Намален водостојот на реките во Кумановско

Намалени се водостоите на реките во Кумановско, покажуваат мерењата на надлежните институции и податоците на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Според последните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот на Пчиња кај Пелинце денеска изнесува 22, вчера бил 23 сантиметри што е значително намалување на просекот во септември кој изнесува 34 сантиметри.

– Во однос на хидролошката состојба на реките кои гравитираат во и вон Куманово во месец септември се значително намалени во однос на истиот период лани и во овој момент изнесува 24 сантиметри од котата на реката Пчиња, 11 сантиметри од Крива Река. Во однос на критичните точки на Кумановка, Липковка и Којнарка, напоменуваме дека во текот на 2020 година, водостопанство „Кумановско-Липковско поле" во соработка со општина Куманово извршија чистење на овие реки во должина од четири километри на Којнарка, Кумановка е чистена во течението во урбаната средина како и делови од реката Липковка, така што не постои можност за излевање. Дефинирани се хидрауличните пресеци на сите речни корита како и формирање на бедеми на двете од речните корита. Двете акумулации Липково и Глажња се во добра позициона состојба што значи дека имаат доволно капацитет за потребите за водоснабдување на населението, изјави Сашо Стојковски, дежурен оперативец во РЦУК Куманово.

Водостопанство „Кумановско-липковско" поле изминатиот период ги чистеше речните корита на треите реки кои течат во урбаната средина. Изминатиот месец се чистеше коритото на Кумановка покрај кејот, а според најавите на надлежните чистењето ќе продолжи сѐ до Проевце. /МИА

Ковачевски: Ја изборната победа на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

притисни ентер