Најмоќниот електричен БМВ ќе има речиси 1.400 КС - Канал 5

Најмоќниот електричен БМВ ќе има речиси 1.400 КС

Во BMW сѐ повеќе се свесни дека електричната иднина е неизбежна, но и дека мора да подготвуваат конкурентни производи.

Најмоќниот електричен БМВ ќе има речиси 1.400 КС

Освен што не се откажаа од најевтините модели и ќе го задржат своето присуство во компактниот сегмент, BMW открива како се развива цела линија на нови модели. Сите тие се собрани под терминот Neue Klasse, а на пазарот ќе почнат да излегуваат од 2025 година.

Директорот за технологија на BMW, Френк Вебер, открива дека нивната „нова класа“ ќе биде значаен „технолошки пробив“, особено во областа на батериите. BMW на тој начин ќе користи цилиндрични ќелии со 20% поголем енергетски капацитет, 30% поголема ефикасност и до 30% поголема брзина на полнење.

Сето ова треба да донесе до 30% поголем досег. Магазинот за автомобили исто така открива дека моќноста на погонските мотори ќе биде во опсег од 202 kW (275 КС) до 1013 kW (1378 КС). Капацитетот на батеријата, во зависност од моделот, ќе се движи од 75 до дури 150 kWh, а технологијата од 800 волти ќе овозможи брзо полнење.

Една минута полнење ќе значи домет од 50 километри, а максималниот домет треба да биде над 600 километри. Акцентот ќе биде ставен на аеродинамиката и намалувањето на отпорот, сѐ со цел да се минимизира потрошувачката на енергија. Истовремено, Вебер најавува радикални промени во дизајнот, кои наводно треба да обезбедат и до 25% подобра аеродинамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот СУВ на „Xiaomi“ со повеќе од 100.000 резервации

Новиот SUV на Xiaomi веќе има повеќе од 100.000 резервации .

Новиот СУВ на „Xiaomi“ со повеќе од 100.000 резервации

Xiaomi се подготвува да ја прошири својата понуда на возила со серијата „SkyNomad“, која моментално опфаќа два големи SUV-модели опремени со систем за продолжен досег.

„SkyNomad N90 Max“ е позициониран како голем SUV со седум седишта, погон на сите тркала и систем за продолжен досег, дизајниран за семејни патувања на долги релации.

Тука е и „SkyNomad N70 Max“, позициониран како SUV со пет седишта и погон на сите тркала – исто така со систем за продолжен досег – наменет за секојдневно патување и удобност при возењето.

Подот на возилото е рамен. Предните седишта можат да се ротираат за 180 степени, додека вториот ред располага со седишта што можат да се преклопат.

Двата кросовери се базирани на новата платформа „Kunlun“ на Xiaomi и користат електричен погонски систем со продолжувач на опсегот.

Врвниот модел е „Xiaomi SkyNomad N90 Max“; со должина од 529 сантиметри, тој е опремен со два електромотори – кои испорачуваат 286 КС на предната и 136 КС на задната оска.

Батеријата се полни со помош на 1,5-литарски турбо-бензински мотор со моќност од 154 КС.

Вкупниот досег со користење и на електрична енергија и на бензин изнесува 1.500 километри според стандардот WLTP. Капацитетот на батериите кај моделите N70 и N90 се движи од 52 до 76 kWh, во зависност од верзијата, што овозможува досег на електричен погон од 460 до 500 километри.

Максималната брзина е електронски ограничена на 190 km/h, додека моделот N90 забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди.

Кога батеријата ќе се испразни, сите модели постигнуваат потрошувачка на гориво од само 5,7 литри на 100 километри според стандардот WLTC. Системот за потпирање е независен на сите четири тркала и вклучува воздушно...

Планирано е овие модели да пристигнат и во Европа, почетната цена во Кина изнесува 33.000 евра за N70 и 38.500 евра за N90, пренесува Revija HAK.

Тоа е неверојатно ниска цена за голем теренец (SUV) со должина од над пет метри. Цените во Европа сигурно ќе бидат повисоки, но неизбежно се поставува прашањето како европските премиум конкуренти ќе можат да му парираат на ваков модел.

Кинескиот медиум „Cailian“ известува дека Xiaomi веројатно надминал 100.000 нарачки во претпродажба за својата почетна линија на возила SkyNomad EREV за само девет дена, при што поголемиот модел N90 се покажал како попопуларен меѓу купувачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа

Министерството за здравство ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. 

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа

Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи.

Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и документација.

Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

Оттука, сметаме дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите. Наместо политички квалификации и прес-конференции, потребно е да им се овозможи на надлежните институции непречено да ја завршат постапката.

Министерството ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно. Наши приоритети остануваат функционалниот здравствен систем, заштитата на здравјето на граѓаните и целосното утврдување на фактите врз основа на докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Чакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. 

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош.

Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24.

Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер