Напивки благотворни против анемија - Канал 5

Напивки благотворни против анемија

Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото тело не може да произведе хемоглобин што им е потребен на црвените крвни зрнца коишто носат кислород. 

Напивки благотворни против анемија

Железото го има во секојдневната исхрана, но и во едноставни пијалаци. Додека некои напитоци (на пр. кафе, чај, газирани сокови) содржат соединенија што може да ја влошат слабокрвноста со блокирање на вносот на железо во крвта, други го подобруваат внесувањето или самите содржат доволно количество железо, витамин Б-12 или фолна киселина.

Сок од портокал

Истражување објавено во „Американскиот журнал за клиничка исхрана“ (American Journal of Clinical Nutrition), посочува дека внесувањето витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо од храната. Меѓу најбогатите извори на витамин Ц е сокот од портокал - една чаша содржи повеќе витамин Ц од препорачаната доза.

Сокот од портокали е добар избор особено во случај на состојба на анемичност поради недостаток на фолати. Секоја чаша сок од портокал има 74 микрограми фолати. Ова е речиси 19 отсто од дневните потреби за возрасен човек.

Сок од морков

Исхраната во којашто недостасуваат состојки богати со витамин А, може да ја влоши анемијата со недостиг на железо. Жолтите и портокалови овошја и зеленчук, како што се морковите, се добри извори на каротеноиди, коишто се претвораат во витамин А. Покрај сок, стручњаците препорачуваат да се јаде и свеж морков.

Сок од сливи

Можеби не е добар извор на витамин А или Ц, но сокот од сливи е природно богат со железо. Редовното консумирање може да помогне да се намалат симптомите на слабокрвност или недостиг од железо.

Секоја чаша сок од сливи содржи повеќе од три милиграми железо. За мажите, таа количина би била приближно 38 отсто од осумте милиграми препорачана дневна доза железо. За жените, кои треба да внесуваат околу 18 милиграми железо дневно, една чаша сок од сливи би исполнила речиси 17 отсто од потребите.

Млеко

Луѓето кои страдаат од анемија, немаат доволно витамин Б-12, но можат да го надоместат тоа со - пиење млеко. Чаша млеко со мала масленост содржи микрограм витамин Б-12, или половина од препорачаната дневна доза за возрасен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)

Ретко видео од мистичната јасновидка Баба Ванѓа кружи на социјалните мрежи веќе неколку дена.

Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)

Во гореспоменатото видео, Баба Ванѓа зборува за „прекрасни црвенокоси самовили кои се насекаде околу нас, но кои ние не можеме да ги видиме“, објави Телеграф.

Потоа тврди дека наводно „животните сè уште можат да ги видат и дека самовилите не се чисти“.

Ванѓа, исто така, тврди дека овие „самовили“ биле присутни ноќта кога го изгубила видот.

Баба Ванѓа, чие вистинско име било Вангелија Пандева Гуштерова, била слепа пророчица и билкарка, позната низ целиот Балкан и Источна Европа. Родена е во Струмица во 1911 година, која тогаш била дел од Отоманската империја, и поголемиот дел од својот живот го поминала во Бугарија, околу Петрич и Рупита. Починала во 1996 година.

Според најпознатата верзија на нејзината биографија, го изгубила видот како тинејџерка по силна бура. Едно време се школувала во училиште за слепи во Земун, каде што научила Брајова азбука, музика и домашни вештини.

Таа стана позната по своите тврдења дека може да предвиди идни настани и да ги „види“ судбините на луѓето. Со текот на времето, таа беше заслужна за бројни предвидувања за големи светски настани, вклучувајќи го 11 септември, распадот на Советскиот Сојуз и други историски настани.

Баба Ванѓа остави зад себе „предвидувања“, според нејзините следбеници, кои датираат „илјадници години нанапред“. Едно од најдалечните е поврзано со годината 5078, за која се тврди дека го означува „крајот на светот каков што го знаеме“.

Сепак, важно е да се нагласи дека овие „предвидувања“ не можат со сигурност да се припишат на самата Ванѓа. Таа не ги запишала лично, па затоа голем дел од информациите стигнале до јавноста преку други луѓе, преку последователни толкувања и прераскажувања.

Во годината 4599, таа наводно „предвидела“ дека „бесмртноста ќе стане вообичаена“, додека во 4674, се вели дека претставува „врв на човековата благосостојба“. Според истата „временска рамка“, населението потоа „ќе достигне дури 340 милијарди“, а луѓето ќе стапат во „контакт и ќе се мешаат со вонземјани“. Следбениците на наследството на Ванѓа често ја цитираат „приказната“ дека бугарските и советските научници процениле дека предвидувањата на Ванѓа се „околу 85 проценти точни“. Сепак, нема доволно сигурни докази за да се земе ова како утврден факт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика морници кај корисниците ширум светот.

Мотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО)

Видеото доаѓа од Колумбија, каде што камера за надзор го снимила мотоциклистот како со полна брзина „удира“ во вратата на автобус што минува, ја пробива и на тој начин влегува во автобусот.

Истиот инцидент е снимен и од камера од друг агол, имено од внатрешноста на автобусот. Видеото покажува дека, за среќа, автобусот бил речиси празен, а возачот на автобусот и патникот кој бил на самиот крај останале неповредени.

Најголемото чудо е што мотоциклистот станал веднаш по несреќата и се чинело дека е свесен, а неговите повреди не биле сериозни.

Сепак, ако го удрел автобусот само момент подоцна, исходот можел да биде многу поинаков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денес непалските власти.

Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати

Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето на кинеската страна од границата во Тибет се искачи на 16, а 546 лица се уште се водат како исчезнати, објави ABC News.

Околу 70 Американци се водат како исчезнати во лизгањата на земјиштето и поплавите што го погодија граничниот регион меѓу Непал и Тибет пред десет дена, а досега се спасени 17 Американци, соопшти претходно американскиот Стејт департмент.

Спасувачките операции во регионот продолжуваат и досега, благодарение на меѓународната помош, околу 12.000 луѓе се спасени, додека повеќе од 5.000 повредени добиле медицинска помош.

Катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина на 26 август беа предизвикани од уривање на огромно парче глечер, широко околу 600 метри, кое се лизнало од висина од околу 5.200 метри со брзина од повеќе од 100 километри на час, а чие влијание во долината предизвикало земјотрес со јачина помеѓу 4,4 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, кој го регистрирале сеизмолошките центри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер