Најтешката жена на светот замина на оепрација - Канал 5

Најтешката жена на светот замина на оепрација

Еман Ел Ати од Египет е најтешката жена во светот, таа тежи 495 килограми

Најтешката жена на светот замина на оепрација
Жената била префрлена во Мумбај за да подлежи на операција со која ќе и се спаси животот.

Еман Ел Ати не го напуштила својот дом цели 25 години.

Тимот на лекари цели десет дена ја припремале 36 годишната пациентка за да може патувањето да и е поудобно.

Кога пристигнала во болницата бил употребен кран за да можат да ја сместат во нејзината соба.

epa05784269 Eman Abdellatif, possibly the world's heaviest woman, is lifted with the help of crane to a special room of the Saifee Hospital, in Mumbai, India, 11 February 2017. According to reports, Egyptian woman Eman Abdellatif, 36, reportedly weighting some 500-kg, was taken to Saifee Hospital in Mumbai for a series of medical tests and weight loss surgery. She was flown with a specially-modified Egyptair freighter carrier Airbus 300-600, media added quoting officials from the airline. EPA/DIVYAKANT SOLANKI

Еман кога била дете и било дијагностицирана болест од која екстремитетите натекуваат.

Но откако доживеала мозочен удар, па подоцна и поради дијабетисот таа деновите ги поминувала во својот кревет.



На epa05784264 Eman Abdellatif, possibly the world's heaviest woman, arrives in Mumbai, India, 11 February 2017. According to reports, Egyptian woman Eman Abdellatif, 36, reportedly weighting some 500-kg, was taken to Saifee Hospital in Mumbai for a series of medical tests and weight loss surgery. She was flown with a specially-modified Egyptair freighter carrier Airbus 300-600, media added quoting officials from the airline. EPA/DIVYAKANT SOLANKI

Еман ќе и биде изведена операција за намалување на стомакот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици.

Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра.

Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела.

Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет.

Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг.

Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии.

По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот.

Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер