Најскапо место за паркирање на светот- чини 750.000 долари месечно (ВИДЕО) - Канал 5

Најскапо место за паркирање на светот- чини 750.000 долари месечно (ВИДЕО)

Во големите градови сѐ потешко е да се најде паркинг место, па нивните цени буквално вртоглаво растат.

Најскапо место за паркирање на светот- чини 750.000 долари месечно (ВИДЕО)

Најдобар пример е Њујорк, поточно Менхетен, каде паркинг место чини до 750.000 американски долари, а месечната кирија е редовно над 1.000 американски долари. Се бараат нови решенија за оптимизирање на малку преостанатиот простор, а како една од можностите се нудат роботизирани паркинг места.

YouTube video

Со таквите целосно автоматизирани системи за складирање на автомобили, се заштедува дополнителен простор бидејќи нема класични рампи и ленти за возење, туку целиот процес на складирање на возилото е автоматизиран и се одвива по однапред дефинирани рути. Сопственикот го остава автомобилот на означеното место и со притискање на копчето возилото влегува во процес.

Камерите прво проверуваат дали сите врати и капакот на багажникот се затворени. Потоа возилото оди до одреденото место за складирање. Во случај на корисникот да му треба автомобилот, тој чека околу две минути додека возилото не пристигне на местото за подигање. Во исто време, возилото пристигнува веќе ротирано за 180 степени, па сопственикот не мора да вози наназад.

Според извештајот на CNBC, цените за такви паркинг места се движат од минимум 300.000 американски долари до 595.000 американски долари, во зависност од локацијата. Во исто време, сопственикот мора да плати и трошоци за одржување до 150 американски долари месечно. Доколку, пак, се работи за електричен автомобил, се нуди и полнач, но ќе чини дополнителни 50.000 американски долари.

YouTube video

„Колку и да звучи лудо, 300.000 долари за паркинг место се смета за разумна цена во Њујорк“, изјави за CNBC Сенада Азем, брокер за недвижности во Даглас Елиман од Флорида.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер