Напнато во Израел: Дали екстремната десница ќе ја собори владата поради договорот со Хамас? - Канал 5

Напнато во Израел: Дали екстремната десница ќе ја собори владата поради договорот со Хамас?

Израелскиот министер за национална безбедност и лидер на крајната десница, Итамар Бен-Гвир, го критикуваше планот за ослободување на палестинските затвореници како „неприфатлива цена“ .

Напнато во Израел: Дали екстремната десница ќе ја собори владата поради договорот со Хамас?

Израелскиот министер за национална безбедност и лидер на крајната десница, Итамар Бен-Гвир, го критикуваше планот за ослободување на палестинските затвореници како „неприфатлива цена“ за постигнување договор за Газа и додаде дека нема да биде дел од влада што ќе му дозволи на Хамас да владее во Газа.

Бен-Гвир рече дека тој и членовите на неговата партија Оцма Јехудит (Израелска сила) ќе се спротивстават на планот за размена и прекин на огнот, тврдејќи дека таков договор ја загрозува безбедноста на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

„Ако владеењето на Хамас не биде укинато, или ако ни се каже само дека е укинато, но всушност продолжува да постои под прикритие, Оцма Јехудит ќе ја собори владата“, рече Бен-Гвир во објава на социјалната мрежа X.

Коментарите на Бен-Гвир доаѓаат во време кога израелскиот кабинет се подготвува да разгледа и евентуално да ратификува договор за прекин на огнот и размена на заложници што би довел до ослободување на голем број палестински затвореници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби од селекцијата на Шкотска со 0-2 на домашен терен.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, додека нашата репрезентација и по три одиграни кола останува без постигнат погодок.

-Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска, многу тежок момент, на сите играчи им е тешко и на мене. Треба да научиме од оваа ситуација. Мораме да се кренеме од ова, изјави Елиф Елмас

-Примивме многу рано гол, мислам дека тоа беше еден од кличните моменти. Требаше да ја држиме повеќе топката и да ги тераме да трчаат- вели Бојан Миовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба.

„Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП).

За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки:

- Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена.

- Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања.

- Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите.

- Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија.

- Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства.

„Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов.

На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат.

„Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава.

YouTube video

ЛДП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер