Направен е биолошки компјутер од 16 живи минијатурни мозоци

Швајцарската стартап компанија FajnalSpark лансира биолошки компјутер – 16 живи минијатурни мозоци поврзани со по осум електроди и микрофлуиден систем кој ги снабдува клетките со вода и хранливи материи.

Оваа платформа е онлајн и истражувачите можат да спроведуваат експерименти на неа од далечина.

FajnalSpark наведува дека овој нивен биопроцесор користи „милион пати помалку енергија од традиционалните дигитални процесори“.

Научниците со децении се обидуваат да создадат компјутери кои го имитираат човечкиот мозок, а вештачката интелигенција е развиена со реплицирање на нејзините невронски мрежи, пренесува ScienceAlert.

Но, колку се пософистицирани овие вештачки невронски мрежи, толку повеќе енергија трошат. Затоа, биолошки компјутер кој троши многу помалку енергија е голем чекор напред за многумина.

FajnalSpark не е првата компанија која поврзува минијатурни мозоци, минатата година сличен успех имаше една американска компанија.

- Во текот на изминатите три години, Neuroplatform користеше повеќе од 1.000 мозочни органоиди и собра повеќе од 18 терабајти податоци - напиша Фред Џордан, ко-основач на FinalSpark.

Како што е наведено, биокомпјутер со 16 минијатурни мозоци може да се одржува до 100 дена.

Министерот Минчев со честитка по повод Богојавление – Водици

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој празник нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето.

Нека Богојавление донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови.

Нека овој ден биде поттик за заедништво и зацврстување на врските во нашите заедници.

Со најискрени желби за радост и благосостојба,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Украина собори 43 руски дронови во девет нејзини региони, соопшти военото воздухопловство

Украинската воздушна одбрана собори 43 од вкупно 61 дрон лансирани од Русија за време на синоќешните напади насочени кон девет региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.

Воздухопловните сили известија дека 15 беспилотни летала се „изгубени“. Властите засега не пријавиле значителна штета или жртви.

Притвор за скопјанец поради недозволено држење оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3 од Кривичниот законик.

На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улица “Македонско-косовска ударна бригада” во Скопје, при што пронашле една пушка марка “Црвена застава”, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје.

Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер