Накит вреден милијарда евра е украден од музеј во Германија (ВИДЕО)

Еден од најголемите историски музеи во Европа , Зелениот трезор (Grünes Gewölbe) во Дрезден е ограбен рано утринава , а крадците однеле збирка накит вредна над милијарда евра.

Германските медиуми јавуваат дека е украдена колекција на антички накит.

Музејот поседува една од најголемите колекции накит, а според полициските информации, крадците провалиле во историскиот дел на музејот, кој се состои од два дела.

Во едниот се чува богатството од периодот на Август Втори, до 1733 година, а во другиот, нов оддел, има посебни експонати што му биле донирани на музејот од поединци.

Билд пишува дека имало прекин на електрична енергија во музејот и се верува дека станува збор за саботажа.

Разбојниците побегнале со автомобил и полицијата трага по нив, изјави пред новинарите полицискиот портпарол Томас Гитнер.

Тој додаде дека пожарот што избувнал ноќеска на мостот во близина на музејот, се верува дека е поврзан со прекинот на електричната енергија.

Музејот се состои од десет богато украсени простории кои прикажуваат околу 3000 парчиња накит и други ремек-дела направени од злато, сребро, скапоцени камења, слонова коска и друг вреден материјал.

Зградата била оштетена во Втората светска војна, но била повторно изградена. Таа е едно од најпосетуваните места во Дрезден од повторното отворање во септември 2006 година.

Еден од највредните експонати на музејот во Дрезден, 41-каратниот зелен дијамант, во моментов е сместен во Метрополитен музеј на уметноста во Њујорк, како дел од изложбата Making Marvels: Science and Slendor at Courts of Europe.

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори

Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" по член 165-в од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година.

Пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. /МИА

Реал и Модриќ постигнаа договор за продолжување на договорот

Лука Модриќ и Тони Крос најверојатно ќе останат во Реал Мадрид.

Претходно се дозна дека клубот е подготвен да ја продолжи соработката со овие играчи.

Според „Марка“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во последните часови имал средби со Модриќ и Крос. Мадриѓаните веќе постигнаа начелен договор со хрватскиот играч за врска за продолжување на договорот. Ја прифати новата улога во тимот - Лука сезонава поретко се појавува во стартниот состав.

Што се однесува до Крос, клубот сè уште не постигнал договор со него. Но и Германецот е блиску до продолжување на договорот за една сезона./МИА

притисни ентер