Најстариот фосил на комарец ги изненади научниците: Ова е големо откритие - Канал 5

Најстариот фосил на комарец ги изненади научниците: Ова е големо откритие

Стотици илјади луѓе ширум светот секоја година се заразуваат со маларија и други болести кои се пренесуваат со каснување од комарци, инсекти од ерата на диносаурусите.

Најстариот фосил на комарец ги изненади научниците: Ова е големо откритие

Но додека денес само женките касаат, откривањето на најстариот фосил носи изненадување.

Научниците ги открија најстарите фосили од комарци - два мажјаци во парче килибар старо 130 милиони години од периодот креда, пронајдено во близина на градот Хаман во Либан. На нивно изненадување, мажјаците имале издолжена уста која им дозволувала да цицаат, што денес го имаат само женките комарци.

„Сосема е јасно дека биле хематофаги“, што значи дека се хранеле со крв, вели палеонтологот Дени Азар од Институтот за геологија и палеонтологија на Кинеската академија на науките Нанџинг и Универзитетот во Либан. „Ова е големо откритие во еволутивната историја на комарците“, рече Азар, главен автор на студијата објавена оваа недела во списанието Current Biology.

Двата фосилизирани комарци, кои припаѓаат на ист вид, по големина и изглед наликуваат на современите комарци, иако нивните усти што цицаат крв се пократки од оние на денешните женки.

„Комарците се најпознатите човечки крвопијци и пренесуваат некои паразити и болести“, забележува Азар и објаснува: „Само оплодените женски комарци цицаат крв бидејќи им требаат протеини за да развијат јајца. Мажјаците и неоплодените женки се хранат со нектарот на некои растенија. И некои мажјаци воопшто не се хранат.“

Некои летечки инсекти - на пример цеце муви, имаат мажјак кој е хематофаг. Но не и денешните комарци. „Откривањето на машки комарец кој бил хематофаг во периодот креда е навистина изненадувачки“, вели палеонтологот и коавтор на студијата Андре од Националниот музеј за природна историја во Париз.

Фината анатомија на двајцата мажјаци е брилијантно зачувана во килибарот. И двата примерока имаат исклучително остра триаголна анатомија на вилицата и издолжена структура со испакнатини слични на заби. Научниците веруваат дека комарците еволуирале од инсекти кои не цицаат крв. Нивната претпоставка е дека устата првично била прилагодена за цицање на растителен нектар.

Еволуцијата на растенијата веројатно одиграла улога во денешното правење различни машки и женски комарци. Во времето кога двата комарци останале замрзнати во смолата на дрвото, која на крајот се претвори во килибар, цветните растенија штотуку почнаа да се појавуваат во периодот на креда.

„Веруваме дека сите инсекти кои станале хематофаги се префрлиле на крв бидејќи првично цицале растенија“, вели Азар, додавајќи дека и женките и мажјаците потоа почнале да се хранат со крв. Според неговата хипотеза, промената настанала со појавата на цветни растенија, што одговара на периодот на килибарот пронајден кај фосилите на два комарци.

Многу животни се хранат со крв: диносауруси, летечки влекачи наречени птеросауруси, други влекачи, птици и цицачи.

Иако фосилите пронајдени во Либан се најстарите фосили од комарци, научниците веруваат дека комарците се појавиле пред милиони години. Молекуларните докази сугерираат дека комарците се појавиле во периодот Јура, пред 200 до 145 милиони години.

Во светот има повеќе од 3.500 видови комарци и ги има насекаде освен Антарктикот. Некои од нив пренесуваат болести како маларија, жолта треска, зика треска, денга треска. Според Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од 400.000 луѓе годишно умираат од маларија, паразитска инфекција, а најчести жртви се децата помлади од пет години.

„Од друга страна, комарците помагаат за прочистување на водата во бари, езера, реки“, вели Нел и додава: „Генерално, животното може да биде проблем, но и корисно“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан Денот на Инженерискиот баталјон

Денес, со воена свеченост се одбележа 13 Ноември, Денот на Инженерискиот баталјон од составот на 1.пешадиска бригада.

Одбележан Денот на Инженерискиот баталјон

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорот на Генералштабот бригаден генерал Орце Јордев, командантот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на Првата пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, пензионирани генерали, поранешни команданти на единицата, претставници од Армијата и Министерството за одбрана и други гости.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, упатувајќи честитки до сите припадници на Инженерискиот баталјон по повод Денот на единицата посочи дека денешниот празник се совпаѓа со Денот на ослободување на градот Скопје, што носи силна симболика – Ослободувањето го означува почетокот на изградбата на едно ново и слободно утре, а Инженерискиот баталјон со посветеноста и професионалноста е продолжение на таа визија, во насока на изградба на посилна Армија и побезбедна држава.

„Вие, припадниците на оваа единица сте меѓу оние кои ги создаваат условите за успешна реализација на армиските задачи. Од изградба и одржување на инфраструктурата, обезбедување проодност на патните правци и поддршка на вежбовни активности, до помош на граѓаните и локалните заедници. Токму затоа, инженериската поддршка е еден од темелите на секоја функционална и подготвена Армија“.

Министерот Мисајловски ги истакна и бројните активности на оваа единица ширум општините во државата, за подобро поврзување на населените места, пробивање, поправка и одржување на патната инфраструктура во руралните средини со цел полесен пристап и подобри услови за живот на локалното население со што уште еднаш покажаа дека Армијата е секогаш со граѓаните и подготвена да помогне таму каде што е најпотребно.

Командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, во своето обраќање ја истакна важноста на одбележувањето на датумите кои нè потсетуваат како се сака и како се брани татковината и се нашата водилка во иднината. При тоа на припадниците на Инженерискиот баталјон им порача „Драги инженерци, бидете горди што сте дел од единствената инженериска единица во Армијата, продолжете да работите вредно и посветено и секогаш нека ве води вашето мото – “Секогаш напред“.

Командантот на Инженерискиот баталјон, потполковник Ласте Георгиев со гордост ја истакна професионалноста, посветеноста и значајната улога на припадниците на единицата во поддршка на Армијата и граѓаните, осврнувајќи се на реализираните задачи, обуки и вежби во изминатата година.

„Инженерискиот баталјон не гради само патишта, туку гради доверба, сигурност и иднина. Нашата најголема сила не е само во опремата, туку пред сè во нашиот персонал, неговото знаење, срце и посветеност, а патот на инженерецот е секогаш напред!“ рече потполковник Ласте Георгиев.

По повод Денот на единицата, беа прочитани наредби за унапредување и стимулативни мерки за припадниците на баталјонот кои постигнале високи резултати во работата. Како најдобар вод од составот на Инженерискиот баталјон е избран Првиот инженериски вод од Четата за општа инженериска поддршка.

За остварените резултати во повеќегодишната соработка, командантот на Инженерискиот баталјон им додели благодарници на претставниците од општините: Делчево, Јегуновце, Боговиње, Македонски Брод и Старо Нагоричане.

Во рамки на свеченоста беше реализирано дефиле и тактичко-технички збор на опремата и средствата со кои располага единицата.

Со одлука на претседателот и врховен командант на Вооружените сили, за ден на Инженерискиот баталјон е одреден 13 Ноември, како датум од историско значење на кој единицата е носител на традициите на инженериската бригада на Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на дијабетесот: Над 121 илјада граѓани со дијагноза и растечки број млади пациенти

Кога во лабораториската анализа ќе видиме дека шеќерот ни е 6,2 или 6,8, тоа не е нешто што треба да се игнорира и граѓаните мора да водат повеќе сметка за себе, бидејќи не можеме да живееме нездраво, да внесуваме алкохол и да пушиме цигари,...

Светски ден на дијабетесот: Над 121 илјада граѓани со дијагноза и растечки број млади пациенти

Кога во лабораториската анализа ќе видиме дека шеќерот ни е 6,2 или 6,8, тоа не е нешто што треба да се игнорира и граѓаните мора да водат повеќе сметка за себе, бидејќи не можеме да живееме нездраво, да внесуваме алкохол и да пушиме цигари, а да бараме одговорност од државата или здравството да ги санира последиците од лошите навики. Ова е пораката на Министерот за здравство Сашо Клековски по повод Светскиот ден на дијабетесот. Раното откривање е клучно, вели Министерот.

-Сметам дека за превенција на дијабет имаме една едноставна мерка, се вика вага и чини 600 денари,-министерот за здравство Сашо Клековски.

Ендокринолозите велат дека бројот на пациенти кои се дијагностицираат од година во година расте, меѓу нив неколку стотина се деца, а илјадници граѓани живеат со болеста без да знаат дека ја имаат. Лекарите алармираат дека и откако ќе се дијагностицира дијабетот за секој пациент треба да има индивудуален пристап на третман.

За девет години, или од 2015 заклучно со јули 2024 бројот на евидентирани пациенти пораснал за повеќе од 37 илјади, а над 121 илјада граѓани во Македонија имаат дијагностициран дијабетес, покажува национална студија објавена годинава во меѓународното научно списание на Американското здружение за клиничка ендокринологија.

Загрижува порастот на преваленцата кај помладите, особено во возрасната група од 20 до 39 години. Од вкупно 121.750 дијагностицирани, над 66 000 се жени, а без малку 1500 се помлади од 20 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Има три големи несреќи Скопје Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради.

ВМРО-ДПМНЕ: Има три големи несреќи Скопје Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години каде потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје.

СДС повторно се обидува преку политички прес-конференции да ја замени реалноста со празни обвинувања. СДС е партијата која со години имаше можност да го развива Скопје, а наместо тоа остави зад себе нефункционален систем.

Граѓаните многу добро паметат во каква состојба беше градот по годините на управување на СДС. Немаше реализирани проекти, Скопје доби блокади, неисполнети ветувања, проблеми во јавните претпријатија и наталожени инфраструктурни проблеми.

Особено лицемерно е СДС да зборува за транспарентност и јавни набавки, без притоа да даде одговор за сопственото управување и за состојбите што ги остави зад себе. Ако имаат конкретни докази за незаконитости, нека ги достават до надлежните институции, наместо да шират сомнежи преку политички обвинувања.

Денес, кога се преземаат чекори за надминување на наследените проблеми и за реализација на нови проекти, СДС повторно шири само демагогија.

Денес Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор.

Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, на преостанатата делница од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, влегува во својата завршница – до крајот на оваа година, а може и пред зададениот рок, 100.000 наши граѓани ќе возат по целосно проширен, модерен и безбеден булевар на чија изградба се чекаше повеќе од 30 години.

Привршува изградбата и на сложената клучка на Момин поток, проект од особено значење за развој на три општини. Забрзано се работи на ставањето во функција на булеварот Македонија, првата подземна сообраќајница во Скопје, улиците што ќе се слеваат кон подземната сообраќајница се прошируваат и се адаптираат за очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, а се продолжува со градежните работи на другите фази од проектот.

Во Карпош, се поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ преку новиот мост на реката Вардар, која ќе биде готова до крајот на оваа календарска година. Се расчистува и трасата на булеварот АСНОМ низ населбата Ќерамидница, со цел конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

На Скопје му требаат решенија, а не политичко лицемерие од СДС кои со години имаа можност да работат, а не испорачаа резултати.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер