Најнасилниот британски затвореник ја запроси својата девојка на Валентајн - од затвор! - Канал 5

Најнасилниот британски затвореник ја запроси својата девојка на Валентајн - од затвор!

64 годишниот Чарлс Бронсон на колена ја запроси актерката откако таа го посети во затвор.

Најнасилниот британски затвореник ја запроси својата девојка на Валентајн - од затвор!
Бронсон кој е во затвор под бројни обвиненија за кражби со оружје и насилство, се спушти на колена и ја запроси 36 годишната Пола Вилијамсон која го посети во затворот. Актерката која досега настапила во неколку сапунски опери за „The Sun“ изјави дека е многу вљубена во Бронсон.

- Сум имала врски и со мажи и со жени но никој не дошол ни близу до мојата љубов што ја имам за Чарли. Тој е многу ексцентричен, но таква сум и јас. Ние сме идеален пар! Знам дека во јавноста е познат како насилен затвореник но во реалноста е сосема поинаков. Тој не може да ги промени работите што ги направил во минатото, но силно работи на тоа да го остави сето тоа зад себе - изјави Пола.

Чарлс Бронсон за прв пат бил затворен во 1974 година. Вкупно во затвор поминал 41 година. Неговата казна се зголемува поради бројните напади над другите затвореници и земањето на луѓе во заложништво.

Bronson pictured outside the High Court

Британските таблоиди пренесуваат дека Бронсон замислил поромантичен начин за да ја запроси својата девојка - сакал да и испртаи прстен дома, и да и се јави по телефон да и испее серенада.

Но, прашањето сепак го поставил за време на нејзината посета во затворот.

За озлогласениот затвореник кој поради проблемите што ги прави во затвор поголемиот дел од времето го поминува во самица, во 2009 беше снимен и филм, со Том Харди во главната улога.



Image result for Tom hardy movie charles bronson

Чарлс Бронсон е роден како Мајкл Питерсон. За прв пат отишол во затвор во 1974 година, на 21 година, за кражба до оружје. Бил осуден на 7 години. од тогаш тој животот го поминува во 120 затвори, а на слобода е вкупно само 141 ден! По едно од повеќето киднапирања кои ги извршил, осуден е на доживотен затвор.

Во 2014 тој своето презиме го сменил во Салвадор, во чест на уметникот Салвадор Дали...



She was seen wearing a necklace which said 'Salvador', the surname Bronson is now going by in tribute to artist Salvador Dali


Во целата бркотница, Чарлс успеал два пати да се ожени и да се разведе. Првиот брак со Ирене Бронсон траел 5 години, до 1977 година, а вториот од 2001 до 2005, со Фатема Саира Реман од Бангладеш, со која се запознал преку писмо и поради која на кратко ја сменил верата!

/извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер