СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
2СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
3ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
ТехнологијаНаправени се живи роботи од клетки од жаба, што може да чувствуваат (ВИДЕО)Научниците создале микроскопски живи роботи од клетки на кожата на жаба, кои можат да се лекуваат и да се хранат.Ксеноботи, именувани по африканската жаба (Xenopus laevis) од чии ќелии се направени, за првпат биле претставени во јавноста минатата година кога е објавено дека можат самостојно да се обноват. Сега нивните креатори го подобрија дизајнот и ги покажаа нејзините нови способности. Овие машини се помали од милиметар и се доволно мали за да патуваат низ човечкото тело. Тие можат да одат и да пливаат, да преживеат со денови без храна и да работат во групи. Тоа е „целосно нова форма на живот“, рекоа научниците од Универзитетот во Вермонт во 2020 година, кои ги создадоа овие необични роботи со експертите од Универзитетот Тафтс. Научниците зеле матични клетки од ембриони на жаби и ги ставиле во инкубација. Потоа, ги исекле и ги преобликувале клетките во посебни „форми на тело“, дизајнирани од супер компјутер, односно во форми кои „никогаш порано не постоеле во природата“. Новоформираните клетки тогаш почнале да функционираат независно. Клетките на кожата се врзуваат заедно и ја формираат структурата на роботот, додека пулсирачките клетки на срцевиот мускул дозволуваат машината да се движи самостојно. Ксеноботите исто така имаат способност да се лекуваат. Кога научниците исекле еден од нив, тој се излекувал и продолжил да се движи. „Ова е нова форма на живи машини“, рече компјутерскиот научник Џошуа Бонгард од Универзитетот во Вермонт. "Не припаѓа ниту на традиционалните роботи ниту на познати животински видови. Тоа е целосно нова категорија: жив организам што може да се програмира", додаде тој. Оригиналната верзија на овие роботи се поместува со пулсирање на срцевите мускули, а сегашната се движи уште побрзо, со формации слични на влакна што се на нивната површина. Поновите ксеноботи живеат меѓу три и седум дена подолго од нивните претходници, кои живееле околу една недела и имаат можност да ја почувствуваат својата околина до одреден степен. Имено, кога ќе бидат изложени на сина светлина, тие ја менуваат бојата и стануваат црвеникави. Бидејќи се создадени од животински клетки, ксеноботите се распаѓаат на крајот на животот и се целосно биоразградливи, изјави научникот Даглас Блекистон од Универзитетот Тафтс, кој верува дека затоа ќе може да има биомедицинска и еколошка примена. За време на претходните обиди за создавање живи роботи, како што се далечински контролирани лебарки, експертите манипулирале со живи суштества, што имало некои етички проблеми. Ксеноботите се разликуваат во тој поглед, бидејќи тие се целосно составени само од живи клетки, пишува New Scientist. "Овој пристап е најмалку етички проблематичен. Сè започнува со клетки кои немаат неврони, па затоа не е животно", изјави биороботичарот Ауке Ијспеперт од Швајцарскиот федерален институт за технологија. Ксеноботи потенцијално може да се користат за различни задачи; да се исчисти радиоактивен отпад, да се собере микропластика од океаните, да се однесат лекови внатре во човечкото тело, па дури и да се исчистат наслагите во артериите. Имено, овие ситни машини можат да преживеат со денови или недели во течност без дополнителни хранливи материи, што ги прави погодни за интракорпорална испорака на лекови. Покрај тоа, научниците би можеле да ги користат ксеноботите за да дознаат повеќе за принципите на клеточната биологија, што ќе придонесе за напредок во иднина во знаењето за здравјето на луѓето и тајните на долговечноста. За оние кои во овој изум препознаваат сценарио од апокалиптични научно-фантастични филмови каде интелигентни роботи ја преземаат контролата над светот и предизвикуваат крај на човештвото - нема причина да се грижат. Овие мали организми се создадени со сопствен резервоар на храна, липиди и протеини, што им овозможува да живеат само до две недели, но тие не можат да се размножуваат или да се развиваат. Студијата наречена A cellular platform for the development of synthetic living machines е објавена во списанието Science Robotics. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
Европа„AfD“ ја менува стратегијата: Нов план за Европската унијаКрајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) сè повеќе се оддалечува од идејата за напуштање на ЕУ и го насочува својот фокус кон нејзино реформирање, со цел да го зајакне своето влијание, како во Европа, така и во самата Германија.Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) – која се појави како опозиција на политиките на Европската унија за време на кризата со еврото – сè повеќе се преориентира кон реформирање на ЕУ, наместо да се залага за нејзино напуштање. По историската победа на регионалните избори во Саксонија-Анхалт во септември, „AfD“ – која според анкетите на јавното мислење моментално е најпопуларната партија во Германија – е поблиску од кога било до можноста да стане дел од сојузната влада. Во рамките на партијата расте уверувањето дека зајакнувањето на десничарските позиции и растечкото влијание на политичките движења со слични ставови низ Европа, го прават реформирањето на Унијата одвнатре поповолен пат отколку нејзиното напуштање. „Од крајот на Втората светска војна, изгледите за реформирање на ЕУ во согласност со нашата визија никогаш не биле подобри“, изјави Себастијан Минценмајер, пратеник на „AfD“ во Бундестагот. Прашањето за напуштање на еврозоната – што беше клучен приоритет за многу од основачите и раните поддржувачи на партијата – се покажа како посложено за решавање, пренесува Ројтерс. Помладите членови на партијата, како што е 29-годишниот Жан-Паскал Хом – шеф на младинското крило на„ AfD“, „Генерација Германија“ – предупредуваат дека тврдокорниот став на партијата кон Европа би можел да го попречи нејзиниот најреален пат до власта: идна соработка со Христијанско-демократската унија (CDU) под водство на Фридрих Мерц. Засега, „CDU“ ја отфрла секоја можност за коалиција со „AfD“. Минатиот месец, во Европскиот парламент во Стразбур, копретседателката на „AfD“, Алис Вајдел – заедно со сојузниците од парламентарната група „Европа на суверени нации“ (ESN) – претстави стратешки документ насловен „Нов договор за Европа“. Наместо да се залага за излез од еврозоната и од ЕУ, документот предлага преговарање за нови договори со цел создавање на полабава форма на Унија. Се предлага воведување механизам за „исклучување“ (opt-out) за земјите-членки кои не прифаќаат заеднички политики – на пример, во однос на трошоците за одбрана или миграцијата – при што истовремено се повикува на построго спроведување на буџетските правила. Ова ја остава отворена можноста еврото да остане заедничка валута. Доколку овие реформски напори не успеат, документот предлага идниот европски правец на Германија да се одреди преку референдум. Извор: Индекс.хрТагови: AfD Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
МакедонијаСДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана самДодека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка. Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews. Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија - државен ресурс користен како приватен. Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан. Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството. Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини. Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник“ Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер. 4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон. Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан. Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана. Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група - балканскиот картел. Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС. Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиењеНова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина. Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод. И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето. Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање. Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања. Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство. Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира. Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа. Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување. Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината. Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook