Најплатениот спортист на светот фатен во жешка поза со стриптизета (ВИДЕО) - Канал 5

Најплатениот спортист на светот фатен во жешка поза со стриптизета (ВИДЕО)

Флојд Мејведер е повторно тема на многу британски медиуми, но не поради враќањето  на боксот или за гаражата со скапи автомобили, како што обично се случува.

Најплатениот спортист на светот фатен во жешка поза со стриптизета (ВИДЕО)

Боксерот е фатен како излегува со Ана Монро, една од најпознатите стриптизети во Вегас. Тие наводно се забавувале со месеци, а врската била објавена за време на новогодишната прослава.

Сведоците на настанот за британски Сан откриле дека Мејведер и Монро ги повикале нејзините родители среде новогодишната прослава и на тој начин ја објавиле нивната врска.

Сан објави и видео на кое се гледа како Ана танцува во скутот како да е на своето работно место, а неколку сведоци дале изјави за Сан, тврдејќи дека таа го освоила токму тогаш.

"Се гледаа веќе некое време, но само кога тоа му одговараше на Флојд. Сега Флојд сака ново бебе и сака Ана да биде мајка на тоа бебе", изјавил за „Сан" семеен пријател кој сакал да остане анонимен.

"Ана е родена во Америка, но нејзините родители се од Англија. Таа се пресели во Америка на 22-годишна возраст. Фасцинантно е како ја добила работата. Таа се пријавила за работа во„ Girls Collection", но била одбиена. Кога ја напуштила аудицијата, во ходникот помина покрај Флојд. Следниот ден клубот ја повика да се врати на ново интервју. Флојд Мејведер ја чекаше во клубот со вечера на која тој и рече дека од тој ден е главната стриптизета на клубот ".

Оттогаш се дружат и живеат заедно, а Монро често објавува фотографии од нив од бројни патувања.

На видеото објавено од „Сан“, може да се забележи дека Монро танцува во скутот на Мејведер на песната која ја пее Ники Минаж, а видеото е прегледано милиони пати досега. Не е јасно како снимките протекле во јавноста.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НОБ: „Турандот“ од Џакомо Пучини – грандиозна музика и драматична приказна на 9 октомври

На 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар.

НОБ: „Турандот“ од Џакомо Пучини – грандиозна музика и драматична приказна на 9 октомври

На 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар, препознатливо по својата грандиозна музика, драматичната приказна и незаборавните вокални моменти.

Со изведбата ќе диригира Џанлука Мартиненги од Италија, додека режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако од Италија, чие име е синоним за врвни оперски продукции. Кореографијата е на Саша Евтимова, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во насловната улога на принцезата Турандот ќе настапи Николина Јаневска, додека улогата на Калаф ќе ја толкува гостинот од Кина, тенорот Ѕ-Жао Гуо. Во улогата на Лиу ќе настапи Биљана Јосифов, Тимур ќе го толкува Игор Дуловски, а во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Никола Стојчевски, Јане Дунимаглоски, Диме Петров, Марјан Николовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив по широките, експресивни мелодии. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најпознатите во оперската литература – „Никој не спие“ („Nessun dorma“).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицина

Нобелова награда за медицина  попладнево добија тројца научници за откритија во оптогенетиката.

Тројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицина

Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им е доделена на научниците Карл Дајсерот, Питер Хегеман и Георг Најџел.

Нобеловата награда за медицина денес им беше доделена на Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за истражување на мозочната активност што опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Добитниците на наградата беа објавени на Институтот „Каролинска“ во Стокхолм, со што започна неделата на доделување на Нобеловите награди, пренесува АП.

Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони долари.

Нобеловиот комитет ја пофали работата на тројца научници на откритија поврзани со оптогенетиката, која овозможува активирање или деактивирање на активноста на поединечни нервни клетки во живиот мозок.

„Овој метод сега се користи во лаборатории ширум светот за да се откријат тајните на мозокот“, напиша Комитетот на мрежата X.

Хегеман и Нагел открија протеин познат како каналродопсин, пред Дајсерот „да го претвори тој протеин во прекинувач за нервни клетки управуван со светлина“, објасни Нобеловиот комитет. Нивната работа ги постави темелите за нова ера во невролошките науки, додаде Комитетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува

Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.

ВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува

Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче.

Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега?

Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано?

И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот?

Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче.

Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало.

Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник.

Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел?

Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи.

Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер