Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
АвтомобилизамНајскапиот Голф е произведен во теренска верзија, се бараат 25 купувачи (ФОТО)Volkswagen Golf од осмата генерација полека го губи својот ритам, но сепак може да даде многу.Особено кога зборуваме за R изведбата, која во специјалното издание оди многу далеку, и во однос на перформансите и во однос на цената. Golf се нудеше и во мини волуменско издание и како издигнат модел, а малку постарите генерации ќе го паметат особено интересниот Golf од втората генерација, познат како Syncro и Country. Сега Delta4x4, специјалист за off-road обработка, најавува новитет токму на оваа идеја. Тој го зеде Golf R како основа, а потоа го подигна за 80 mm. Има специјални бандажи од 18 инчи со теренски гуми, како и сите теренски облоги. Дополнително осветлување, багажник за покрив и странични продолжетоци ќе ја зачинат сликата на овој моќен и брз компактен во off-road издание. Доколку има интерес, овој ѕвер ќе биде понуден во ограничена серија од 25 примероци. Се проценува дека на цената на Golf ќе треба да се додадат околу 35.000 евра. Многу за голф, но сепак забележливо помалку од теренското Порше. Шегата на страна, не се сомневаме дека тјунерот ќе најде 25 купувачи, исто како што Volkswagen успеа да ги продаде сите примероци од специјалната верзија на Golf R за само неколку минути, што беа понудени на некои пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОнколошките пациенти на протест: Не бараме привилегии, туку навремена и континуирана терапијаНе бараме привилегии, туку навремена терапија! Со ваква порака упатена од пред Министерството за здравство Зружението на онколошки пациенти „ХЕМА – ОНКО“ ја најави новата борба за системско решение на старите проблемите со терапиите и повторно побараа лековите да не доцнат ниту еден ден за да не бидат оставани во неизвесност и страв. Од Здружението порачаа дека иако дел од терапиите наменети за канцер на дојка, простата и дебело црево, што десетина дена не беа достапни на Онкологија веќе пристигнале на Клиниката бараат да се стави крај на праксата пациенти да бидат враќани од Онкологија со изговор „денес, за вас, нема терапија!“. -Не постојат клинички студии на кои што стои дека ние сега можеме да одложиме терапијата за 10 дена, за две недели или месец дена. Оваа држава во изминатите пет години, постојано, ги држи онколошките пациенти во некаква неизвесност со терапијата без оглед на тоа кој е Министер и кој е власт. Не бараме привилигии, туку она што го сакаме терапијата да е навремена и континуирана,- - Ана Марјановиќ – здружение “ХЕМА-ОНКО“. Од Министерството за здравство информираат дека пациентите оствариле средба со заменик-министерот Јовица Андовски, и оти се работи на подобрување на достапноста на лековите. -На средбата беше посочено дека е обезбедено рекордно зголемување на буџетот за Онкологија и дека се работи на подобрување на достапноста и континуитетот на терапијата. За лековите кај кои беа регистрирани доцнења веќе се преземени конкретни мерки. Дел од испораките се реализирани, за дел се склучени нови договори, а за останатите се обезбедуваат привремени решенија до целосно нормализирање на состојбата,- - Министерство за здравство. Од Здужението „ХЕМА-ОНКО“ јавно побараа онколошките пациенти да не бидат злоупотребувани во дневно – политички цели и да не бидат дел од партиските препекувања. А, посочија и дека проблемите со терапијата, превенцијата, големиот број пациенти и скапите лекови нема да се решат со краткорочни туку со долгорочни мерки- подобри закони и процедури за набавка, подобра дистрибуција и соработка со добавувачите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРепоратажа од Гостивар: Нервоза меѓу граѓаните, кризата со водата продолжуваПружени раце и надеж за чиста питка вода. Она што вообичаено го имаме со едно вртење на чешмата, за гостиварчани деновиве значи чекање во редици и неизвесност. Во услови на високи летни температури, пунктовите за вода, кои низ градот ги има околу десетина и најчесто се поставени во близина на поважни локални институции, станаа нова секојдневна станица за жителите – место каде доаѓаат по најосновната потреба, вода за пиење и готвење. Но, граѓаните реагираат дека дистрибуцијата не секогаш се одвива според очекувањата. Велат дека времето на пристигнување на водата се менува од ден на ден, а на дел од пунктовите, според нив, понекогаш воопшто ја нема. Животот со ограничени количини вода за пиење и готвење, среде лето, станува се потежок, а количините што ги добиваат, велат тешко ги задоволуваат потребите на едно домаќинство. Кризата со водата не го промени само секојдневието на домаќинствата. Последиците ги чувствуваат и угостителите, кои велат дека работат под отежнати услови, со дополнителни трошоци за обезбедување вода, но и со намален број гости и промет. Додека граѓаните и бизнисите се обидуваат да се снајдат во новите услови, од Советот за превенција при Општина Гостивар велат дека состојбата редовно се следи, а локалниот кризен штаб постојано заседава и ги разгледува проблемите со кои се соочуваат жителите. Оттаму посочуваат дека вода се обезбедува преку институциите, но и преку општествено одговорни компании. Велат дека потребите се дополнително зголемени во летниот период, поради враќањето на иселениците во Гостивар за време на одморите. Четири населени места во гостиварско и натаму се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето. Дел немаат вода ниту за техничка употреба, а дел имаат недоволен притисок. Од Општината велат дека овие населени места дополнително се снабдуваат и со цистерни, а со цистерни, како што посочуваат, се обезбедуваат и дел од потребите на болницата. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗдравјеКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка МихајловаИма пропусти во делот на лекувањето на 19 годишната родилка од струмичкото село, Баница Станка Михајлова која била породена во штипската болница со царски рез, дознава Канал 5 од извори во министерството за здравство. Она што било констатирано во извештајот на ДСЗИ е дека дежурниот гинеколог од струмичката болница не го повикал анестезилогот во болницата за царски рез, туку ја препратил родилката во штипската болница, каде била породена со царски рез, каде имало одредени пропусти, дознава Канал 5. Од министерството за здравство потврдија дека ДСЗИ завршил со инспекцискиот надзор во сите здравствени установи каде била прегледувана родилката. Исто така се чека и извештајот на комисијата за стручен надзор составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија. -Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки. По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците,- министерство за здравство. За здравствената состојба на Михајлова проговори на нејзиниот свекор кој објави видео и изјава каде објаснува дека еден месец по царскиот рез неговата снаа не може да оди и покрај лекувањето на клиниката за неврологија и е во инвалидска количка. Од платформата за родова еднаковст бараат независна истрага за овој случај и надлежните институции да обезбедат независна и трнспарентна и стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот каде 19 годишната жена по породувањето остана во инвалидска количка со сериозни здравствени последици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter