меѓу животот и смртта (ВИДЕО)Неодамнешниот настан на UFC во Лас Вегас беше обележан со драматична сцена во петтата рунда од главниот настан на вечерта помеѓу Раул Росас помладиот и Раони Барселос. Бразилскиот борач (39) се струполи, а откако борбата беше прекината, му беше укажана итна медицинска помош. Доминација до петтата рунда До решавачкиот момент, Барселос беше во водство и доминираше над 21-годишниот Мексиканец. Тој ја контролираше борбата во боксерските размени, го удираше со директни удари и комбинирани напади во телото и главата, а својата техника на удар ја надополнуваше со нокдауни. Бразилецот се чинеше дека ја има обезбедено победата, но петтата рунда донесе целосен пресврт. Барселос го притисна Росас на почетокот на петтата рунда и го нокаутира, но не можеше да го држи на земја. Борбата се врати во средината на октагонот, каде што младиот Мексиканец удри со колено. Следеше отворена размена, во која Росас зададе неколку тешки удари во телото и главата на Бразилецот, чија енергија почна нагло да опаѓа. Барселос се обиде да ја смири борбата туркајќи го кон оградата, но Росас го сврте и го собори на подот за прв пат во натпреварот. По падот, бразилскиот борец престана да се спротивставува и се замрзна. Росас го забележа ова и не продолжи со ударите, а судијата веднаш ја прекина борбата. Во салата владееше тишина додека на Барселос му беше помогнато. Тој беше изнесен од салата на носилка во сериозна состојба и итно префрлен во болница. 🚨🇺🇸 BREAKING: SCARY SCENE in the UFC tonight as fighter immediately rushed to the hospital after going LIMP during a takedown Raoni Barcelos appeared to go limp during a takedown in his main event against Raul Rosas Jr. in Las Vegas and never got back up. The broadcast cut away from the stretcher but caught medics rushing him out of the cage with his body limp, and he was taken straight to the hospital. Rosas got the win and spent the aftermath looking shaken, which says plenty about how bad it looked up close. There is no word yet on his condition. Prayers to him and his family🙏 Source: Paramount+ / Writer: Daniel — Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 27, 2026 Мекарти: „Ова е крајот на неговата кариера“ Ситуацијата ја коментираше и познатиот судија на ММА, Џон Мекарти, кој во својот подкаст „Weighing In“ го претстави својот став за причината за колапсот, истакнувајќи дека неговата теорија не е потврдена. „Мислам дека имал аневризма. Рацете му омалаксаа додека паѓаше. Само се затвораше. Сето тоа се должи на разликата во притисокот што е предизвикана од аневризмата“, рече Мекарти. „Луѓето ќе кажат секакви неверојатни работи, но повторувам - фала му на Бога. Но, да се каже дека нема за што да се грижите затоа што сега сè е во ред? Не, сè не е во ред. Ова може да има многу сериозни последици. Затоа е под посебен надзор и се надевам дека ќе го преброди ова. Бог да го благослови. Ќе преживее. Треба да се молите за него, но штотуку ја гледавте последната борба на Барселос. Тоа е крајот.“ Барселос беше отпуштен од болница по три дена. Сепак, Мекарти верува дека UFC повеќе нема да му понуди борба за да ја заштити организацијата од најлошиот можен исход. Според него, ако Бразилецот се обиде да ја продолжи кариерата, тој ќе може да го стори тоа само надвор од УФЦ и Соединетите Американски Држави, каде што никој повеќе нема да му даде дозвола да се бори. „Неговата кариера беше завршена“, рече Мекарти, заклучувајќи: „Беше премногу сериозно. Тој беше помеѓу животот и смртта.“Тагови: борач УФЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНевреме направи пустош на Крит- се урна мост, има повредени (ВИДЕО)Силно невреме што ја погоди јужна Грција предизвика широко распространети поплави на Крит, при што две лица беа повредени кога се урна мост додека го преминувале во регионот Ретимно, соопштија локалните власти.Повредениот пар патувал со автомобил преку мост во Ливадија, планинско село околу 40 километри југозападно од Ираклион, кога ненадејните поплави оштетија дел од структурата, објави Екатимерини. Двајцата се однесени во болница на лекување, но нивната состојба сè уште не е позната. Бурата предизвика и прекин на електричната енергија, оставајќи ги Зонија, Ливадија и Аноигеја без струја. Обилните дождови во планинскиот регион Милопотамос ги принудија властите да ги затворат сите училишта и градинки. Училиштата се затворени и во Ханија и Ретимно. 🇬🇷 اليونان | اجتاحت السيول العارمة منطقة غوفيس في جزيرة كريت، وحوّلت الطرق إلى أنهار جارفة، فيما جرفت المياه سيارات إلى البحر وحملت كميات كبيرة من الحطام نحو الشاطئ.🚨 🎥 https://t.co/UbkKmqpeHl #Greece | #Crete https://t.co/Y3IMoC7yoL — طقس_العالم ⚡️ (@Arab_Storms) October 1, 2026 Градоначалникот Јоргос Кладос побара од министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Евангелос Турнас, да прогласи вонредна состојба во општина Милопотамос поради обилните дождови што го погодија регионот, предизвикувајќи сериозни проблеми, главно во планинските села. Во Зонијана, автомобили беа однесени од поројните дождови, според извештаите. Слична ситуација беше пријавена и во Ливадија, а патиштата низ Крит претрпеа големи штети. 🌧️ Κακοκαιρία στην Κρήτη: Φούσκωσε το ρέμα στο Πέραμα Μυλοποτάμου μετά τη σφοδρή βροχόπτωση που σημειώθηκε τα ξημερώματα της Πέμπτης. 🌊 Το βίντεο αποτυπώνει τον τεράστιο όγκο νερού που κατεβάζει το ρέμα, καθώς τα έντονα φαινόμενα βρίσκονται σε πλήρη εξέλιξη. ⚠️ Ισχυρές βροχές καταγράφονται σε Χανιά, Ρέθυμνο και Ηράκλειο, ενώ η κακοκαιρία αναμένεται να διαρκέσει έως και την Κυριακή. 🎥: Γρυλλος Παπαδακης #crete #badweather #rethymno #greece #tanea — TA NEA (@ta_nea) October 1, 2026 Рано наутро беше упатен итен апел до граѓаните да ги ограничат своите движења и да ги избегнуваат областите околу Зониана, Ливадија и Милопотамос. I'm currently stuck in Sissi and can't get home as road home up the mountain is closed due to flooding and rockfalls and landslide. Left home 6am to go to work , got flooded out and had to try and get home 😢 Video is outside my house, wife sent it . https://t.co/EpFeVxI2kK https://t.co/Fn3GHwM98l — Δημήτρης Καφεδάκις 🍀🇬🇷 (@cretebhoy) October 1, 2026 Фериботските услуги од атинските пристаништа Рафина и Лаврио се прекинати, а се очекува пристанишните власти подоцна во текот на денот да издадат ажурирање дали заминувањата можат да продолжат од пладне па натаму. Crete Faces Severe Flooding as Rivers Swell and Roads Turn to Rivers Severe storms have flooded homes and roads across Crete, swept away a bridge in Rethymno and caused power cuts as the island remains under Red Code. https://t.co/YeGhHMLCLp https://t.co/fu45z1JFSH — Greek City Times (@greekcitytimes) October 1, 2026 Националната метеоролошка служба (EMY) прогнозира нестабилно време во јужна Грција, особено на Крит, до недела, со силни ветрови во Егејското Море.Тагови: Крит мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter