Намален бројот на нови Ковид случаи во Украина

Во Украина во последните 24 часа се евидентирани 2.107 нови случаи на Ковид-19, што е за 25,7 отсто помалку од рекордниот дневен раст на новозаразени.

„ТАС“ пренесува дека од почетокот на пандемијата во Украина се регистрирани вкупно 135.894 случаи на Ковид-19, 2.846 смртни случаи од кои 35 во последните 24 часа.

Активни случаи има 70.821, а 62.227 пациенти се излекувале после лекарска нега.

Во зависност од епидемиолошката ситуација, во земјата се воведени различни рестрикции во четири територијални зони.

Инзаги: Интер заслужено ги доби сите три натпревари откако го загуби градското дерби

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свое видување за средбата со Торино.

Актуелниот италијански шампион синоќа го совлада Торино со 3:2 во домашниот натпревар од 7.коло на Серија А.

- Победивме три пати по ред откако го загубивме дербито со Милан. Не можам да му замерам ништо на тимот. Заслужено ги добивме сите три натпревари. Мора да се подобриме во одредени аспекти, секоја грешка скапо не чини. Сите знаеме дека мора да продолжиме да работиме во истиот дух, рече Инзаги.

Со 14 освоени бода, Интер се наоѓа на второто место во Серија А.

На 20 октомври Интер ќе гостува кај Рома во 8. коло./МИА

Бајден подготвува уште поголема помош за Украина пред крајот на мандатот

Американскиот претседател Џо Бајден разви нов план за Украина пред неговото заминување од функцијата, пишува порталот „Конверсејшн“.

Во статијата се наведува дека шефот на Белата куќа сака да остави наследство, а напредокот во поддршката на Украина може да биде неговата „последна победа“ која ќе се памети.

„Прво, тој сака да испрати јасна порака дека САД ќе ја поддржуваат Украина. Камен-темелник на ова беше состанокот во Белата куќа минатата недела меѓу Бајден, (потпретседателката Камала) Харис и (украинскиот претседател Володомир) Зеленски“, сметаат авторите на статијата.

Со ова, Бајден сака да покаже дека Киев останува главен приоритет за Вашингтон. Во исто време, тој сака да создаде слика дека американската поддршка ќе продолжи и на начин што ни (претседателскиот кандидат Доналд) Трамп нема да може да ја игнорира.

Бајден исто така работи на зголемување на воената помош за Украина, пишува порталот.

Бајден неодамна најави зголемување на воената помош за Украина во форма на пакет од осум милијарди американски долари. Средствата ќе обезбедат ново оружје за зајакнување на капацитетот на Украина за напади на долги растојанија, што исто така сугерира дека Бајден одобрува поофанзивна тактика против Русија./МИА

Антисемитизмот во САД порасна за 200 отсто за време на конфликтот Израел-Хамас

Во САД се регистрирани над 10.000 антисемитски инциденти.

По нападот на палестинскиот Хамас на Израел на 7 октомври 2023 година, во САД се регистрирани над 10.000 антисемитски инциденти, што претставува најголем број во една година, покажуваат прелиминарните податоци од истражувањето на Лигата за антидефамација (АДЛ).

Ова е највисок број на инциденти против припадниците на еврејската заедница, вклучувајќи злосторства од омраза, навреди, малтретирања и вандализам откако АДЛ почна да ги следи овие настани во 1979 година, пренесе Аксиос.

Бројот на овие инциденти е зголемен за повеќе од 200 отсто во споредба со истиот период претходната година.

Бројот на антисемитски, исламофобични и антиарапски инциденти драстично порасна за време на конфликтот меѓу Хамас и Израел, што предизвика остри реакции на колеџите низ САД. Најмалку 1.200 инциденти се случиле на универзитетските кампуси, додека 2.000 се забележани во еврејски институции.

- Американските Евреи од 7 октомври не знаат за мир, изјави извршниот директор на АДЛ, Џонатан Гринблат. Тој додаде дека, наместо тоа, се соочуваат со огромен број на закани и повици за насилство врз Израелците и Евреите.

По нападите, администрацијата на претседателот Џо Бајден презеде неколку нови иницијативи како одговор на растечкиот антисемитизам низ целата земја. /МИА

притисни ентер