Има 28 години и е на чекор до претседателска функција во мотоспортот, ќе влезе во историјата - Канал 5

Има 28 години и е на чекор до претседателска функција во мотоспортот, ќе влезе во историјата

Швајцарската тркачка Лаура Виларс (28) ја објави својата кандидатура за претседател на ФИА (Меѓународна федерација за автомобили).

Има 28 години и е на чекор до претседателска функција во мотоспортот, ќе влезе во историјата

Швајцарската тркачка Лаура Виларс (28) ја објави својата кандидатура за претседател на ФИА (Меѓународна федерација за автомобили), што, доколку официјално биде потврдено до крајниот рок на 24 октомври, би влегла во историјата - таа би била првата жена во трката за оваа престижна позиција.

Виларс е решена да ја преземе функцијата од сегашниот претседател Мохамед бин Сулајем, кој досега беше без сериозна конкуренција, сè додека американскиот спортски службеник Тим Мејер (59) не влезе во трката ова лето.

Во својата програма, Виларс истакна неколку клучни цели - подобрување на екологијата на спортот преку иницијативата „Еко-перформанси на ФИА“, проширување на постојните програми за жени како што се „Девојки на патеката“ и системот за менторство, како и воспоставување на „Академија за млади лидери на ФИА“ за новата генерација лидери во мотоспортот.

- ФИА мора повторно да стане федерација на клубови и носители на лиценци. Мојата амбиција е да воспоставам управување кое е подемократско, потранспарентно, одговорно и отворено за жените и новите генерации. Верувам дека мотоспортот мора да се промени за да продолжи да ги инспирира младите луѓе низ целиот свет – изјави Виларс во официјална изјава.

Во интервју за германскиот „Билд“, таа откри дека со месеци се подготвувала за оваа кандидатура.

– Мислам дека сега е вистинското време жените да престанат да се повлекуваат и да почнат да ги рушат бариерите. Ја сакам конкуренцијата и кога ќе одлучам за нешто, го туркам до крај – изјави Лаура.

Инспирацијата да влезе во светот на трките ја добила од својот татко, кој ја носел на трки како дете, а посебна улога во нејзиниот живот одиграла нејзината средба со легендата на Формула 1, Михаел Шумахер.

– Првпат се качив во автомобил на Формула 4 кога имав 14 години. Тогаш сè започна.

Сепак, нејзината кандидатура не беше без контроверзии. Некои критичари веруваат дека нејзината одлука е „само маркетиншки трик“ и дека всушност е начин да го зголеми бројот на следбеници на Инстаграм, каде што моментално има повеќе од 110.000, и често објавува фотографии од своите патувања и во костим за капење.

– Дали некој им ги поставува истите прашања на моите натпреварувачи? Не. Не сакам понатаму да коментирам. Јас сум тоа што сум, имам силна програма и тоа е она што треба да биде важно – рече таа цврсто.

Официјалните кандидатури за претседател на ФИА мора да бидат поднесени помеѓу 3 и 24 октомври и да вклучуваат список на кандидати за претседател. Доколку бидат успешни, Лаура Виларс би можела да стане првата жена што ќе ја предводи најважната организација во светот на мотоспортот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура .

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура и која спред најавите утре ќе влезе во стечај.

Според одлуката на НБРМ грааните во следниот период ќе можат неделно да подигаа само по 10 ооо денари .За само едноноќие од банката се подигнати околу 2 000 000 евра , соопшти на вонредна прес конференција гувернерот Трајко Славевски.

Одлуката за преземање на банката ја донел Ивршниот одбор на НБРМ и мерката која е веќе на сила е од привремен карактер, за најмалку т месеции е вонредна заради зачувување на имото на банката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ 

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго.

Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака!

Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто.

Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата.

Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен.

Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело.

Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер