Највисока награда за трајни вредности за Архимандрит Партениј од Бигорскиот манастир - Канал 5

Највисока награда за трајни вредности за Архимандрит Партениј од Бигорскиот манастир

На 19-тото доделување на награди и признанија за најуспешни битолчани во сферата на духовноста, културата, уметноста, спортот, политиката, новинарството, модата, стопанството, економијата и занаетчиството, игуменот на бигорскиот манастир – Архимандрит Партениј ја доби највисоката и досега единствена од ваков вид награда, посебно воведена за оваа прилика – наградата за трајни вредности, од редакцијата на „Битолски весник“ како организатор на големата и особено почитувана манифестација за прогласување на најуспешните, која опстојува веќе цели 19 години.

Највисока награда за трајни вредности за Архимандрит Партениј од Бигорскиот манастир
Наградата на бигорскиот старец и игумен Партениј, му ја врачи лично уредникот Менде Младеновски, кој воедно ја прослави и 55-годишнината од излегувањето на првиот број на весникот. Во официјалното образложение за доделувањето на оваа уникатна и високо достоинствена награда на Архимандрит Партениј, меѓу другото, стои:

„Како човек на мирот и на љубовта кон сите луѓе, без разлика на нивната верска, етничка и расна припадност, Архимандрит Партениј ги издигна Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица во вистински центри на соживот во Мијачко-реканскиот крај од нашата земја. Со својот филантропски однос кон сите, тој успеа да го направи Бигорскиот манастир силен фактор на безбедноста, стабилноста и соживотот во тој крај, така што ова светилиште стана вистинска духовна оаза и културна знаменитост не само за православните верници, туку и за Македонците со мухамеданска вероисповед и за етничките Албанци од Македонија, кои имаат голем респект кон манастирот и кон неговиот игумен…“





„Би можеле долго да зборуваме за заслугите на Архимандрит Партениј во поглед на материјалната возобнова и доизградба на Бигорското светилиште, но неспоредливо позначајна од бројните градежни потфати е неговата духовна и општествена мисија, спроведувана со несмален интензитет во текот на изминатите две децении“.

„Како искусен и добро образован духовен раководител, отец Партениј со својата крајна несебичност и пожртвуваност за другите и за Татковината, има примено под своја закрила илјадници души од Македонија и пошироко, помагајќи им да најдат утеха, спокој и решение на животните проблеми во ова наше совремие на голема духовна криза и општ пад на моралните вредности. Притоа, неговата поткрепа не е само од духовен карактер. Напротив, нашироко е позната неговата хуманитарна дејност на укажување материјална и финансиска помош на оние на кои таа им е најпотребна, како на поединци така и на цели семејства. Особено е значајна мисијата на Архимандрит Партениј за лекување и ресоцијализација на лица, претежно од помладите генерации, кои западнале во тешките пороци на наркоманијата, алкохолизмот, коцкањето и сл. Стотици и стотици млади души, под духовната закрила на отец Партениј, не само што успеале да се ослободат од канџите на пропаста и смртта, туку и целосно да се рехабилитираат и така да станат полезни членови на нашето општество“.

По врачувањето на наградата, со поздравно слово до присутните се обрати и отец Партениј, кој меѓу другото рече:

„Би сакал да кажам нешто за наградата, којашто ми побудува особено силни емоции, бидејќи нејзинот назив, можам слободно да кажам, е свештен – трајни вредности, а во апсолутна смисла само Бог е Оној Кој е вечно траен. Јас сум само еден смирен и верен Негов слуга, којшто преку подвигот на љубовта се труди да го оприсутни Божјото постоење меѓу луѓето – најнапред во моето срце, а потоа и меѓу другите. А тоа, верувајте, најдобро бива преку љубовта, бидејќи, како што вели Свети Јован Богослов, Бог е љубов. Апостолот Павле, пак, говори дека пророштва ќе престанат, јазиците ќе замолкнат, знаењата ќе исчезнат, а само љубовта е таа што ќе трае вечно. Мисијата што се трудиме да ја правиме во Манастирот со моите браќа е токму тоа – дело на љубовта кон Бога и кон ближниот...
Оваа награда ја посветувам на една голема наша трајна вредност, за која сите од оваа наша македонска земја треба да се гордееме, а тоа е славната Охридска архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна црква. Охридската архиепископија оваа година го слави своето илјадалетие. Ретко кој народ може да се пофали со еден таков јубилеј. Впрочем, и нашата Обител, која беше основана од монахот Јован Дебранин, првиот Архиепископ Охридски после паѓањето на Самуиловото царство и втемелувач на Архиепископијата, за две години, по Божјата милост, ја слави, исто така, својата илјадагодишнина, и по тој повод уште сега ве поканувам сите битолчани да бидеме заедно на тој голем јубилеј“.





Архимандритот Партениј е добитник и на многу други општествени признанија, како што е наградата на град Битола за животно дело „4-ти Ноември“ (2011 г.); признанието „Личност на годината“, доделено од страна на „Нова Македонија“(2012 г.); Признанието за хуманост, доделено до страна на Здружението за Македонско и Босанско-херцеговинско пријателство и соработка „МаБиХ“ и Амбасадата на Република Босна и Херцеговина во Македонија (2014 г.), Орденот „Св. Наум Охридски“ од Дебарско-кичевската епархија (2015 г.), неколку грамоти од милосрдното здружение „Самарјанин“, наградите за личност на годината на повеќе неделници и интернет портали и др.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот и е за почеток на дипломатски преговори. 

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англсики јазик во Киев, рече дека таков потег би бил исклучително голем компромис.

„Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот на линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и многу голем“, рече Зеленски. „Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“.

Зеленски, исто така, изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓањето решение за завршување на војната..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Иран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. 

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата.

„Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму.

Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Александар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. 

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат..

Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер