Најново оружје на американската морнарица : Со ласер може да урне авион во лет (ВИДЕО)

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Тоа е високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион среде лет.

Американците објавија фотографии и видеа од тестирањето на новото оружје што уништува беспилотно летало среде Тихиот океан. Системот што го тестираат го нема никој друг во светот како оружје против борбени авиони, се вели во соопштението на американската морнарица.

Тестирањето е направено пред една недела, и иако не е сигурно која е моќта на ласерот, уште во 2018 година, Меѓународниот институт за стратешки студии во извештајот забележа дека ласерот треба да има моќност од 150 киловати.

„Со ова ново напредно оружје, ќе го редефинираме водењето борби на вода за морнарицата на САД“, рече Кери Сандерс, командант на морнарицата во Портланд.

притисни ентер