Најсекси фудбалската новинарка порачува: Сакам да станам претседателка на клуб (ФОТО) - Канал 5

Најсекси фудбалската новинарка порачува: Сакам да станам претседателка на клуб (ФОТО)

Популарната италијанска водителка и лице на DAZN, Дилета Леота, во интервју за „Газета дело Спорт“ сподели за што сè уште сонува и посакува - и професионално и лично.

Најсекси фудбалската новинарка порачува: Сакам да станам претседателка на клуб (ФОТО)

Дилета имаше неколку желби...

- Би сакала да водам емисија во странство, да продолжам да растам заедно со моето семејство, да ја однесам ќерка ми Арија на стадион и еден ден да ја слушнам како ми вели: „Мамо, горда сум на тебе“ - рече искрено новинарката.

Сепак, можеби најинтересниот дел од нејзината исповед се однесува на еден неочекуван сон:

- И сонувам еден ден да станам претседател на фудбалски клуб!

Дилета е едно од најпрепознатливите лица на спортското новинарство во Италија со години, а судејќи според овие амбициозни планови - се чини дека нејзиното време штотуку доаѓа надвор од малите екрани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST

На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.

Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST

Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST.

На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.

Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици.

Преку обуки, размена на искуства и донации на опрема, проектот придонесува за поефикасна гранична контрола, поквалитетни истраги за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и поуспешно откривање на нелегалните финансиски текови.

Јанев ја нагласи важноста од отворена и ефикасна меѓународна соработка, поинтензивна размена на информации и координирани истраги, истовремено истакнувајќи ја посветеноста на македонската полиција на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

Директорот Јанев упати благодарност до Европската Унија и земјите членки за поддршката, нагласувајќи дека македонската полиција останува активен и рамноправен партнер во зајакнувањето на регионалната безбедност и европската безбедносна соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија (ВИДЕО)

Тестот за издржливост ја откри реалноста зад новиот „телефон на Трамп“ – а резултатите се полоши од очекуваното.

Срамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија  (ВИДЕО)

Зак Нелсон, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“, го подложи паметниот телефон „Trump Mobile T1“ на тест за издржливост и целосно го расклопи. Тестот потврди дека, под пластичното куќиште во златна боја, хардверот е практично идентичен со оној на моделот „HTC U24 Pro“.

„Trump Mobile T1“ и „HTC U24 Pro“ имаат ист облик и резолуција на екранот, стапка на освежување од 120 Hz, сличен распоред на камерите и главен модул на камерата од 50 MP. Дури и елементите во интерфејсот на камерата се целосно идентични.

YouTube video

Стаклото на екранот почнува да се гребе на ниво 6 според Мосовата скала за цврстина, а подлабоки траги се појавуваат на ниво 7 – што е типичен резултат за модерен паметен телефон. Сепак, се покажа дека страничната рамка е изработена од пластика, исто како и задниот панел во златна боја, чиј слој може лесно да се изгребе со сечило.

На куќиштето од телефонот, исто така, има погрешно прикажано знаме на САД – со 11 ленти наместо 13. Новинарите ја забележаа оваа грешка уште при првиот контакт со готовиот уред.

Расклопувањето откри практично идентичен распоред на матичната плоча, камерите, системот за ладење и другите компоненти, како кај моделот „T1“, така и кај „HTC U24 Pro“. Разликите се главно козметички. Претходно, „iFixit“ понуди уште поубедлива потврда за потеклото на овој паметен телефон: матичната плоча од „HTC U24 Pro“ функционираше во моделот „T1“, па дури и го прикажуваше логото на „HTC“ при вклучувањето.

„Trump Mobile“ првично го рекламираше уредот како производ произведен во САД, но подоцна го отстрани тоа тврдење и почна да ја користи фразата „Гордо американски“. Во септември, цената на телефонот исто така се зголеми – од 499 на 749 долари. Тестот на каналот „JerryRigEverything“ не беше првиот што го откри вистинското потекло на моделот „T1“, но јасно покажа до каде одат модификациите: всушност, станува збор за „HTC U24 Pro“ со поинаков пластичен панел, завршна обработка во златна боја и брендирање „Trump Mobile“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.10.2026 до 30.10.2026 зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер