Најскапите модели на саемот за автомобили во Белград - Канал 5

Најскапите модели на саемот за автомобили во Белград

На овогодинешниот саем за автомобили во Белград, купувачите со  подлабоки џебови имаат можност да пазараот од најатрактивните и најскапи брендови. 

Најскапите модели на саемот за автомобили во Белград

Салата 3 на белградскиот саем е резервирана за модели на премиум брендови, како што се Mercedes, Maybach, BMW, Maserati, Audi, Porsche...

И покрај кризата, се чини дека на автоиндустријата се уште и оди добро, бидејќи најскапиот модел на саемот беше резервиран уште првиот ден.

Ова се најскапите автомобили на 55-от Меѓународен саем за автомобили кои чинат над 200.000 евра.

1. Maserati MC 20 – 295.000 евра е најскапиот модел на 55. Меѓународен саем за автомобили.

Станува збор за суперспортски автомобил кој од 0 до 100 километри на час достигнува за 2,9 секунди, а максималната брзина е 350 km/h. Тоа го означува почетокот на новата ера за овој италијански автомобилски бренд.

Саемскиот примерок е резервиран, но сè уште не е официјално продаден.

2. Mercedes Maybah S580 – 262.366 евра

Овој луксузен модел има 8-цилиндричен бензински мотор од 503 КС (370 kW), а изложениот примерок е во црна металик боја. Доаѓа со дополнителна опрема вредна 75 илјади евра.

3. Porsche 911 GT3 RS – 260.500 евра

Необичната Артик Сива боја во комбинација со црвени детали ја зголемува привлечноста на овој модел. Има 4,0-литарски шестцилиндричен мотор со 525 КС (386 kW), како и седумстепен PDK менувач, пишува Курир. рс.

До 100 km/h достигнува за 3,2 секунди, а максималната брзина е 296 km/h.

4. Maserati GranTurismo Trofeo – 251.000 евра

Иако се уште не е утврдена дефинитивна цена за овој модел на автомобил, тие наведуваат дека основната цена би можела да започне од 251.000 евра, а да достигне околу 280.000 евра. Тој е придвижуван од 3.0-литарски Nettuno V6 мотор кој произведува 550 КС и 650 Nm вртежен момент во верзијата Trofeo.

До 100 km/h достигнува за 3,5 секунди, пред да развие максимална брзина од 320 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер