Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
АвтомобилизамНајпродаваниот електричен автомобил во Европа доби нова верзија (ВИДЕО)Рено реши да направи нова верзија на електричен автомобил по моделот Зое , бидејќи сакаат да бидат конкурентни по појавувањето на електричните верзии на Пежо 208 и Опел Корса.Рено Зое е најпопуларниот електричен автомобил во Европа , а сега ќе добие нова верзија. Освен дизајнот , целосно ќе се смени и механиката. Капацитетот на батеријата е зголемен на 52kWh , а досегот е 389 км. Батериите се компатибилни со брзи полначи , така што за половина час ќе се полни за досег од 145 км. За да се наполни целосно дома, ќе му треба помалку од 9,5 часа. Новиот модел ќе биде и нешто побрз и за само 7,1 секунда ќе достигнува до 100км/час. И внатрешноста е подобрена со 9,3 инчен екран за инфотеинмент и 10 инчен екран за инструментите . За одредени функции ќе биде доволен мобиле и соодветна апликација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со добитниците на признанието „Инженерски прстен“. На средбата присуствуваа и министерот за дигитална трансформација м-р Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, д-р Андреј Лепавцов и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош. Претседателката Сиљановска-Давкова уште еднаш им го честиташе престижното признание на младите инженери, истакнувајќи ја важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата. За неа, особено е важно да создаваме услови најуспешните млади кадри да го остварат својот професионален потенцијал во земјава. На средбата, лауреатите информираа за нивните професионални планови, ги изложија своите критички видувања за состојбите во државата, а особено во високото образование, укажувајќи на потребата од подобри услови за работа и професионален развој на инженерите, како претпоставка за нивно задржување во земјава. Во бурната дебата се предложи унапредување на законската рамка за високото образование, во смисла на посоодветна евалуација на исклучителните успеси при изборот и вработувањата на универзитетите, како и навремено обезбедување подмладок и соодветен кадровски потенцијал, односно избегнување на генерацискиот вакуум. Беа отворени низа прашања и предложени соодветни одговори за: јавната архитектура, како значаен сегмент од уредувањето на просторот и создавањето квалитетна средина за живеење; дата центрите, односот кон завршените, но не и ефектуирани проекти; лоцирањето фото-волтаици на плодно земјиште; забрзаниот одлив на најдобрите македонски инженери и други врвни кадри во соседството. На средбата се разговараше и за перспективите на дигиталната агрономија. Инженерката од областа на агрономијата ја истакна важноста на примената на современите дигитални технологии во земјоделството и можностите што оваа област ги отвора за младите, особено за зголемување на приносите во оваа дејност со оглед на тоа дека државава има голем потенцијал за развој на оваа област. Се укажа на нужноста за премин и апликација на европските стандарди (еврокодови), во државната регулатива и македонската пракса. Министерот Андоновски ја објасни офанзивата на дигитализацијата, а претседателот на Комората, Метикош, упати покана за експертски настан за примената на стандардите, којшто ќе се одржи на крајот на септември. Младите инженери посочија дека се спремни да прифатат професионални позиции во земјава и превземање одговорност за нејзиниот технолошки развој. На крајот од разговорот, претседателката Сиљановска-Давкова предложи воспоставување база на добитниците на признанието „Инженерски прстен“, која би овозможила подобро поврзување на успешните инженери и нивно вклучување во развојни процеси и проекти во различни инженерски области. Таа, уште еднаш потенцираше дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и апликативниот технолошки процес е важна заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница. "Доколку сакаме развиена држава, мораме да им дадеме простор на младите инженери да создаваат тука", истакна Претседателката, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
СветПратеник од владејачката партија во Мексико е пронајден мртов со прострелна рана Член на Конгресот од владејачката партија во Мексико, Морена Зенјазен Ескобар, беше пронајден мртов од прострелна рана во источната држава Веракруз .Член на Конгресот од владејачката партија во Мексико, Морена Зенјазен Ескобар, вчера беше пронајден мртов од прострелна рана во источната држава Веракруз, помалку од една година пред локалните и федералните избори. Зенјазен Ескобар, претставник кој ја претставува крајбрежната држава, каде што се наоѓаат нафтените комплекси, беше пронајден мртов во својот автомобил со најмалку една прострелна рана. „Истрагата е во тек“, изјави државната обвинителка Лисбет Хименез за новинарите, без дополнителни детали. Генералниот секретар на Веракруз, Рикардо Ахуед, изјави дека нема видливи знаци на насилство во возилото на претставникот. Долниот дом на мексиканскиот Конгрес изрази сочувство до семејството и пријателите на Ескобар и ги повика судските власти да спроведат „темелна истрага на фактите“. 🚨🚨🚨-Veracruz- No cuesta tanto trabajo, y otros Policías podrían aprender, la Mujer Policía le dijo a un reportero "si me da permiso, por favor" para poder reajustar el área de la escena del crimen. Buscan minimizar el asesinato del diputado federal Zenyazen Roberto Escobar… pic.twitter.com/b2dMbFfBrH — Eco_1_LVM (@Eco1_LVM) September 4, 2026 Пред изборите Смртта се случува во време кога Мексико се подготвува да одржи избори на 6 јуни следната година за градоначалници, државни законодавни тела, градски совети и гувернери. На претходните избори имаше инциденти на насилство во различни региони поврзани со организирани криминални групи кои се обидуваа да ги присвојат политичките личности и да ја консолидираат територијалната контрола. Според организацијата за човекови права „Дата Сивик“, само во јули имало најмалку 30 инциденти на „политичко-криминално насилство“ во 11 мексикански држави, од кои 14 биле убиства. Државите со најголем број регистрирани случаи биле Сакатекас со 10 случаи, Мичоакан и Кинтана Ру со по четири, Оахака со три и Баха Калифорнија и Веракруз со по два. Националното изборно тело ИНА предупреди дека организираниот криминал претставува една од најсериозните загрижености за демократските процеси.Тагови: Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАнсамбл Студио Фолклор ја претставува Македонија во Бразил, гласајте за поддршка на нашите играорци Во периодот од 2 до 9 септември, во градот Нова Прата во Бразил се одржува 22. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал од натпреварувачки карактер — престижна светска сцена на која оваа година, за првпат, настапува ансамбл од Македонија. Наш претставник е Ансамбл Студио Фолклор од Скопје, кој со гордост ги носи македонската традиција, ритам и културно наследство пред меѓународната публика. Фестивалот во Нова Прата веќе четири години по ред се вбројува меѓу петте најреномирани фолклорни фестивали во светот според светската фолклорна федерација ФИДАФ. Годинава на сцената се претставуваат ансамбли од повеќе земји, меѓу кои и професионални фолклорни состави од Чиле, Словачка, Колумбија, Галисија, Шпанија, Парагвај, Бугарија и Македонија. Ансамбл Студио Фолклор ќе се претстави со повеќе кореографии од различни региони на Македонија, а секоја кореографија ќе биде изведена во оригинална, автентична носија од регионот што го претставува. На тој начин, македонските играорци не носат само танц на сцената, туку и приказна за корените, боите, обичаите и духот на народот. Покрај сценските настапи, ансамблот, како и останатите земји учеснички, ќе има своја вечер посветена на Македонија, на која ќе бидат претставени автентична храна, пијалоци и препознатливи културни обележја од земјата. Тоа ќе биде уште една можност Бразил и меѓународната публика да ја почувствуваат Македонија — преку вкус, звук, ритам и традиција. Настапот на Ансамбл Студио Фолклор е повеќе од учество на фестивал — тоа е достоинствено претставување на една култура, на една земја и на генерации кои ја чуваат македонската игра жива. Македонските играорци ќе застанат рамо до рамо со најдобрите ансамбли од светот и ќе ги бранат боите на Македонија на светската сцена во Нова Прата. Да ги поддржиме овие наши амбасадори на македонскиот фолклор и традиција, да им посакаме успешно претставување и да веруваме дека во Македонија ќе се вратат со силни впечатоци, нови пријателства и, секако, со некоја од наградите на фестивалот. Македонија може да покаже дека стои зад своите претставници и преку гласањето достапно на следниот линк: https://fifnp.com.br/votacao?fbclid=IwcGRvZgNleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZA80Mzc2MjYzMTY5NzM3ODgAAR5nK_CuZrdYsT2CRnOl8sVrWrRtj3-Uzmk0jbl9ylk7fqy2bn9Cv5KBeEEEfw_aem_0qAzIMWhiBhEnr1yTJFQHAКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07