3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
ЗабаваНајубавата жена во униформа на светот живе во Русија се вика Елена (фото)Иако велат дека не е женствено, многумина дами се фаќаат за пушка и со гордост носат маскирна униформа. Помеѓу нив е и Елена Делигиоз од Русија.За убавата Елена велат дека е најубавата жена во униформа на светот. И иако таа всушност не е војник, сепак со задоволство рекламира воена опрема. По светот кружат нејзини фотографии во воено одело, со пушки, пиштоли, ножеви, двогледи.... Елена е толку привлечна во ова издание што мажите ширум планетата уживаат во нејзините едиторијали без здив. Велат дека без проблем би можела да и се приклучи на армијата и дека без сомнеж би била најсексапилна војничка. Таа е позната во Русија и Кина, а поради страста кон оружјето и маскирното одело отворила дуќан каде продава ваква опрема. Сепак, Елена понекогаш ја покажува и нежната страна па се разголува во бикини и го покажува змиското тело. Жените во Русија не се под воена обврска, но имаат право да служат врз основ на договор. Денес речиси 400 000 дами на некој начин се ангажирани во руските воени сили. not airsoft😎 A post shared by Елена Делигиоз (@elena_deligioz_official) on Jun 9, 2018 at 5:49am PDT 🖤🐰❤️🐾💣🔥💣 Photo by @sivoglazovphoto A post shared by Елена Делигиоз (@elena_deligioz_official) on Aug 13, 2018 at 3:36am PDT 😂 A post shared by Елена Делигиоз (@elena_deligioz_official) on Jul 14, 2018 at 1:12pm PDT 🥩Ну чо пацаны, бассейн ❓ #тапочки_огонь🔥 A post shared by Елена Делигиоз (@elena_deligioz_official) on Jul 1, 2018 at 2:25pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаСредба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земјиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување. На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот. Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа. Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство. Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот. Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски. Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter