Најзгодната докторка на светот има проблем: Пациентите не ме сфаќаат сериозно (ФОТО) - Канал 5

Најзгодната докторка на светот има проблем: Пациентите не ме сфаќаат сериозно (ФОТО)

Стејси Наито од Беверли Хилс работи како физијатар и е шеф на клиника во Лос Анџелес, а кога не лекува пациенти се натпреварува во бодибилдинг, каде често ја претставуваат како најжешката докторка на светот.

Најзгодната докторка на светот има проблем: Пациентите не ме сфаќаат сериозно (ФОТО)

„Навистина ми ласка“, откри оваа докторка за британски The Sun.

„Луѓето не очекуваат лекарите да бидат секси, како тоа да е нешто чудно. Ми пријде лекар кога бев студентка. Ми рече дека воопшто не изгледам како доктор бидејќи сум убава и дека пациентите нема да „ме сфаќаат сериозно“, опишала таа. Рече дека сè уште се борела со стереотипите на факултет.

Но, таа не обрнувала внимание на тоа. Дипломирала и специјализирала физиатрија.

Таа вели дека имало одредена вистина во таа изјава додека студирала. "Можам сега да го видам тоа. Понекогаш ме критикуваа само поради мојот изглед. Некои пациенти се загрижија кога видоа дека ми се доделени", продолжила Американката и објаснила:

„Тие се посомневаа во мене само врз основа на мојот изглед. Како убава жена да не може да биде добар доктор“.

Ја критикувале и дека оди на натпревари. Некои велат дека не е соодветно доктор да се натпреварува во бодибилдинг. „Навистина сакам да ги уништувам стереотипите“, порачала докторката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот

Светскиот џет сет брачен пар, Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот, а по тој повод објавија серија заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот

И покрај сите проблеми и минати афери, Дејвид и Викторија Бекам ја слават својата 27-годишнина од бракот, иако никој можеби не го очекувал тоа порано. Многумина сè уште се сеќаваат на познатата афера со Ребека Лос, но Викторија не дозволи ништо да им го наруши бракот и мирот.

Викторија призна дека тој период бил најтежок во нејзиниот живот, но тие успеале да ја надминат својата најголема криза.

Последната работа што ги погодила бил конфликтот со нивниот син Бруклин, кој предизвикал голем скандал кога ги открил деталите за својот однос со родителите.

Без разлика на се, денеска на годишнината се огласи на Инстаграм славниот екс фудбалер а сега сопственик на Мајами Интер, Дејвид се огласи за да ја одбележи годишнината и сподели серија фотографии.

„Заедно 29 години, во брак 27, а ти ми даде сè што некогаш би можел да посакам. Нашето најголемо достигнување засекогаш ќе биде нашето семејство. Те сакам и среќна годишнина“, напиша Дејвид покрај објавата.

Во коментарите, Викторија (52) одговори: „Среќна годишнина. Многу те сакам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголемиот трансфер во историјата на Тотенхем, потрошени 200 мин. за само двајца фудбалери

По катастрофалната сезона во која до самиот крај се бореа за опстанок во Премиер лигата, во Тотенхем свртеа нов лист.

Најголемиот трансфер во историјата на Тотенхем, потрошени 200 мин. за само двајца фудбалери

Роберто де Зерби пристигна на тренерската позиција кон крајот на претходната сезона, а раководството на клубот летово одлучи да ги исполни неговите желби во врска со играчкиот кадар – навистина е тенка линијата меѓу „скржави“ кои никогаш не трошат и реализација на најголемиот трансфер во историјата.

По потврдувањето на трансферот на португалскиот фудбалер Матеуш Фернандез (21) за 99 милиони евра,од Тотенхем“ претставија уште едно големо засилување – еден од најдобрите италијански фудбалери

. Поранешниот играч на Њукасл, Сандро Тонали, стана најскапиот Италијанец во историјата, но и најскапото засилување во историјата на Тотенхем, бидејќи за него мораа да платат 108 милиони евра!

Двајцата играчи од средниот ред го чинеа лондонскиот тим вкупно 207 милиони евра, па очекувањата ќе бидат огромни. Тие ќе треба да донесат „свежа крв“ во тимот на Де Зерби, со оглед на тоа што централниот дел од средниот ред беше еден од најголемите проблеми во претходната, историски лоша сезона.

Според информациите, Тотенхем го направи Сандро Тонали најплатениот фудбалер во тимот. Клубот мораше длабоко да посегне во касата за да ги обезбеди речиси 17-те милиони евра што италијанскиот играч за врска ќе ги заработува на годишно ниво.

Ова е јасен сигнал дека лондонскиот тим сака да игра многу позначајна улога во Премиер лигата следната сезона.

Покрај двајцата играчи за врска кои веќе потпишаа договор со Тотенхем, во клубот пристигна и дефанзивецот Јан Пол ван Хеке, за кого на Брајтон му беа исплатени 60 милиони евра. Тотенхем на истиот тим ќе му го продаде талентираниот хрватски фудбалер Лука Вушковиќ, но прашање е дали ќе успеат да добијат толку пари за него. Лондонскиот тим исто така потпиша договори со голманот Мартин Дубравка (поранешен член на Барнли), левиот бек Ендрју Робертсон (кој доаѓа од Ливерпул) и стоперот Маркос Сенеси (досегашен играч на Борнмут).

Тројцата пристигнаа во Тотенхем без обештетување, а веројатно ќе има и дополнителни засилувања во клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџ и Амал Клуни пристигнаа на Брач, летото ќе го поминат во својата вила

Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот Брач

Џорџ и Амал Клуни пристигнаа на Брач, летото ќе го поминат во својата вила

Според локалните медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал планираат летово, поточно целиот јули да го минат на Јадран во својата куќа на островот Брач во Хрватска.

Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот Брач, каде што ќе престојуваат во својата вила во текот на наредните недели.

Според извештаите на локалните медиуми, двојката планира да остане на островот во текот на целиот јули, а можеби и до средината на август.

Додека Џорџ ќе го помине времето работејќи на своите мемоари, Амал наводно има намера да се посвети на градинарство и релаксација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер