Најпродаваниот Опел по прв пат доби електричен погон, пристигна новата Корса-е

Опел по прв пат на купувачите им нуди електрична верзија од својот популарен модел. Корса-е во Германија ќе може да се купи за 29.900 евра.

Електричната Корса-е дебитираше на минатогодишниот салон за автомобили во Франкфурт, покрај регуларната верзија од шестата генерација на овој модел. Опел одлучи дека во склоп со трендовите е потребно на купувачите да им понуди и електрична верзија.

Корса-е има електромотор кој произведува 136 коњски сили.

Автономијата во возењето со полна батерија изнесува 337 километри според новиот „WLTP2“ мерен циклус.

Произведувачот наведува дека оваа батерија од „50 kWh“ може да се наполни до 80% од својот капацитет за 30 минути.

Инаку, Опел на батеријата дава 8 години гаранција или 160.000 поминати километри.

На Корса-е и се потребни 2,8 секунди да стигне од 0 до 50км/ч односно 8,1 секунда од 0 до 100км/ч.

Максималната брзина е електронски ограничена на 150км/ч.

Продажбата на Опел Корса-е на европскиот пазар веќе започна а во Германија овој автомобил чини од 29.900 евра, а автомобилот може да се земе и на лизинг со месечна рата која стартува од 299 евра. 

За тие пари се добива Корса-е Селекшен која нуди автоматска клима со далечински управувач, електрична паркинг сопирачка и стартување без клуч, системи за поврзување на вашиот паметен телефон со автомобилот, компатибилен мултимедијален систем со 7 инчен екран и дигитална инструмент табла. 

Системи за предупредување од судир со автоматско кочење во случај на опасност и детектирање на пешаци, потоа активна асистенција за задржување на возилото во лента и препознавање на сообраќајни знаци и темпомат се исто така дел од овој пакет.

притисни ентер