3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
ЗабаваНајубавата италијанска водителка речиси гола во самоизолација , фановите ,,полудеа” (ФОТО) Популарната италијанска водителка и спортска новинарка , Дилета Леота по неколку недели во самоизолација се враќа на малите екрани.На задоволство на многу фанови, со повеќе од 6,2 милиони следбеници на Instagram, објави дека ќе се појавува во емисиите на радио и на телевизија. "Среќна сум да објавам дека моето шоу доаѓа на телевизија, го гледаме секој ден 12-13 часа ...", пишува Леотасо фотографијата за која доби речиси 600 илјади лајкови. View this post on Instagram Felicissima di annunciarvi che #105takeaway arriva anche in TV!!! 📺💥 Tutti i giorni dalle 12 alle 13 ci vediamo su @radio105 Tv, canale 157 😍 A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Mar 31, 2020 at 6:56am PDT 28-годишната Италијанка изминативе денови зборуваше и за важноста на социјалната дистанца и самоизолацијата, користејќи фудбалски метафори. "Ова е како фудбал, успехот ќе дојде ако сите ние работиме заедно", рече таа. View this post on Instagram Pulizie di primavera 🌸😄 A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Mar 29, 2020 at 2:08am PDT Минатата недела покажа како живее во самоизолација, и секоја од нејзините слики добива најмалку неколку стотини илјади лајкови. View this post on Instagram A casa, spettinata, struccata ma pronta a tenervi compagnia dalle 12 alle 13 #iorestoacasacon105 #105takeaway 🎧 🏠 A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Mar 24, 2020 at 3:18am PDT View this post on Instagram Tempo di riflessione, di attesa, di responsabilità condivisa. Tempo per migliorarci. #iorestoacasa ♥️ A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Mar 27, 2020 at 2:13am PDT View this post on Instagram Penso a domani e al giorno in cui riabbracciarci avrà un sapore speciale! 🤗♥️ A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Mar 23, 2020 at 7:44am PDT View this post on Instagram Nessuna giornata in cui si è imparato qualcosa è andata persa. #iorestoacasa #iostudioacasa A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Mar 21, 2020 at 12:59pm PDT View this post on Instagram Dopo l’allenamento non poteva mancare la crostata di mandarini 🥧🍊 #worldbakingday A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Mar 17, 2020 at 1:07pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook