Најпознатиот автомобил на Џејмс Бонд повторно се произведува, цената е неверојатно висока (ВИДЕО)

Астон Мартин го врати легендарниот DB5 во производство по 55 години.

Не е шега. Астон Мартин го стори токму тоа, додека не се двоумеше да ја посочи цената што ќе натера многу луѓе да се зачудат . Ограничената серија е наречена DB5 Goldfinger Continution, што значи дека е креирана во соработка со продукцијата на познатиот серијал за најпознатиот агент на светот.

На „Астон“ велат дека им требале околу 4500 часови работа за секоја копија и ќе произведат точно 25. Цената е исто така позната, и изнесува 2,75 милиони фунти и тоа пред испораката.

Добрата вест е дека ова е одлична инвестиција бидејќи вредноста на овие автомобили сигурно ќе расте со тек на времето. Исто така, сопственикот ќе може да ужива во повеќето додатоци што ги има автомобилот Бонд во филмот Голдфингер од 1964 година.

Освен големиот број скриени играчки, главната останува 4,0 атмосферскиот шестцилиндричен мотор со три карбуратори и 290 КС. Преносот е рачен, со пет брзини и погон на задните тркала. Првите испораки се очекуваат оваа година.

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

притисни ентер