Направен е крзнен робот- им дава утеха на сопствениците преку вештачка интелигенција (ВИДЕО) - Канал 5

Направен е крзнен робот- им дава утеха на сопствениците преку вештачка интелигенција (ВИДЕО)

Компанијата Casio отвори пред-нарачки за својот најнов робот-милениче наречен Moflin, кој е создаден со цел да обезбеди емоционална поддршка на своите сопственици.

Направен е крзнен робот- им дава утеха на сопствениците преку вештачка интелигенција (ВИДЕО)

Овој необичен робот наликува на хибрид помеѓу хрчак и познатите суштества од серијата „Ѕвездени патеки“, а за разлика од роботското куче „Ајбо“ на Сони, Мофлин е дизајниран да се гали и држи, што му овозможува да создаде симулирана емотивна врска со сопственикот.

Мофлин користи напредни звуци и движења за да ги изрази чувствата и да развие врска со личноста која најмногу го користи.

Првично развиен во соработка со јапонскиот стартап Vanguard Industries, сега го произведува и дистрибуира Casio. Ова роботско милениче може да се нарача за 59.400 ¥ (околу 398 американски долари) и е планирано да биде достапно од 7-ми ноември. Casio нуди и годишна претплата на услуга наречена Club Moflin, која чини 6.600 јени (околу 44 долари). Претплатата вклучува попусти за поправки, чистење, па дури и замена на крзното.

За разлика од другите роботски играчки, како што е кучето Аибо, Мофлин првенствено е замислен како емотивен придружник, со способност да го подобри менталното здравје на своите корисници. Неговите ограничени движења на главата и телото оставаат впечаток дека се обидува да се гушка додека сопственикот го држи. Исто така, како и многу други уреди кои излегуваат оваа година, Moflin користи вештачка интелигенција за да ја препознае личноста која најмногу се поврзува со неа преку својот глас и како ја користи.

Покрај препознавањето на својот сопственик, Moflin е дизајниран да развие свои симулирани чувства и личност. Нејзините емоционални состојби можат да се променат во зависност од тоа како се третира - ако се користи редовно, ќе стане среќен и смирен, додека во спротивно може да стане нервозен и вознемирен.

Сепак, за разлика од класичните играчки како што е Тамаготчи, Мофлин не ги изразува своите емоции преку тажни звуци или движења кои ја одразуваат анксиозноста. Наместо тоа, неговата емоционална состојба може да се следи преку апликација која овозможува и намалување на јачината на звукот што го произведува роботот.

YouTube video

Друг интересен детал што ја зголемува илузијата дека Mofflin е живо суштество е начинот на кој се полни. Наместо стандардно USB полнење, Moflin доаѓа со мал кревет каде изгледа како да спие додека се полни. Casio проценува дека батеријата трае околу пет часа, додека полнењето трае околу три и пол часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер