Најпознатите пет фудбалски затвореници!! - Канал 5

Најпознатите пет фудбалски затвореници!!

Во светскиот фудбал познати се неколку случаи кога познати фудбалери поради различни гревови завршувале во затвор. Тие „паѓале“ поради, тепачка, брзо возење, алкохол, мафија...

Најпознатите пет фудбалски затвореници!!

Петте најпознати светски фудбалери која поради различни причини морале да отслужат затворска казна се:

Фудбалерот на Ливерпул Јан Мелби во 1988 година си направил голем проблем во кариерата кога бил фатен како вози автомобил во алкохолизирана состојба. Во затвор морал да помина цели седум недели и тоа во периодот кога бил во врвот на кариерата. Сепак англискиот фудбалски гигант му го простил овој грев и тој бил вратен во тимот.

Легендарниот фудбалер на Арсенал,Јан Рајт пак завршил во затвор само поради тоа што не платил казна. Славниот напаѓач на „топџиите“ од Лондон во затвор минал 14 дена. Инаку казната која Јан Rајт не ја платил била за возење на неосигуран автомобил.

Затворска казна издржал и соиграчот на Јан рајт, една од најголемите легенди на Арсенал, Тони Адамс.

Дефанзивецот на Арсенал бил познат и како фудбалер кој може да издржи многу алкохол. Адамс во една прилика кога направил сообраќајка со автомобилот во крвта му е измерено дури 27 пати поголемо количество на алкохол од дозволеното. Поради овој прекршок Адамс во затвор минал 57 дена.

Подоцна легендарниот англиски фудбалер отворил клиника за лекување на зависности за спортисти.

Голманот на репрезентацијата на Колумбија, контроверзниот Рене Игита во затвор минал дури 7 месеци. Игита во 1994 година го пропушти Светското прветсво поради тоа што бил на отслужување на казна затвор во траење од седум месеци. Имено, славниот голман во една прилика носел 300 000 долари откупнина, колку што барале киднаперите на едно 11 – годишно девојче во Меделин. Киднаперите за добро извршената „работа“ го честеле Игита со 50 000 долари, поради што контроверзниот голман веднаш се нашол на удар на властите а подоцна завршил и во затвор.

Светската фудбалска легенда Џорџ Бест за време на својата последна сезона , во 1984 година морал три месеци да мине во затвор.

Бест бил фатен како вози автомобил во пијана состојба, при контролата тој го нападнал и полицаецот. На Џорџ Бест кој според многумина имал квалитети да стане еден од најдобрите фудбалери во светската историја, се вели дека алкохолот му бил најголем порок, кој на крајот го чинел и живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис.

На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција.

За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда.

На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер