Најновите македонски филмски остварувања на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси - Канал 5

Најновите македонски филмски остварувања на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси

 Дваесет и четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, прави посебен фокус на најновите македонски филмски остварувања.

Најновите македонски филмски остварувања на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси

За време на фестивалот во уметничката галерија на градот ќе биде отворена и изложба на фотографии на Браќата Манаки.

Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, чиј претседател и главен селекционер од 2013 година е Тони Гламчевски, познат во јавноста како дописник од Франција за повеќе македонски медиуми, годинава прави посебен осврт на новите текови во балканската кинематографија. Ќе бидат претставени филмови од Македонија, Грција, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Вечерва на свеченото отворање на фестивалот во рамките на престижната селекција „Под ѕвездите“ ќе биде прикажан филмот на Ѓорче Ставревски „Исцелител“ инаку македонско-грчка копродукција, селекција во која наградата ја доделува публиката.

Во истата селекција, фестивалот го прикажува и најновото остварување на Владимир Блажевски „Година на мајмунот“. Со филмот на Блажевски, на кого ова му е француска премиера ќе биде затворен фестивалот на 2 септември.

Документарниот филм „Со љубов“ на Илија Цветковски, заедно со уште десет други филмови се најде во натпреварувачката селекција на Европскиот документарен филм.

На фестивалот во Нанси во рамки на делот посветен на новите текови во кинематографијата од Балканот, ќе бидат прикажани уште седум македонски краткометражни филмови. Најпрво филмот „Еклер”, работен по сценарио и режија на Марко Ѓоковиќ, кој минатата година на 23. издание на Меѓународниот филмскиот фестивал во Нанси освои Гран при за најдобар среднометражен филм. „Еклер” е приказна за синот на готвачката во Маршаловата вила, кој по десет години конечно добива шанса да ја вкуси забранетата храна.

Понатаму во серијата на македонски краткометражни филмови ќе бидат прикажани „Цут Хере“ во режија на Кристијан Ристески, продукција Вертиго Визуал, „Последните камбани“ во режија на Николче Поповски, продукција ДНФ Филм, „Железна приказна“ во режија на Златко Калеников, продукција Стримон Филм, Амби“ во режија на Марија Апчевска, продукција Касар Филм, „48“ во режија на Владимир Митревски, продукција Дтим Фактори и „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, продукција Круг Филм.

Изборот на краткометражните филмови беше направен во потесна соработка и на предлог на Агенцијата за филм на Република Македонија и ова е всушност, можеби едно од најголемите претставувања на македонските филмски реализации во странство во последниве неколку години.

Во рамки на фестивалот ќе биде отворена изложбата на „Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ од авторот Роберт Јанкулоски.

Изложбата, која по Нанси, дел ќе биде пренесен во Париз, а потоа и во Епинал во рамките на 502 годишнината од одбележувањето на збратимувањето на градот Битола со Епинал, веќе еднаш беше презенирана во Меморијалнито музеј во Каен, Нормандија. Изложбата содржи 101 фотографија од браќата Манаки репродуцирани со дигитализирање и обработка на стаклените плочи кои се чуваат во Подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Битола.

Фотографиите се од периодот 1905 - 1936 година, а го прикажуваат животот во Битола за време на Првата светска војна, но и на француските војници кои во тој период биле таму.

Авторот Роберт Јанкулоски, професор по фотографија и директор на Македонскиот центар за фотографија, со оваа изложба го заокружи своето 20-годишното истражување на фотографското творештво на браќата Манаки.

Изборот на изложбата од браќата Манаки со совпадна со тематиката – Фокус Балкан, и пред се Границите – кои делат или се можност за размена, посебно ако се знае нивната животна приказна.

Повторното претставување на изложбата на МФФ во Нанси, беше реализирано во тесна соработка со Амбасадата на Република Македонија во Франција, Општината Битола, НУ Завод и Музеј Битола, Македонскиот центар за фотографии, помогнато од Министерството за надворешни работи и Министерството за култура на Република Македонија.

Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, е фестивал од општ карактер, на кој редовно во последниве десетина години се прикажуваат филмски остварувања на македонски автори. За годинашново издание на фестивалот конкурираа 3000 краткометражни и околу 500 долгометражни филмови. Од пријавените филмови беа селекционирани 150 и за деветте дена на фестивалот ќе има над сто проекции, концерти и траклезни маси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РТС не емитува Дневник 2 во 19.30 часот- тоа не се случило ниту во војната

Радио Телевизија Србија вечерва беше известена дека во објектите на РТС се поставени бомби, по што работниците веднаш ги напуштија зградите.

РТС не емитува Дневник 2 во 19.30 часот- тоа не се случило ниту во војната

Дневник 2, кој се емитува секој ден во 19:30 часот, вечерва не беше емитуван на време, а РТС 1 објави дека на телевизија е пријавена бомба, објави Телеграф.

Според извештаите, контакт центарот на РТС беше известен во 18:42 часот дека е поставена бомба. Единиците за контрасаботажа на Министерството за внатрешни работи моментално проверуваат објекти во Таковска, Абердарева, Радио Београд и Кошутњак.

По завршувањето на проверката, Дневник 2 беше емитуван во 19:52 часот.

- Емитуваме со задоцнување поради лажна пријава за бомба. Јас сум Мирко Михајловиќ - рече водителот на почетокот на Дневникот.

Осум уредници на РТС се отпуштени

Да потсетиме дека според одлуката на в.д. Главниот уредник на вестите на РТС, Боривоје Ускоковиќ, беше разрешен од должноста од страна на уредниците на дописничките канцеларии, регионите, емисијата „Око“, веб-страницата и дијаспората, како и уредниците на централните вести во 19:30 часот.

Како што беше објавено на веб-страницата на РТС, беа разрешени уредниците на дописничките канцеларии Весна Шиљеговиќ, на регионите Николина Ракиќ, на „Око“ Горислав Папиќ, на веб-страницата Зоран Станојевиќ и на дијаспората Сузана Гвозденовиќ.

И уредниците на централните вести во 19:30 часот беа разрешени: Милица Недиќ, Душан Убовиќ и Ружа Јеремиќ Турудиќ.

Претходно, Мања Грчиќ поднесе оставка од Одборот на директори за функцијата генерален директор на Радио и телевизија на Србија.

Пред да поднесе оставка, таа ја разреши Бојана Младеновиќ од позицијата главен уредник на Вестите и му предложи на Боривоје Ускоковиќ да ја преземе таа позиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден Италијанец загина во падот на воен хеликоптер кај Брчко, 11 се повредени (ВИДЕО)

Уште едно лице повредено во падот на хеликоптер на ЕУФОР во градот Горице во близина на Брчко почина, со што бројот на жртви во оваа несреќа се искачи на четири.

Уште еден Италијанец загина во падот на воен хеликоптер кај Брчко, 11 се повредени (ВИДЕО)

Хеликоптерот се урна денес околу 16 часот за време на рутинска операција во областа Брчко, соопшти ЕУФОР. Три лица загинаа на местото на несреќата, додека 12 се повредени. Според досегашните информации, сите жртви се италијански државјани, објави Аваз.

Директорот на Јавната здравствена установа „Здравствен центар Брчко“ Јасмин Механовиќ претходно изјави дека едно од повредените лица е во животно загрозувачка состојба и дека најверојатно ќе биде префрлен во Универзитетскиот клинички центар Тузла.

Градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ, изјави за RTRS дека неколку лица се во критична состојба меѓу повредените. Според него, сите повредени прво биле лекувани во локална болница, по што биле транспортирани во други здравствени установи во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Не прифаќам политички флоскули, ќе продолжи борбата против корупцијата, допрва ќе следат процеси за некои постапки во минатото

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија вели дека обвинувањата за корупција треба да бидат поткрепени со конкретни докази.

Мицкоски: Не прифаќам политички флоскули, ќе продолжи борбата против корупцијата, допрва ќе следат процеси за некои постапки во минатото

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија вели дека обвинувањата за корупција треба да бидат поткрепени со конкретни докази, наместо да се користат како политички флоскули, нагласувајќи дека Владата е посветена на конкретна и бескомпромисна борба против корупцијата.

„Каде има корупција? Еве нека ни кажат, имате ли вие доказ дека има корупција или тој што вели дека има? Кој е извештајот од Европската комисија каде што велат дека има корупција? Еве сега ќе имаме нов извештај, којшто треба да пристигне за напредокот на земјата, еве да го почекаме да видиме. Второ, тој којшто пријавил корупција и бил дел од процесот, тој што барал корупција е уапсен. Не се само двајца директори, има повеќе. И ќе има уште ако продолжат, еве и денеска имаше една таква акција којашто е поврзана со борба против корупцијата. Се спречи шверц на цигари којшто траел со децении и тоа е само почетокот на таа истрага, допрва ќе следат други докази поврзани со високи функционери на некои од минатите влади што се занимавале со шверц на цигари“, вели тој.

Мицкоски упати јавен повик до граѓаните да пријавуваат случаи на корупција, најавувајќи и соработка со меѓународна организација. Притоа, нагласи дека на секој што ќе пријави корупција ќе му биде гарантирана дискреција, додека секој за кого ќе се докаже дека е корумпиран ќе мора да понесе одговорност.

„Јас јавно ги повикувам граѓаните, а наскоро ќе имаме и прес-конференција со меѓународна организација, онаму каде што има корупција јавно да пријават и да постапуваме. Не прифаќам политички флоскули само дека има корупција. Добро, но дајте да ја пријавиме“, истакна Мицкоски и порача дека сака да е првиот човек кој ја уништил корупцијата.

„Јас сум прв противник против корупцијата. Сакам да бидам човек којшто ја уништил корупцијата. Ајде заедно сите, и тие што ги кажувате дека напишале во извештаите, не да пишуваат постои сомневање, дајте доказ. А јас ви гарантирам дискреција дека нема влакно да ви фали, а тој што е корумпиран ќе одговара“, дециден е Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер