Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата
Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите
1Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата
2Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите
3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, девет возеле без положен возачки испит
ЖивотНајвисокиот човек и најниската жена еден до другКако изгледаат највисокиот човек и најниската жена на светот кога ќе застанат еден до друг. Разликата е цели 190 сантиметри, а во тоа можеа да се уверат присутните на отворањето на трговски центар во Москва, каде што специјални гости беа токму 33-годишниот Турчин Султан Косен, висок 252 сантиматри и 22-годишната Индијката Јоти Амге, висока 62. И двајцата, титулата највисок, односно најнизок на планетата, ја презедоа во 2011-та година. Тој е фармер, а таа е индиска актерка, која поради растот типичен за 3-месечно бебе, се проби во светот на филмот и има успешна кариера. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. „Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. Но, за жал, до мене стигна ужасната вест којашто ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото коешто се случува. А, воедно, како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг, сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата, лицето коешто го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРоберт Патисон е новиот Џејмс Бонд Официјалниот профил на Џејмс Бонд на социјалните мрежи објави фотографија од актерот Роберт Патинсон, со која се потврдува дека тој ќе ја игра улогата на новиот Џејмс Бонд.Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд. Патинсон (40) е официјално најавен како наследник на Даниел Крег и стана седмиот актер што го игра познатиот агент 007 во официјалните филмови за Бонд, објави Би-Би-Си. „Џејмс Бонд се врати“ Патинсон се појавува во промотивно видео по повод објавувањето на агентот 007. Видеото кое потврдува дека Роберт Патинсон ќе го игра Џејмс Бонд го прикажува англискиот актер со пиштол во рака, облечен во елегантно одело и вратоврска. Видеото завршува со пораката: „Џејмс Бонд се врати“. Како што е наведено, неговиот избор ќе го означи „почетокот на нова ера за еден од најпознатите ликови во историјата на киното“. Објавата следеше по долг процес на избор на актерот. Патинсон наводно бил еден од петте кандидати кои влегле во потесен избор, заедно со Џошуа О'Конор и Калум Тарнер. Во петокот беше објавено дека на Патинсон му е понуден попрофитабилен договор од другите кандидати, што дополнително ги разгоре гласините дека тој е фаворит за улогата.Тагови: џејмс бонд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКултурната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на ситеФондацијата ги повикува граѓаните, уметниците, институциите и организациите од целиот град, без разлика на возраста, јазикот, заедницата или општината од која доаѓаат, да ги споделат своите идеи.Фондацијата ги повикува граѓаните, уметниците, институциите и организациите од целиот град, без разлика на возраста, јазикот, заедницата или општината од која доаѓаат, да ги споделат своите идеи за Европската престолнина на културата најдоцна до 23 ноември 2026 година. Каква културна иднина сакаме за Скопје? Кои идеи, приказни и иницијативи треба да ја одбележат 2028 година, кога нашиот град ќе биде Европска престолнина на културата? Одговорите на овие прашања Фондацијата „Европска престолнина на културата - Скопје 2028“ сака да ги најде заедно со сите што живеат, создаваат и работат во Скопје. Фондацијата ја објави работната верзија на Програмата за култура на својата официјална интернет-страница и ја отвора за јавна консултација. Целта е во нејзиното обликување да учествуваат не само институциите, туку и сите што создаваат, поддржуваат или сакаат да придонесат кон културниот живот на градот, затоа што програмата на Европската престолнина на културата треба да биде програма на целиот град. Повик до сите, без исклучок Фондацијата посебно ги повикува да се вклучат: Сите граѓани од сите возрасти, заедници и општини во Скопје, вклучително и младите, повозрасните и лицата со попреченост; индивидуалните уметници, културните работници и креативците; културните, образовните и научните институции и академската заедница; независните и граѓанските организации, неформалните групи и иницијативите од населбите; креативните индустрии и деловната заедница. Отвореноста на процесот произлегува од самиот концепт на Скопје 2028 - „Култура над поделбите“. Тоа не значи негирање на разликите, туку култура што ги поврзува различните јазици, заедници, генерации и искуства преку дијалог и заедничко создавање. Затоа Фондацијата особено ги охрабрува да се вклучат и оние чиј глас досега поретко се слушал во културниот живот на градот. Предлозите може да се однесуваат на нови културни и уметнички содржини, современи практики, културното наследство, независната сцена, младинското учество, инклузивноста и пристапноста, децентрализацијата и културата во населбите, јавните простори и меѓународната соработка. Добредојдени се и коментари за работната верзија на програмата, како и сосема нови идеи што досега не се опфатени. Како да учествувате? Погледнете ја работната верзија на Програмата за култура на следниот линк: https://skopje2028.mk/mk/programa-za-kultura/ Предлозите и коментарите испратете ги на [email protected], со предмет „Јавна консултација – Програма за култура на Скопје 2028“. Не е потребно да бидете професионалец во културата или да претставувате организација: доволен е краток опис на идејата и објаснување како таа може да придонесе кон културната програма. Фондацијата ги очекува вашите забелешки, коментари и предлози најдоцна до 23 ноември 2026 година. Сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани и ќе послужат за унапредување на финалната верзија на Програмата за култура. Покрај можноста за доставување писмени предлози, во наредниот период ќе се организираат и средби со различни фокус-групи од уметничката и културната сцена на Скопје. Преку овие разговори и размената на мислења, Фондацијата ќе ги вклучи различните перспективи и искуства во подготовката на финалната верзија на Програмата за култура. Скопје 2028 не е само културна програма за една година. Тоа е можност градот да создаде нови културни вредности и да остави трајно наследство за генерациите што доаѓаат. Затоа, нејзината содржина треба да произлезе од идеите, знаењето и енергијата на луѓето што го создаваат и живеат Скопје - од сите нас. Скопје 2028 е програма на сите нас. Да ја создадеме заедно културната иднина на Скопје! Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook