Најпопуларните модели на Нисан преминуваат на струја, прва е Микра

Најпопуларните модели на Nissan наскоро ќе добијат електрични верзии.

За разлика од некои други производители, практиката на Nissan нема да биде исклучиво посебни електрични модели, туку ќе ги користи сегашните имиња за електрификација.

Прв во низата новитети е Micra, кој ќе се нуди во електрична верзија. Сепак, сега знаеме дека и другите модели, Juke, Qashqai и X-Trail, ќе добијат електрични верзии. Тие треба да се појават на пазарот до 2025 година.

Ова го потврди шефот на Nissan за Европа, Гијом Картие, кој за британскиот Autocar изјави дека електрификацијата веќе започнала со лансирањето на хибридот e-Power, а ќе заврши со електричните модели. Тој вели дека компанијата „мора да го искористи“ електричниот погон на Qashqai. Истото важи и за помалиот Juke и за поголемиот X-Trail.

Постојните модели ја користат платформата CMF-B во случајот со Juke лансиран во 2019 година и CMF-CD на кој се базираат другите два теренци. Во иднина, сите овие модели најверојатно ќе се префрлат на архитектурата CMF-EV, која моментално ја користат Nissan Ariya и Renault Megane E-Tech. Во исто време, Juke треба да ја преземе платформата CMF B-EV, која ќе има премиера со новиот Renault 5.

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

притисни ентер