Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри - Канал 5

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри

Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз, Оливера Наковска – Бикова, го заврши денеска настапот појавувајќи се на стрелиштето во дисциплината пиштол слободен избор од 50 метри во мешани двојки.

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри

Во конкуренција на 29 учесници во машка и женска конкуренција, Наковска – Бикова го освои 17 место.

Македонската параолимпијка постигна резултат од 526 кругови што на крајот се покажа недоволно за пласман меѓу првите осум и место во финалето.

Претходно на Параолимписките игри во Париз, Наковска – Бикова, која го освои златниот медал на Игрите во 2012, настапи во финалните серии со пиштол од 10 м во женска конкуренција и во финалето со пиштол од 25 м мешано, освојувајќи го во двата наврати осмото место. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиони

Швајцарија денес ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители?

Швајцарија на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиони

Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, тврдејќи дека ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот кадар. Швајцарија инаку има над 9 милиони жители, од кои дури 27% се странци

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина Карпош

На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје.

Расчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина Карпош

Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул."Волгоградска", во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден

Денес во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.

Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден

За време на настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер