Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
1Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“
2ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
СветИзраел објави кога почнува примирјето, Хамас ветил дека ќе ги предадат заложниците без „парада“ Портпаролот на израелската влада, Шош Бадросијан, денес изјави дека прекинот на огнот во Појасот Газа ќе стапи на сила „во рок од 24 часа“ по состанокот на кабинетот, кој ќе се одржи во 17 часот по локално време.Порано денес, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека прекинот на огнот ќе стапи на сила вечерва, откако договорот ќе биде ратификуван на состанок на кабинетот, објави Скај њуз. Според договорот, израелската војска ќе се прераспореди зад договорената линија на повлекување. По завршувањето на 24-часовниот период, ќе започне период од 72 часа во кој Хамас мора да ги врати преостанатите заложници на Израелските одбранбени сили, „со почит“ и без „паради“. Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас беше постигнат утрово во Египет. Хамас се согласи да не одржува церемонии за време на предавањето на заложниците Хамас се согласи за време на разговорите во Египет да не одржува церемонии за време на предавањето на заложниците на Израел, објави денес „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на арапски дипломат и друг извор запознаен со мировните преговори. „Тајмс оф Израел“ потсетува дека церемониите за време на претходниот договор за заложниците претходно оваа година, на кои ослабени заложници беа парадирани пред толпи кои извикуваа антиизраелски пароли, ги налутија и Израел и САД.Тагови: Израел Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“Камион што превезувал азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, во близина на градот Крефелд во западна Германија. Притоа дошло до истекување на опасната материја, поради што властите издадоа предупредување за екстремна опасност и наложија затворање на одредени училишта и градинки за тој ден. Возачот на камионот е повреден во несреќата и пренесен е во болница, изјави портпаролот на противпожарната служба, пренесува „Шпигел“. Надлежните служби го предупредија населението за сериозни здравствени ризици поради ослободувањето на азотна киселина, која има исклучително корозивни својства. Преку системот за итно предупредување „Нино“ (Nino), граѓаните беа известени за највисокото ниво на опасност, со совет веднаш да побараат засолниште во затворени простории, да ги затворат прозорците и вратите, како и да ги исклучат уредите за вентилација и климатизација. Поради инцидентот, железничкиот сообраќај во тој дел од покраината Северна Рајна-Вестфалија беше делумно во прекин. Во интервенцијата учествуваат околу 150 припадници на противпожарната служба, кои работат на запирање на истекувањето и преточување на киселината од камионот. Ангажирани се и специјализирани единици за интервенции во случаи на опасни материи. Просторот околу местото на несреќата е обезбеден во радиус од еден километар. Азотната киселина е една од важните индустриски хемикалии и, меѓу другото, се користи во производството на вештачки ѓубрива и експлозиви. Во случај на неконтролирано истекување, таа може да претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на МуслиуСлучајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси. Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција? Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција? Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи. Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење. Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата. Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи. Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи. Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАГолден Стејт подготвува максимален договор за Никола ЈокиќПоранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер. „Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер. Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди. „Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика. „Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00